Зависи како им е денот натрупан. Една другарка се шминкаше вон сезона на свадби и матурски и беше многу задоволна и многу убаво изгледаше. Друга другарка се шминкаше во екот на свадбите. Девојката што ја правела каснела пола час, во 7:00 наутро веќе се собрале 3-4 девојки за шминкање, во салонот било многу валкано, четките не испрани. Шминката и беше ок, освен коректорот под очи кој беше многу сув и и распука, а фризурата не и траеше цел ден. Така да, ако не се шминкаш во месеците на свадби, апсолвентски, матурски супер е за цената.
Значи да не закажувам пошто ќе биде сезона на матури тогаш. А има некој искуство со Арт Студио Естетика?
Читав едно девојче имаше напишано дека закажала кај нив за матура , ја примиле подоцна( мноогу чекала) за 5 мин и нашлакале на лицето шминка и на крај локните пребрзо и пуштиле .. ова не е прв случај да слушнам дека се жалат од нив .. Сакаат да работат многу а немаат време и примаат преку ред и после хаос се праи.. тотално непрофесионално..
Да и ја слушнав така за нив, ама не знам на сликите колку што гледам убаво се нашминкани. Исто ми ја препорача другарка ми mimozasbeautyroom има некој искуство или мислење за нејзе?
Убаво шминкаат . Јас бев презадоволна, квалитетни шминки, се тоа ок. Уште да не ме спремаа од 8 до 12 супер ќе беше. На денот на свадбата сите гости од моја страна седнати ме чекаат, јас каснев во кошула, фармерка и патика со вел на глава им се појавив. Ме гледаа како од Марс падната. Ми се завлече цел ден. Ако ги бирате за сопствена свадба, не... Сега и поскапени се. Невестинска беше 4000ден, сега е 6000ден. Обична (ништо поразлично од ова погоре) од 1200 на 1500ден.
Девојчиња предложете ми некое студио во близина на Центар или Карпош со пристојни цени? Сакам поедноставна шминка за сликање за табло.
женски препорачајте ми добар шминкер во Битола.Во белеза прашав немаат термин.Ангела Видановска ја гледав добра е. И за фризура препорачајте ми
Ангела е добра,исто така и во Кала парфимерија во старата чаршија шминкаат убаво и би ја предложила Ајтен. А за фризура Гламур.
Во стара чаршија се наоѓа,мислам дека имаат фб ако најдам ке ти постирам линк. А, Ајтен земала 500 денари за шминка така ми имаат кажано.
devojki sakav da ve prasam za matura koi sminkeri/frizeri bi mi gi preporacale...jas ne sum mnogu po toa taka da nezz veke skoro cel forum go procitav nemozam sama da se odlucam zatoa sto i tie so se dobri sminkeri/frizeri procitav deka i tie imaat po nekoja mana i da znam site luge imaat mani ali pak..vi blagodaram odnapred
Здраво...Сега сум полуматурантка па да ми препорачате каде би можела да ме нашминкаат стварно професионалци, ии флизура исто така да ми направат а да е стварно добро, без разлика на цената не сакам нешто посебно колку да ми се покријат неколку недостатоци.. Фала однапред