Цаци Паковска да ја ставите на комплетен игнор! Ме шминкаше за матура, излегов како на Каспер да сум му партнерка!!! Врска нема! Тетка ме направи и неможев гримаса да направам низ гипсот од шминка што ми го стави на лицето! Ми наплати 2000 ама беше жива катастрофа! ЗНачи само ако идете на снимање пред рефлектори, или за маскенбал евентуално може да се упатите кај дотичнава... А во Студио Ин...Бившо студио ин, сеа е плус сергеј ор самтинг, кај нив се шминкав редовно кога работев у канал 5 и за шминка пред камера се профи, али ужасно се спори девојките, онака, губиш 2 саати за пудра маскара руж и кармин да ти стави... Не се нешто којзнае што, али од Паковска се неколку зилиони светлосни години понапред, онака у дошпир се со бои, знаат кој бр пудра да ја користат Ужасната сум од ѓминкери у скопјево, а ќе ми треба за свадба во јуни... ако имате некои корисни сугестии, лп дечки ауфидерзен *
Јас па имам слушнато негативни зборови за Ека. Шминка едно исто секогаш, иста техника, нема креативност. Најголемата критика ја имам слушнато од матурантка која кога отишла кај Ека и рекла да ти кажам што ќе носам? Ека рекла немора не ми е битно Плус Ека и ставила црвен кармин на противење на девојчево, не сакала да и го избрише. Ок била шминката издржала, ама непрофесионален е односот на Ека. А јас не сум се шминкала кај професионалец, не дека не би, ама тоа ќе биде нешто ефтино кај некој малски или така нешто. Добро сеа свадба моја, сестра ова она тоа е веќе друга приказна тука не се штеди. Мене ми е многу побитна облеката и чевлите и акцесорисот, него професионалната шминка. За мојата матура 5 девојки дали беа шминкани, сеа резил е сам да се шминкаш, а оно полуматурантките дома не се шминкаат Јас да фрлам 1500 за 4 саати на некоја свеченост или свадба кај понеблизок ма нема шанси! Со тие пари ќе си купам балетанки или сандали ќе ги носам 5 години. А уште па Дадар 4700, ало морген. Не знам дали јас сум изрод ама цениве ми се изгор. Изгледа изрод сум!
За 8 дена треба да ме шминка еден професионален шминкер тука кај нас во Прилеп за еден настан и сега прашањево ми е : Дали јас треба лично да му кажам како сакам да ме нашминка или да го оставам како што мисли тој .. јас совршено знам која шминка ми прилега но сепак ..незнам како да направам Инаку се работи за една фотосесија ..хелп
Секој човек е суетен,посебно овие каде што одиш за разубавување.И јас сум слушнала секакви коментари за Дадар,ги правел сите исти,Сергеј не знам што,но јас кажувам мислење од мое лично искуство,Мене Ека ми остави многу позитивен впечаток,баш е непосредна и љубезна. Секој има право да си каже што мисли и сите имаат различни искуства. Пример само кажувам.За блиска свадба,требаше да правам фризура,и Дадар да ме шминка,па си реков ајде се заедно на исто место,не ќе шетам од едно на друго место.Ми рекоа на Дадар фризерите не биле добри,ама јас бев позитивно изненадена.Едно детенце од 17 год.мислам беше,ми направи најубава фризурадо сега.Така да нема правила.
Сергеј си ја знае работата ама не е професионален, и зависи во каквите ке го начекате. За свадба ме шминкаше и бев одлично средена ама кај него е се со задоцнување. Значи една невеста не средил на време. Закажувајте си барем два часа порано од планираното. Повеке сум задоволна од Љупка Арсовска (Essence), т.е. бев задоволна порано. Повторно не е во прашање шмикнањето туку односот. Шминка како што ке и посочите а и да се препуштите на неа ке ве среди одлично. Имам многу ситни очи и преферирам јака шминка, ме има направено топ. Последен пат закажав за роденденот на синчето кое е родено на карактеристична дата. Убаво си прашав дали ке работат и прашав и за цена, значи се беше договорено. Кога отидов, Љупка демек на снимање е (празник, -20 беше и нема шанса на тој ден да работи некој, не па снимање да има) туку немаше никој друг закажан па ја мрзело да доаѓа само за мене. А јас уште не сум од Скопје, специјално се летнав кај неа за шминка. Детето што работи тамо ме праша дали сум сакала тој да ме нашминка - како да имав друг избор во 5 до 12 и ме мачкаше. Ни приближно како Љупка, има уште многу да учи, што пак мислам дека не се учи туку е дарба. По телефон ми рекоа шминкање 1000-1500 зависно од трепки дали ке ставам и какви а на крај детето ми наплати 2000 без трепки, му кажале дека е покачена шминката. Кога сме до Essence, фризерка (самоука) е сестра и Мила и воопшто не сум задоволна од неа. Единствено што знае е да витка коса со таа преса. Сопругот го шишаше и му направи дупка позади на главата
Среќа што не си го пишала ова пред некое време, инаку ќе ме извадеше од памет. Пред одредено време, исто така на незгоден датум правев свадба и шминка и фризура правев во Есенце. Најголема грижа ми беше дали ќе се појават шминкерката и фризерката толку рано наутро. Сонував кошмари дека нема да дојдат и слично . На денот на свадбата кога видов дека објектот е отворен си реков сега свадбата може да почне Инаку од фризурата и шминката бев задоволна. Косата ми беше добра, современо собрана и ми одговараше на ликот а и за шминката немам коментар. Едно што сите ме бендисаа ама и ми издржа до касно вечерта, не мрдна воопшто. поздрав
Дефинитивно Дадар, тетка ми ја правеше за свадба и баш и ја истакна убавината и цртите. Преубава беше
Јас од тие што сум презадоволна се сергеј и ека. е сега сергеј работи добро ама само кога сака не му се знае.. кај ека сум била 3 пати многу е добра професионална и тоа што ке и кажам тоа ке ми стави... се разбира може да ми даде совет како професионалец бидејки си ја знае работата ама никогаш не идела против моја воља... ека е супер.. мој дефинитивен избор.. и многу е креативна кој што сака нека каже
Ме има Дадар шминкано, човекот шминка убаво, нема збор, но за на спот/камера/фотографирање. Не ме бендиса тоа што имав на себе МНОГУ шминка, количински. А јас многу сакам да се шминкам, но не сакам шминка. Цел живот се шминкам варијации на тема nude makeup, да не се ни познава дека имам шминка на мене. Иначе за убаво, убаво. Плус тоа што му реков, точно тоа го направи. Талентиран си е дечкото и мнооогу, многу е фин, мил е едноставно.
За тие од Охрид: http://www.facebook.com/pages/Makeup-by ... 5639784256 јака е типкава, лично не сум била, ама сликите се доволен доказ. За мојата свадба би!
Мене Дадар ме шминкал многу пати...За ТВ, фотосесии, за на свадба еднаш ме има шминкано и сум многу задоволна...прекрасен е типот !
јас сум презадоволна од Лидија Перчинкова. Шминка совршено, а користи шминки од Dior, Lancome, Chanel... шминкањето кај неа е 1500 ден.
Никогаш не сум почуствувала потреба да одам кај професионален шминкер, секогаш сама си се шминкам и што е можно помалку. но дека има талентирани поединци кој чуда прават има тоа никој не може да го оспори. Можда некогаш и би посетила професионалец но сега за сега не пс дадар колку и да е фин и добар абе ептен ми е педерастичен човекон
Дефинитивно Дадар е најдобар. Ја има таа способност со шминката да го извлече и истакне најдоброто од лицето на секоја жена. И плус тоа целокупниот резултат делува природно. За квалитетот со производите кои работи и не станува збор
Дадар и природно...пффф...Многу одвратно ми шмика,пресилно и сите ги шминка исто.Со тоа дречавите руменила и кармини,седефаста јака шминка,не благодарам.Седеф признавам само на образи,нежно слеан со руменилото,ама на очи,само ако се работи за неутрална шминка,се останато ми е неприфатливо и одвратно ми е што на темна девојка става розев кармин,па сега секое второ девојче го гледам со устата на толкава со розев кармин се шлапа. Промашај тежок и скорашен,не знам како се прелажав...
не и мене не ми се допаѓа дадар... многу јако шминка и никогаш не знае да погоди пудра... дефинитивно само ека ја признавам..