Студио Мина најкатастрофално студио што подтои само што влегов ме испомачкаа со нелаков прајмер со голи раце не ги ни измија а претходно фаќаа свашта ниедна четка и бјути блендер не им беа измиени шминкаат со шминки од битпазар ми ставија 3-4 нијанси потемна пудра портокалова иако цело време им викав да ме осветлат, имам плави веѓи реков да не ми ги цртаат тие ми ги направија црни, барав природна шминка со неутрални сенки малку пудра и контура колку да се изедначи и црвен кармин, а добив розев леплив СЈАЈ, црна сенка на очи и неизблендани "контури" поточно нешто портокалово испомачкано и покрај тоа што барав поправки и сакав природен изглед ми се докажуваа дека така се шминкало а не ја ко шо барам, навистина дрзок однос имаа многу ако сакате да фатите инфекција на очи и бубулици со шминка од битпазар- тогаш ги пфепорачувам! Мастери се за тоа.
Se farbav tamu znam za sto zboris haha gi pokacile ocigledno mene plavata gazdarica koga bev mi kaza 800 ili ne sme se razbrale dobro * se farbav vo april
Да во право беше, но јас под тоа мислев дека шминкаат баш како што сакам нежно со природни истакнати црти, а не масакар и против твоите барања...
Незнам дали е прашањево за тука, дали некој одел на обука за шминка во студио арт во скопје, како е задоволен и која цена е курсот?
Здраво девојки, Дали можете да ми препорачате некој што навистина добро шминка и шминката би издржала цел ден но, да не биде пренападна. Разгледував слики од Даниел Николовски па искуства ако може за него или некој друг?
Еј баш ме изнанади со пишуваново. Дури незгодно ми падна пошто јас пишав дека е добра. Не сум била некое време ама па до толку да се уназадиле...Факт е дека ни сите исто не има се допаѓа ама ова твоево е страшно Имам свадба во Септември па ќе видам како ќе поминам јас. Не разбрав сако кој те шминкал зошто јас колку што знам само Мина шминка и нема никој друг.
Дали има некое студио што работи во недела и што не шминка како сите такозвани мејкап артистс по шаблон - лош контур на чело, златен хајлатер сегде, дебел туш и страшни трепки? Сакам некој нежен глам, без нападен туш, повеќе да е акцентот на светкава сенка и трепки на крајот на очите (океј е да ми стават вештачки, ама да се соодветни нежни)
Некој бил во чаир на главната улица некои што ги фалат за шминка да сподели да даде број? Или предлог некаде за шминка до 1000 ден
Мене ме шминкаше за свадба летово, задоволна бев, стоеше шминката цел ден и цела вечер освен карминот нормално. Не беше нападна, баш ме нашминка како што сакав, на сликите е супер така да имам баш позитивно искуство. Исто и од фризурата бев презадоволна, дел ја правеше он дел девојчињата што работат таму, ми издржа супер а верувај на огромен тест беа Исто да ја пофалам и eli makeup, пошто шминкерката ми откажа во последен момент за 6 девојки шминкање (гости за свадба), буквално на сите можни им пишував на фб кој прв одговори дека може да го анагажирам. Ми се јави Ели, префина девојка, додје кај мене со уште едно девојче-фризерка, ги среди сите во рекорно време, не знам која беше поубаво нашминкана а сите беа потполно различни. Шминка+фризура беше 1500, искрено да знаев претходно дека толку добро работат и јас ке се шминкав кај нив