@Dream-Girl ако сеуште бараш девојка што шминка, провери ја atanasova.makeup на инстаграм. Немам зборови колку е талентирана и фина , а во зависност од брендовите кои ги користи шминка е 500 до 1000 ден заедно со трепки
Дали имате искуство со valedema_studiovale? Од која од девојките кои шминкаат и прават фризури сте најзадоволни? На нивните фотографии некои девојки ми се допаѓаат како ги средиле, а некои воопшто. И дали знаете која им е цената на пакетот - шминка со трепки и фризура? Благодарам.
Наташа Кристал мејк ап. Никогаш повеќе.Сум била на шминкање повеќе од 10 пати кај различни девојчиња/жени отидов кај нејзе за мноогу важна пригода бидејќи на инстаграм ми изгледаше дека предобро шминка се вратив дома ја избришав шминката и ја викнав комшиката да ме нашминка бидејќи се тресев од нервоза и не можев сама. Никогаш не давам лоши коментари не сакам на никој да му давам лоша реклама ама да отидеш со желба за нежна шминка и да се вратиш како кловн со лоши контури веѓи црни при тоа сум плава портокалова пудра и трепки кои нагласив дека не сакам големи бидејќи имам мали капаци..крајно разочарана. Плус: Толку добро ги фотошопира и едитира сликите,секоја чест. Дури имам и поголеми очиња
Што збориш???? А јас па мислев по сликите дека ретко таква добра шминкерка се наоѓа дури и пишав на курс да одам кај неа ..
Еднаш бев кај девојчево,веѓите ми ги направи кафеави,а моиве црни,после кога излегов на сонце се видов,трепките не ми ги залепи убаво до крај,пудра незз каква користи ама за кратко стана паштета.
Имаш информации за курсеви за шминка?Уште одамна сакам да се запишам,а за секоја школа различни мислења слушам и не знам дали вреди да трошам пари и време
Додона , Кенза , Дл.Арт, Зои ги прашав или не нудат воопшто курс дека немаат време или не нудат ни сертификат ни ништо.. Од срце ти ги препорачувам Школа за Убавина Арт , врвни професионалци ! Кариера , Ева и другите не ми се допаѓаат овие се за 10ка!