Баш за таму имаат кажувано дека воопшто не користел квалитетна шминка... ако се имаш таму шминкано кажими да те прашам подетално
Jas pa najpozitivni raboti slusnav za tamu i edna peacka srpska gi ispofali..Ne znam,ne sum jas od Bitola samo ti predloziv
не користат нешто што го немаш дома пудра ставаат manhattan така да не е некоја марка,и многу ставаат пудра кога ќе се смееш ти се чини ќе ти распука лицето,контури премногу,а очи не нагласуваат воопшто,сликите кои ги гледате на инстаграм се од модели кои ги шминкаат за да се рекламираат,а не од обични девојки.Јас ти препорачувам ако сакаш квалитетна шминка Ксенија или Империал,користат далеку подобри шминки и нема да ти мрдне цел ден ништо апсолутно ниту кармин
Добро е значи не сум го мислела истово за џабе..пудра менхетен да убава е ама да ми издржи цел ден и вечерта...а и на пазар го имале видено кај што купува трепки и незнам што а и за сенките чисто се сомневам дека користи оргинали....
Се имам шминкано неколку пати во Белеза и крајно незадоволна. Очите воопшто не ги нагласуваат па дома морав сама да се прешминкувам бидејќи ништо не се познаваше на сликите освен неизрамнета пудра во неколку слоја.
да тие слики на инстаграм се wow и затоа многу девојки се лажат,а буквално да ги видите девојките од сликите во живо нема да ги препознаете,на повеќето му имаат ставено и перики и ги шминкаат таму со саати за да се рекламираат,тие ги викаат како модели всушност.Да се споредите вие со шминката од Белеза нема никој да верува дека исти луѓе ве шминкале верувај...
Читам низ темава како се буните што поевтините шминкери не користеле скапа и квалитетна шминка и ве шминкале со "пазарска шминка" како Голден Роуз, Авон, Аура... Гарант таа пазарска шминка сите ја имате по дома, барем по едно карминче ако ништо друго. Дали тоа значи дека сами на себе си купувате пазарска шминка за секој ден? Еве мене лично цела шминка што ја поседувам ми е Makeup Revolution, Golden Rose, Maybelline, Aura и сличните што можат да се најдат во дрогериите. И кога сум одела да ме шминкаат некаде често ја користеле таа козметика, па сум имала супер шминка која траела цела вечер. За 500-600 денари сакате да користат на вас Mac, Kryolan, Anastasia BH, Huda и слично. Па ако треба девојките и во минус нека одат со заработувачката од шминкање. Многу нереални и нефер очекувања имате за тие пари. И јас лично да сум шминкер и да користам таква квалитетна шминка која чини солени цени, не би наплаќала под 1000 во никој случај. Затоа, колку пари - толку музика.
па искрено кога ги имаме тие шминки дома зошто да одиме кај некоја девојка да не шминка и да платиме пари,кога веќе одам кај професионалец сакам да ми понуди нешто што го немам дома за секој ден
Со квалитетот си доаѓа и цената, бидете спремни да платите повеќе за таква козметика. Никој не е будала да купува шминки од по 50-100 евра парче (а замисли еден шминкер со колку многу козметика треба да е опремен за да е целосен) и да наплаќа 500 денари.
Ако некој има нефер и нереални очекувања, тоа се самопрогласените приучени професионални шминкери со сертификат од еднодневна обука што ги фотошопираат сликите до непрепознатливост, а притоа имаат цена од 1500 ден за шминка со третокласна козметика. Еве јас не знам никој што шминка за 500 ден. А и да знам, не би ми претставувало проблем за таа цена да ме нашминка со Голден Роуз или Аура.
Па тие не спаѓаат во евтини, туку во скапи шминкери според мене. Јас зборам дека се има надреални очекувања за козметиката што ја користат девојки што шминкаат за 500 денари.
да нормално затоа јас не сакам да одам кај деовојки кои завршиле курс и веднаш се нарекуваат шминкери и шминкаат со евтини шминки наместо тоа ќе одам кај професионалец ама само кога навистина имам потреба од тоа за некоја свечена пригода,а не за роденден,свадба кај комшивка,крштевка...подобро ќе се нашминкам сама и онака не преферирам премногу шминка одколку да давам по 500-600 ден што реално не е толку евтино ...