Професионални шминкери

Дискусија во 'Лице' започната од Lizalka, 15 март 2010.

  1. nina4u

    nina4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Devojki zdravo...Moze li, ako ima tuka nekoja sminkerka sto ide na povik, da mi kaze kako se snaoga so osvetluvanjeto? Pri kraj sum so kursot za profesionalna sminka, i planiram da doagam na povik, megutoa osvetluvanjeto mi pretstavuva problem. Ili pa devojki sto im dosla sminkerka na povik kako istata se snasla so osvetluvanjeto, dali nosela ring light ili nesto slicno...Vi blagodaram
     
  2. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно што сте се запнале по тие марки.
    Прво и основно високата цената на одреден произвот не го докажува неговиот квалитет.
    Второ, сакате некој да ве шминка со худа, кајли, анастасија, кет вон д, наташа денона, а не сте ни свесни колку тие производи чинат. Ем не се за наш стандард, ем треба да имаш тетка во америка за да ти ги донесе или да платиш шипинг и царина на велико.
    Не можете да очекувате да бидете истретирани како што марио ја третира ким, зашто не сте ни свесни која сума ја добива за услугата, ниту пак вашата шминкерка која скромно шминка во некој салон, плаќа кирија, вода, струја, да ги користи тие болно скапи шминки.
    Трето, можеш слободно да си се нашминкаш дома ако знаеш да го направиш истото. Луѓето што се занимаваат со шминкање работат и наплаќаат за услугата. Одвојуваат време, трошат продукти кои што коштаат, многу често корнат живци, вложуваат голем труд, и сакаат чесно да си заработат.
    Тој професионалец што го спомна, не за џабе се вика професионалец. Има знаење кое што чесно си платил за да го стекне.
    Четврто, џабе некој користи скапи шминки кога не знае да ги употреби. Од друга страна пак, некој и со не толку скапи шминки може да добие многу подобар ефект.

    Завршувате факултет и сакате да се вработите во фирма по струка и да земате добра плата? -Епа и ние шминкерите сме учеле и сме вложувале труд и пари, можеби не сме седеле над книга, но сме слушале предавања, сме биле заинтересирано и сме дале се од себе. Епа исто како што сакате вие вашиот труд да се цени и поштува на работно место (што нели нормално резултира со профит), сакаме и ние да се цени нашиот труд, а не да се омаловажува.
    Пријатен ден
     
    Последна измена: 27 мај 2019
    На teressa, Ladybug98, Ketchup и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Cvekence789

    Cvekence789 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Незнам што толку се нервирате ние зборувавме, коментиравме и споделувавме искуства за Белеза дека обичните девојки што ги шминка нема допирна точка со исфотошопираните модели што ги објавува на инстаграм цитирам пак НЕМА ДОПИРНА ТОЧКА. И да во ред е да шминка со аура, менхетен и други дрогериски брендови и со трепки од 30 денари што го имаат гледано кога купува но сега за матурите по цена 1000 денари заедно со фризура 2000 денари.... и да со истите шминки но сега поскапо дека за матура.. која логика без толку внимание за цената, а во Битола за таа цена од 1000 денари шминкаат со high end шминка. И да никаде не спомнавме дека не го вреднуваме трудот на шминкерите за посветеното време за да научат само споделувамр искуства за горе наведеното студио туку СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА.
    Пријатен ден
     
    На Iva9612 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Јас во ниту еден момент не спомнав одредено студио, ниту пак те цитирав тебе. Според мене воопшто не е во ред тоа што накачуваат цени кога има поголема побарувачка, но од друга страна тоа го прават на пример и бутиците. Така функционираат сите тие бизниси.
     
    На Cvekence789 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    3.439
    Пол:
    Женски
    Тоа што сте се фатиле за Manhattan, MUR и слични... Луѓе, не секогаш е битно што користиш-туку ако знаеш како да го користиш! И Manhattan i MUR не се "шминки од пазар"!
     
    На Irreplaceablee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iva9612

    Iva9612 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    никој овде не рече дека професијата е потценета ,убаво кажав јас вреди да платиш за професионалец во мојот град има навистина што се добри и нормално е повисока цената ама знаеш што плаќаш и во право си тоа што тие вложиле труд да научат не е тоа така лесно и шминките се скапи точно е затоа земаат толку пари тоа им е професија...ама сепак стојам за зборот дека оние кои стануваат шминкери со една диплома од завршен курс не е тоа тоа дефинитивно и со евтините шминки,да користиме такви шминки купуваме пудра од 400 ден ама ја користиме 2 месеци,а тие земаат 600 ден од едно шминкање зато велам дека не е баш толку евтино како што мислите,а кај другите поскапи шминкери една пудра ти е и до 100 долари па сега види каде е поевтино,а каде поскапо
     
    Последна измена: 27 мај 2019
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Не секој може да си дозволи пудра од 100долари. Прво, не купуваш само една бидејќи сите имаат различен тен, еазличен тип на кожа, сите сакаат различна покривност. Рачунај дека треба да купиш минимум 10пудри, по 100 долари ете ти 1000че само за пудри. А камена пудра, а прозирен бејк? Контури, ружеви, хајлајтери ( и повторно не можеш еден бидејќи сите се различни нијанси за различен тен). А кај се сенки, во сите можни бои? А светки, пигменти, лепаци за светки, прајмери за очи, прајмери за лице( исто така многу видови, сите имаме различна кожа и посакуваме различен ефект). Моливчиња за веѓи, за очи, за уста. Кармини (течни, мат обични, сјајни, сјаеви, велвет... милио нијанси). Трепки(3д, обични, кратки, долги, на почеток пократки, густи, ретки), четки ( за сите можни делчиња на лицето различни четки), фиксатори( за мат ефект, за мокар), тушеви, римели и така натаму.
    Огромна инвестиција е.
    Да, големите салони прават многу повеќе пари и можда можат да си дозволат одредени хај енд продукти, но тоа не може да го дозволи некој не толку познат. Ако ги споредиш стандардите со америка и остали земји, таму шминка е 200евра минимум. За разлика од тука, каде што просечно е 1000денари.

    Значи, за да напуниш куфер со добра козметика ти треба многу да вложиш. Еве јас лично,скоро секој денар што го заработувам го давам на шминки, ретко нешто ситно ми останува. И пак не поседувам ништо толку скапо бидејќи не можам да си дозволам.
    Целта на муабетов ми е дека кога некој шминкер почнува од 0, не може да си дозволи скапи производи.
    И исто така може да го добие истиот ефект и со малку по приступачни производи. Се е до рачето, и до фатот.

    А тие што се шминкате со авон по дома, што ќе ви смени лично вас ако еден ден имате на лицето на пример фенти пудра и истата е само зашлакана колку да се каже? Наместо да имате на пример исто тсква авон пудра како што имате дома ама перфектно нанесена?
     
    На Oxymoron, Ketchup, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Iva9612

    Iva9612 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    епа има денови кои ти се посебни и сакаш да си со таа фенти пудра,за мене си кажувам до сега се имам два пати шминкано кај професионалец и кај друг не одам,секој различно
     
  9. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    1.543
    Во однос на тоа КАКО шминка дечкото од Белеза мислам дека нема дискусија. Прекрасно шминка и не би рекла дека е вистина тоа дека сликите од инста профилот немаат допирна точка со тоа како ги шминка останатите девојки.

    Да бидеме искрени, на многу од нив им е ставено екстремно многу шминка, многу хајлајтер, добро осветлувње, професионално фотографирање а и одбрани се навистина преубави девојки со цел да се направи фотографија за реклама.

    Јас се шминкав таму, дечкото фино прашува дали сакаш нежна шминка или нападна, каква боја ти е облеката и како одприлика си замислила дека сакаш да изгледаш. Јас му кажав дека сакам очите да бидат во преден план, тоа и го добив.
    Е сега, јас бев на свадба летно време, 27 степени, од 7ч. изутрина до 01:00ч по полноќ, нескромни 15тина часа со сигурност и можам да кажам дека шминката не беше баш истрајна во тие услови.

    Доколку се допрев на лице со прст, остануваше трага од прстот ( се бришеше пудрата на тоа место ), па се трудев да избегнувам пипкање по лице. Познавам доста пријателки кои се шминкале таму и сите се задоволни, немале ни проблем со трајноста на шминката, ете јас имав замерка во однос на тоа, но дека изгледав прекрасно, изгледав.
     
  10. Iva9612

    Iva9612 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    1000 денари ???:o:o:o
    прво беше 400,па 500 па последно како што слушнав дојде до 600 без никакна промена во квалитетот и сега 1000 ? има професионалец со Битола што шминка со MAC и зема 1200 :)
     
  11. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    1.543
    600 е сеуште со вклучени трепки. Ова со матуриве не знам.
     
  12. Cvekence789

    Cvekence789 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Да 1000 беше за матурите :)

    Тоа е тоа баш затоа прашувам дали користи квалитетна козметика свадбата е на сред лето па по тоа се ориентирам дека ке е многу жешко што и немора да значи но сепак значи од сабајле до вечер и токму заради тоа ме интересира со што шминка :)
     
    Последна измена од модератор: 28 мај 2019
  13. ludamaja10

    ludamaja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    364
    Јас одам кај една за 500 денари но сепак и она сега ќе почнела со две цени да работи вика никој не ја цени и нејке залудно со скапа шминка за 500 да шминка
     
  14. ..barbie..

    ..barbie.. Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Искуства за шминка и фризура во ВалеДема?
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyGagaaaa

    LadyGagaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Koe e toa devojche?Shto shminka koristi?;)

    Predobra e,kozmetika na maybeline,loreal...

    Mozhe li da se snajde so sekakov tip na makeup look?Sakam da zakazham kaj nea pa da se osiguram vo kvalitetot
     
    Последна измена од модератор: 31 мај 2019
  16. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    519
    И мене ме интересира. И дали е скапа?
     
  17. ..barbie..

    ..barbie.. Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Цената на пакетот шминка со фризура е 1500.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. smurffet

    smurffet Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Јас Империал не би ги препорачала на никого ! Бев закажана за шминка кај нив за мојата регистрација. Разочарувачки е колку пари земаат во споредба со тоа какви шминки користат. ! Да не зборувам за четките кои изгледаа како никогаш да не се исчистени. Другиот ден се разбудив со акни на лицето поголеми од мене :)
     
  19. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    519
    :o Дал је могуче. Па многу ефтино, јас мислеше дека е доста познат салон, и дека го менат личниот опис како фиторе нешто или Арменд Рамадани, тој стил, не очекував под 3000 да е. Па кај нас помал град цените на пакет за шминка и фризура е од 1000 до 2000 ден.
     
  20. ..barbie..

    ..barbie.. Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Се имам шминкано во фиторе и девојките прекрасно работат, меѓутоа односот е многу дрзок, хигиената не им е на завидно ниво и ми земаа за шминка и фризура 4,000, што сметам дека е премногу. Кога закажував во Фиторе отидов да ме види типката и да оставам капар 1,000, бидејќи само на тој начин можеш да закажеш. Инаку и Фиторе и Арменд по мој вкус далеку подобро работат од Вале Дема и користат поквалитетна козметика, едноставно не се споредува. Мене само ме плаши да не работат Вале Дема како Кенза или Мина, бидејки од нив воопшто не сум задоволна. Во Кенза многу се чека ред, ми ставија многу пудра и уште повеќе хајлајтери, што придонесе да бидам светната и да се бришам дома. Затоа сакав да слушнам искуство од некоја форумџика. На фотографии сите користат фотошоп, а во живо е многу поинаку.
     
    Последна измена: 31 мај 2019
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.