Јас ти верувам, само изгледа не сваќав до кој степен тоа се користи. Бидејќи голем маркетинг е. За сликите ок, fotoshop, facetune, еден куп ги има. Ама за видео незнаев што користат, кои се тие апликации незнам... поентата ми е чисто да знаеме повеќе кога ги гледаме тие слики, а твојот придонес со коментар за искуство секако помага и фала ти за тоа. Ги знам за слики ама не ги знам за видео..освен на снепчет филтри. Очигледно користи апликација ако може толку брзо да ги вади секој ден. Испаѓа само вака по форумов или по препораки може да се верува бидејќи сликите се сите манипулирани.
I jas vaka se zaletav od instagram sliki pa posle placki doma.. Pazete zenski ne e se kako sto izgleda
Дарко! Нема утка. Преубаво шминка со квалитетни производи, цел ден не ми мрдна шминката на свадба. Лани кај него беше 3000 денари невестинска шминка.
Штипјанки, за недела ипол сум на еден настан во Штип, па ми треба шминкер и фризер (само за фенирање) од градот. Освен Диор, некој друг предлог? Ако имате инстаграм/ фб да споделите- уште подобро
За матура каде би ми препорачале да се шминкам? Не планирам сама да се шминкам, планирам да биде нешто не многу нападно, нежни тонови и бои а сепак да е впечатливо. Би одела кај Даниел Николовски, во Фран или во Чаир негде. Дајте предлог по можност во реон ЃОРЧЕ-ЦЕНТАР евентуално ЧАИР. -знам дека ми е рано да размислувам ама да си прашам
Јас би ти рекла Дајмонд https://instagram.com/studiodiamondmk?igshid=1xetvt862qqpb или пак Александра Стилисимо(поскапо е тука). https://instagram.com/aleksandra_stilissimo_make_up?igshid=1hn48yxboaf4n Јас не сум по вакви салони,ама овие доста ги фалат по градот.
Извини но ова ни за град не чини како шминкаат.. Васе е многу нежна варијанта, ВЛАДИМИР ЕДНО ГОЛЕМО 0. Додона, Арменд Рамадани, Јехона Студио Академи, kosichmakeup, luxbeauty, sadetelezi, fitore.. и скапи и евтини ПОДОБРИ варијанти ти набројав
Ама јас не се разбирам во шминка... Кога бев на матурска повеќето си кажаа дека овде се шминкале. Скопје си е друго. Едит.И во Контеса одат многу,а кога ги видам во живо како торти се. Не ја разбирам агресивноста во твојов пост. Пишав за кои сум чула/видела. Банално е да се споредува Скопје со Штип
Јас се извинувам МНОГУУ, не прочитав дека е за Штип.. Но , веднаш ќе прашам моите другарки од Штип за матура кај се шминка дека ништо полошо од мене не беа нашминкани.. Бтв, мислев си и одговорила ма горе девојчето за матура а не на @Avery , моја грешка уште еднашка извинете двете
Имам пробано неколку пудри и на лицето ми се познава како лушпи ми се познава како да се лупи незнам како да ви опишам а пред тоа ставам прајмер, незнам каква пудра да користам, некој нека ми предложи?
Najverovatno imas suvo lice Zemi si ja na Bourjouis Healthy Mix,a pred toa stavi nekoja lesna hidratantna krema Prajmerot ne ti vrsi rabota ako ti e dehidrirano liceto,jas bi og otfrlila od upotreba ..
Јас го имав истиот проблем а имам комбинирана кон мрсна кожа .. Прво што правев 1: Убава припрема на лицето. И да ти е мрдна а поготово сува кожата ти треба крема за да го хидрираш лицето. Откако тоа мале ќе упие преминуваш на 2. Прајмер за твој тип кожа, и убаво го упиваш во лицето со кружни движења. 3. Пудра за твој тип кожа. 4. Не користи премногу пудра одеднаш подобро е малце по мачце да додаваш ако сакаш покривност и блендај со сунѓерче. Мене ива многу ми помогна