Сеа ми текна, не ја шминка Лила Филиповска он? И Ми текнува дека го има тагнувано на слики.Во која смисла е непедантен?
Да точно! Лила ја шминка. Оди малце подоле на сликите на неговиот профил на инстсгрсм ќе видиш тоа сунѓерчиња не измиени од памти век, сенки недезинфецирани...
Искрено,за талент има талент и знае како да те направи кукла...ама прво е непрофесионален и касни на закажано,работи во општ хаос и непедантерија.А непедантерија е едно големо НЕ
Што ќе превага? Талентот од една страна или хигиена за Моето лице, непочит на време ? Има многу подобри од него кои го надмашуваат. Мене не ми се допаѓа како шминка сма Боже мој секој има свој вкус
Дечки кај нас во моментов има само двајца професионални шминкери, тоа се Дарко Мишовски и Шурбе..Мој фаворит е Дарко Мишовски.
Дарко Мишовски и е братучед на една познаничка и за табло ја нашминка бомбона. 1500 наплаќаше мислам, сеа не знам.
Јас пример не се согласувам со тоа. У Скопје има 101 професионалец моментално. Шурбе е топ ама не е единствен. Истотака ни Дарко.
SimSaltirova Dodona Fitore Jehona Academy Dl Art Armend Site ovie mi se daleku podobri od tie dva profesionalci,sorry
Според твојата статистика испадна дека во Скопје има повеќе професионални шминкери него во Америка зашто ние сме.. метропола Тие се по бројка, како и да вртиш, таа е математиката (ама разбирам, зашто тебе очигледно ти е слаба страна) Ама јас не мислев на маалските шминкери, ти тие ми ги наведе, јас убаво пишав погоре. Професионални шминкери кај нас се двајца тоа се Дарко Мишовски и Шурбе, а ти тоа што мислиш е тотално небитно за темава
А каков тоа виши експерт си ти да дадеш ваков заклучок? По дефиниција професионалец е тој што наплаќа надомест за своите услуги. Со оглед на бумот што го направи индустријата за шминка последниве години нормално е дека се појавија повеќе шминкери бидејќи луѓето го бараат тоа. Веројатно се и многу повеќе од 101, а кој како на кого му се допаѓа е прашање на вкус. Едит: Секој има свое мислење и ок, ова е твоето ама само тоа е...твое мислење
Сериозно се карате за тоа кој е најдобар. Зарем треба да сме виши експерти да дадеме некаков заклучок.. Не знаев дека е забрането.
Вакви цитати не ми се допаѓаат, сметам дека сите треба да имаат доза на почит кога пишуваат тука, се надевам не навредив никого.
Не е у реду да и викаш на членката дали е виши експерт за да донесе заклучок. Таа го донела за себе и го произнесе. Треба да и се обратиш со почит, а потоа да бараш туѓ почит. За нејзе се тие двајца, за тебе некои други двајца и тоа е тоа.
Fitore go ima najluksuzniot salon vo cela Makedonija. Armend e eden od najskapite vo Makedonija. Dodona ima preubavo studio so soleni ceni DL Art go ima najubavoto studio vo Debar maalo Jehona e najdobrata akademija vo Makedonija za kursevi po sminka Cena za nevesta od 300 evra sminka i frizura(fitore)obicna nezna sminka i frizura 100 evra (Armend) 150 evra(Dodona) voopsto ne e maalski Za Skopjanci ova ne se maalski studija pa ti preporacuvam da ja otvoris fitore na fb i da vidis samo kako izgleda salonot koj ne mozat da go priustat lugje sto rabotat 20 godini aktivno Site sto gi navedov imaat nenormalen talent koj bil,znae Ne e bitno sto mislam jas nitu e bitno nekoj sto misli deka ima samo dva profesionalci,bitno e zadovolstvoto i mislenjeto na 90 posto od edna populacija Imaj ubava vecer
Јас со моето искуство.. пред 2 години ми беше матура и ме шминкаше VD makeup, односно Васе. Не можам да кажам дека ме направи лошо, но далеку од тоа што очекував за 1800 денари. Прво некако он не се замараше, не знам дали дека матури па имаше премногу гужва. Кога дојдов едното девојче пред мене не беше уште завршено, морав да чекам. Потоа пудрите и тие работи ми ги ставаше девојчето што работеше таму, а Васе само малце ме ,,зашлака'' на очите... Веѓите не ми даде да си ги поправам бидејки не ми се свиѓаа, ме убедуваше дека се супер. Од мене не прифаќаше никаков совет ниту ги почитуваше моите желби, на почетокот му го покажав фустанот и демек според него ме шминкаше. Сакав меѓу другото да имам туш затоа што убаво ми стои, и тоа ме убедуваше дека нема да ми стои и мал милион работи..На слики шминката личеше убаво стварно биедејки имав 2 кила пудра на мене, не можев да се познаам хахаха Во секој случај сега да бирам нема да го одберам него, мислам многу подобра опција е DL art ,Сим Салтирова, Рита Имери.. итн