Има ли некоја девојка во Скопје,што шминка до 500 денари? И дали знаете zoib star make up колку зима?
Здраво девојчиња , ќе можете ли да ми кажете ако знаете како да го исконтактирам Бојан Вукадинов? Сакав да одам кај него на усовршување но не ми враќа на инстаграм ниту на мејлови..
И Сим скапнала а? Порано знам 1800 земаше што и тоа беше многу... Ама, дали тоа само што прочитав фиторе земала 300 евра за невестинска шминка??? да не и се позлатени рацете или користи козметика од 24 каратно злато еве не знам... Како рекле сé дур има овци за стрижење... Д.л арт значи сите девојчиња кукли ги праи. Она најмногу ми се свиѓа како шминка.
Zdravo. Da ve prasam dali imate poracuvano LED ring light od aliexpress? Pocnav da se bavam so sminkanje profesionalno i mi e potrebno osvetluvanje. Ako nekoj ima poracuvano ve molam link i sliki ako moze da mi pratite.
Ако прашуваш за матура мислам дека 3000 земаше тој период, бар така кажуваа соученички. Викаа дека у брзање ги напраила, требала да иде негде и не беа нешто презадоволни, баш разочарано кажуваа дека другпат кај неа не. Не ми се свиѓаше ни мене нешо посебно, на нет изгледа поубаво дека шминка. Може само така и се погодил денот...
За свадба ми треба,до сега одев кај кенза,убаво ме правеа,само тие ме погодуваа,имам и на други места одено ама не бев задоволна како изгледав,едина замерка ми е што не им се баш чисти четките,и точно цело време имаат пуштено албанско до даска и си зборат албански да не ги разбереш,ама мене тоа не ми сметаше важно убава да ме напраат Е сеа оваа свабда ми е поважна па гледав и други места ,предлози,па Дина ми се виде како добра убави слики има на инста па ме интересираше и цена,гледам дека таму не враќа на пораки само преку вибер,па прашав и овде може повеќе мислења ке слушнам
Сега разгледував како шминка Рита Имери и ми се допадна вака на слика. Ама ме интересира дали има некој искуство, какви шминки користи и колку и е едно шминкање?
Јас се имам шминкано за свадба гостинка бев па затоа не планирав да давам премногу пари за шминка . Имаат 3 пакети 1200 , 1500 и 2000 ден разликата е во начинот на шминкање . Јас платив 1200 зашто не сакав многу нападна шминка. Ми ставија и трепки за таа цена устави за 1200 имаш нормална шминка како да кажам по soft варијанта не ти го контурираат лицето во тој пакет , 1500 спаѓа контурирање и појака шминка и за 2000 предпоставувам како сакаш те шминкаат со контура со трепки со се ( не знам како да се изразам) а во сите пакети имаш трепки. За 1200 ден мене ме нашминка солидно сепак ако си обичен гостин 1200 е таман, но сепак тоа е до тебе како сакаш да изгледаш зашто на секоја свадба има такви понашминкани и од невестата заборавив да кажам дека во таа цена спаѓа и фризура. Пак се е до пакетите ако сакаш некоја покомплицирана фризура ке ти наплатат поскапо. Јас кога бев да се шминкам пред мене имаше една жена плаќаше и и дава на девојкава 1200 ден и девојкава и рече но имате потешка фризура направено не е некоја поедноствна па морам да ви наплатам 1500 , без разлика што оваа си резервирала пакет за 1200 ден . На мене ми беше ипеглана косата само сакав да ми ја фатат во репче ниско ,ништо комплицирано и обична шминка сенка еднобојна туш руменило трепки и црвен кармин . За таа цена шминка и фризура е океј