Се додека има овци, ќе има и волна муабетов за професионалните шминкери. Факт е дека повеќе се плаќа заради името, ама 2000+денари за шминка да му ги дадам на некој што работи на црно и да се вади со тоа дека користи брендови"како huda, kylie, mac, fenty и сл(многу има да не ги набројувам ама гледам дека на овие се ложат сите) не ми е логично. Секако има исклучоци. Јас не знам која пудра е 100евра, бидејќи од наведениве брендови сите се испод 40евра. Скапо не значи квалитетно. Плус huda beauty прпизводите може се добри ама никогаш не би дозволила да ми хо допрат лицето од страна на тоа колку парфем и алкохол стаава во сите производи што не е неопходно. Kylie производите ги имам користено и не сум воодушевена, пакувањето со квалитет ко шминките на пазарче, има видеа да си видите колку е вистинската вредност на палета нејзина од 35-50 долари(реална вредност 4-7 долари. Morphee сенките -креди за табла. Гледајте кај си ги вложувате парите и читајте ги состојките на шминките кои ви ги ставаат на лице, а не да плаќате нечие име и име на бренд што користат. Производи што се скапи за да се нашминка цело лице коштаат вкупно 300 евра. Пудра од 40мл има за отприлика 70 употреби, да кажеме дека 50 девојки ке се нашминкаат со таа пудра. Другите производи траат и подолго. Со оваа математика излегува 6евра по девојка реална цена. И сега споредете 6 евра со 35евра што наплаќаат за чисти пари за еден саат работа. Ова не е хејт пост, туку сакам да кажам дека треба да гледаме за што си ги трошиме парите и какви бизниси подржуваме.
Дури и да стои дека точно е скоро се што си напишала значи дефинитивно пудра од 40мл неможе да биде за 70 употреби.. А според мене ,Морфи се предобри сенки.
Секоја пудра од 30мл има околу 300 пати да се пумпа(зборувам за квалитетни airless нели затоа што само добри брендови се користат) а обичните дрогериски имаат околу 150 пати од пумпа+ тоа што останува ако се искористи. Е сега на 300 пумпи во просек по 6 на човек (што се премногу реално па you do the math). Не зборам на памет.
Па многу се 6. Јас ни 3 не користам од Ревлонот и пак супер изгледа. А за подобра пудра и тоа 3 е океј. Е сеа зависи може ставаат повеќе.
Тоа ми е муабетот, ја правам цела математика во нивна корист да се оправда цената. Не дека завидувам, баш спротивно алал да им е и на талентот и на тоа што толку се продаваат. Во секоја професија има некој што ќе биде број 1, ама јас не потпаѓам на тоа влијание и тоа е моето мислење. Иначе јас мојата fenty пудра ја фрлив затоа што не можев да ја дотрошам 1година а морав бидејќи ми оксидираше.
По некоја логика цената што ја наплаќаат треба повеќе да е за нивната стручност, техника, талент а и производите секако многу помагаат ама не е се до тоа. И се слагам, најубаво е сам да си избереш производи сам да си се средиш по твој ќеиф. Ама има луѓе кои не се толку умешни сами да се нашминкаат или едноставно не се замараат со тоа, ама ете сакаат да се средат за некој повод и си одат на шминкер. Дека некои од шминкерите имаат неоправдано превисоки цени веројатно има, дека не се што е извикан бренд значи дека е и квалитет и тоа да, секако треба човек за себе да си истражи и да си се информира. Ама исто нејќам да потценувам цела една професија или индустрија за сметка на некои поединци што не ги бива. И исто мислам дека за цената не е клучно колку се скапи производите и колку пати ќе ги употребат тоа е само еден дел, мислам дека има повеќе други фактори кои имаат поголемо влијание. Едит: Секако се сложувам за повеќето што си пишала...особено за худа.. да ти се згади колку е парфимирано...не разбирам зошто
Devojki, ve molam za informacija za iskustvo so Darko Misovski? Se mislam dali za svadba da zakazam kaj nego. Sakav kaj Surbevski no cenata e von mojot budzet, ima nova cena od 10.000 do 12.000. Bi vi bila blagodarna za sekoja informacija za kaj Darko P.S. cenata kaj Darko samo za sminka za nevesta e 4.000.
Јас па не сфаќам што е со : невестинска шминка, матурска шминка, ваква, таква, што е двојно поскапа од "обичната". Будали нѐ прават, да дадеме повеќе пари за иста услуга, а шминката е таа, нема топла вода да измислат. Еднаш бев на професионален шминкер, за матура, излегов изнервирана од салонот. Ниту ме направија по моја желба, ниту личев на нормален човек, ниту бев задоволна од хигиена а не платив ни баш евтино.Убаво си планирав дома да се нашминкам, ама ај пусти мерак да отидам на шминкер зашто очекував дека ќе излезам како од насловна на списание.
Ја за 800ден и шминка + трепки и фризура, а бев презадоволна за матура. Како покажав слика така, нежно и баш по моја мерка. Ми беше препорака од една колешка на мајка ми и баш супер пројдов. А тие шо фрлија 50 евра за џабе баш беа незадоволни. Не секогаш познато и скапо значи квалитет. Бар според мене.
Шминкерите како и фризерите и останати качуваат цена во моментот кога имаат побарувачка поголема од тоа што можат физички да сработат. Моментот кога шминкер ќе треба да одбие клиент бидејќи е пребукиран е знак за шминкерот дека е време да качи цена. Затоа цените идат до плафон, затоа што имаат преголема побарувачка...основно пазарно правило. А причината што побарувачката е толку голема е што продаваат сон..магија хаха како што некој пиша погоре очекуваш дека ќе изгледаш како од списание. Да не спомнувам дека тие од списанијата се едни избрани од милион и дека светло и камера и фотошоп и што се не е вклучено за тоа така да изгледа. Ако не сакате да идат цени до плафон не идете кај тие шминкери, дајте шанса на некој не толку познат шминкер, информирајте се еве затоа мене ми се свиѓа форумов, полн е со информации.
Дарко Мишовски и Шурбе се најдобри.. јас би ти го препорачала Дарко Мишовски, врв е, професионалец во секој поглед.. шминката му е профи, особено невестинската.. префин е и пријатен.. работи со супер цени за разлика од останатите
Од Битола некоја да кажи добра шминкерка освен Ксенија? Битно ми е да се квалитетни шминките.. Гледам секоја 2ра со некој си бренд шминка али пола од нив се fake a наплаќаат доста Ретко одам на шминкер дека дома сама колку толку ме бива па затоа и земам квалитетни шминки но ете еднаш годишно треба да одиш за поблиска свадба сепак
Ангела Видановска, работи со квалитетни шминки кои не се евтини копии, јас се шминкав за матура таму презадоволна бев не шлака пудра многу туку само колку што имаш потреба... има и слики на инста види ги и нив
Баш и за неа ќе прашував ама заборавив ете... Видов на инстаграм стварно убаво шминка. А колку зема ? * исто и за некоја кај Ксенија имала др девојка што шминкала, ми рекоја добра била