Јас лично каде одам веќе две години дефинитивно и симнувам капа на девојчето што по 5-6 на ден низ раце што и поминуваат секоја различен стил ја шминка, а и не користи многу филтери, барем самата себеси и сите ме препознаваат. А оние ко Елени Мејкап што гледав што користи филтери 100 е тие се за прозивање!
Ќе може ли некој да ми препорача шминка и фризура за матура по по пристапна цена. И не мора да не е некоја позната важно да е квалитетно. Фалаа однапред ☺
Не оспорувам никаква работа. Напорно е да работиш со луѓе, на сите желбите да им ги исполниш итн. Меѓутоа многу ме нервира кога е некој дрзок и за се одбрани себе напаѓа други. И јас знам многу шминкерки кои си го заслужуваат секој денар што го наплаќаат. Ама знам и некои кои го почнале и работат тоа за брзи пари, а поим немаат од шминка. Имаше едно време секој втор шминкер стануваше или пробуваше да биде. Епа не може така, и не е исто едното и другото. Некои луѓе заслужуваат да им платиш и преплатиш за добра услуга и за нивната работа. За мене шминката е уметност. Но, како во секоја професија има и лоши и неквалитетни работници, и луѓе што постојано мани наоѓаат и се жалат. За големи цени, се знае, се очекува квалитетна рака и опрема, во секоја професија е така.
Феминки здраво. Ми треба помош. Барам бројче од една жена Бранкица од Радишани. Гопоѓата ме шминкала неколку пати и сум била секогаш задоволна. Но, најверојатно има нов број, зошто стариот не постои Дали сте слушнале за неа, Бранкица од Радишани?
Здраво девојки, би ве замолила за совет. Дали вреди да се шминкам кај Фиторе за една важна вечер , со оглед на тоа дека гледам скоро сите исто ги шминка а сликите се со фотошоп? Неможам сама да проценам
Не е моја свадба. Фала ви, сакав подобро да се распрашам пред да дадам пари поради она што на инстаграм е фотошопирано..