Во Прилеп , се имам шминкано кај Златко и бев задоволна , и покрај тоа што свадбата за која шо тој ме шминкаше беше во лето па до вечерта и не остана баш многу на мене од топлото... А сега за таблото ме шминкаше Алек Палада и сум презадоволна , се гледа дека е професионалец .Исто тој ги шминка за многу спотови македонскиве пејачки
Јас сакав кај Зоран да се шминкам за матура, ама се беше зафатено уште од фебруари, една другарка се шминкаше за матура кај него лани и беше презадоволна, Другарките мој за матура се закажани во 10 сабајле за шминка, му гарантирал дека шминката нема да му се избриши до вечер, оти така и невестите ги шминкал отсабајле, Инаку чоекот работи супер и премногу е зафатен.
Девојки сега брзо бев на свадба и невестата си имаше закажано фризер и шминкер на едно место. Арно ама луѓето задолжени за фризура и шминка имале смртен случај на 12 саати пред свадба Невестата веќе си имаше викнато жена за шминкање на домашните и немаше шо да праи откако и откажаа па ја нашминка таа шминкерка. Жената не е многу позната, а шминка за смешна цена со убави, квалитетни и шо е најважно долготрајни шминки. На невестата и на останатите им зема по 250 денари, а што е најважно оди по дома за шминкање. Шминката на невестата не мрдна цел ден, дури и карминчето што го имаше ставено не мрдна. Ако сакате да ја прашам невестата за број, па да ви кажам, бидејќи звучните професионални шминкери не се нормални околу цената за шминкање. Јас искрено се шминкав пред некоја година за матура кај Дадар, ми зема 1500 денари а шминката на сред матура ми се растече После тоа кога требаше да правам прослава со домашни која траеше исто колку и школската матура, јас сама што се нашминкав не ми мрдна шминката. Мој совет е да не се залажувате по звучни шминкери, кои ќе ве малтретираат да одите 48 саати пред матура да ве шминкаат (со образложение дека сите термини им се "зафатени" ), затоа што не секогаш скапото е квалитетно.
За квалитетна шминка треба пред се’ квалитетен крем (кој е релативно скап), а шминкерот треба да има барем три видови - за сува, мрсна и чувствителна кожа. Треба подлога за шминка, па течна основа, коректор, пудра во прав, фиксатор. Многу сенки, руменила, кармини - и ако станува збор за квалитетна козметика секој производ е над 1000 денари. Па сега ти пресметај дали некому му се исплаќа да шминка за 250 денари. Доколку користи козметика од средна класа како Лореал, Буржоа, Дебора и слично, можеби и би се исплаќало, но ако некој сака да шминка со навистина квалитетен производ треба прво да вложи некои 2000 евра во материјал (четки, палети и слични тракатанци) па се сомневам дека би шминкал за 250 денари. А тоа дека има преценети шминкери што не ни користат квалитетна козметика а наплаќаат несоодветно, тоа не го спорам, само оваа цена од 250 денари е навистина смешна и нереална за невестинска шминка.
И нека ја чини 2000 евра материјалот. Кога ќе отиде да шминка невеста/гости без 1000 денари нема да излезе, така? А не оди само на едно место Таа за месец дена ги вади шминките, после тоа се и е чиста заработка. Ко ќе ти наплати Дадар или Георгиев 2000 за шминкање не ти ја остава козметиката да ја дотрошиш, зар не? Му останува за следни потрошувачки Кога Дадар и Георгиев можат да шминкаат со несоодветна козметика, зошто не би и оваа? Едноставно си има математика. И јас се зачудив дека за 250 денари ја нашминка невестата, ама толку и е. Ќе ви го пишам брочјето подоцна
познавам козметичарка која во едно и шминка(и за свечени пригоди) обично шминкање е 300 денари, а за невести мислам дека беше 1300денари користи Авон(со тоа работи) , некои производи од Орифлејм и други марки
Мене за мојата свадба ме шминкаше Дадар, исто така и за други свечености ме има шминкано и сум препрезадоволна.
Е аман бе 250 денари шминка?Јас шминкам дома па земам 400-500,што вика Ливинг со лореал,ревлон...ама добро на кој како му се исплати,инаку имаш право дека малку и претеруваат,а некои од нив шминкаат како шаблон,ете тоа не ми се допаѓа.
И мене не ми беше веројатно, ама изгледа и се исплати...додека да ја разберат по градов. Е после тоа сигурно ќе покачи цена или ќе остане на истата. Иначе за истата свадба, сосема случајно си пронајдов и добра фризерка за свечени фризури. Бидејќи свадбата беше во недела, а она недела не работи дојде специјално и само за мене. За свечена фризура која ми траеше три дена ми наплати цели 250 денари, а и ми кажа дека толку и се свечените.
девојки ај дајте некој што добро шминка од велес,некои предлози ама да сте сигурни дека добро работат и со добар квалитет
а што мислите за небојша пешевски и за елена антовска - ека кај војкан андреевски што работи, како шминкаат бил ли некој кај нив ?
За Небојша ти гарантирам дека е цар, една моја другарка ја шминкаше, нема утка кај тој човек, мислам дека е 1500 денари...
И мене ме интересира за Пешевски, многу убави зборови се изнаслушав за него. Знма дека многу шминка по ревии па од таму ми дојдоа и пофалбите. Исконтактирав со него шминка му е 1500 денари..мене изборот ми се стесни помеѓу него и перчинкова. Девојки што мислите вие?
Шминкер во Битола Здраво на сите.Преопрачајте ми некој добар шминкер во Битола ми треба за Матура ако можи постирајте слики од нивната работа.Позз
Пешевски не го познавам и не сум видела негова шминка досега, затоа неможам да зборам, меѓутоа имам искуство со Перчинкова и воопшто не бев задоволна. Сама да се шминкав подобро ќе беше, бледо тенко - ништо посебно. После 2 часа шминка, иста како да ја немав. Многу брзо ме заврши за тие пари не сум задоволна воопшто.
Бројче на Влатко од Лептокарија ми треба.Се одлучив да идам кај него сеа за матурава. Нека ми го прати некоја феминка преку лп.
Феминки..ВЕ МОЛААААМММММ кажете ми која козметика ја користи Владимир Трајковски? И дали некоја од вас ќе се смилува да ми прати слика да видам како ја нашминкал..
И мене ми треба бројче од Влатко од лептокарија... а колку што разбрав од претходните постови 1200ден е цената така? и дали прави и фризури??