Па и за очите ми е најбитно, пудра секаде многу ставаат, ама па барем кај оваа гледам дека контурите се добри. Ќе видам што ќе одлучам на крај, имам време, шубе ми е некако со ситуацијава, ќе размислам. Сепак фала ти
Препорачајте ми шминкер/ка за слика за табло,односно апсолвентска слика.Еднаш се имам шминкано кај DL Art,еднаш кај Шурбевски.Задоволна сум и од двете места меѓутоа не можам да се одлучам дали повторно да одам кај некој од нив или на друго место?Мислење за Дарко Мишовски,VD Makeup и Сим?Исто така важно ми е хигиената да е на високо ниво,особено во пандемијава.
Ако има некој,може ли да ми прати слики како шминкта на фиторе изгледа во живо? На инстаграм од толкав фотошоп неможам да одредам, не ми е веродостојно
Побарај во слики кај што е тагнат профилот, може ќе најдеш нешто што некоја девојка споделила кај што сама се сликнала, некое селфи нешто што не е толку едитирано. Ја баш пребарав сега, најдов нешто така пореално доловено, ми изгледа како премногу и повеќе од потребното да им ставала пудра некако, но сепак очите убаво ги шминка се гледа.
И мене ми треба предлог за шминка да апсолвентска слика, ја разгледав DL art што сте ја спомнале погоре и баш ми се допаѓа, исто ја разгледував и Милена/ kosichmakeup и таа ми се допаѓа, па ме интересира дали некој има искуство со неа. Исто така отворена сум и за други предлози, само да не е нешто нападно, сакам понежна шминка.
Јас ја прашав, 700 без трепки, 900 со трепки, ми рече најверојатно до март трае попустот ама не знам дали и март де вбројува во тоа.
Jas se imam sminkano kaj DL Art, mene ne mi se dopagja, sminkata voopsto ne mi izdrza, i koga me objavi na nejzina strana voopsto ne licev na sebe, mi imase staveno trista efekti.
Јас имам поинакво искуство со DL art,презадоволна сум. Шминката ми немаше мрднато ниту еднаш (неколку пати кај неа се шминкав) и ептен ми се свиѓаше како изгледав. Сепак секогаш е до лично искуство.
Ми се допаѓа и мене како шминка Дина. Убаво, префинето, нежно и што поприродно. Во последно време некако почна сите како под ист шаблон да ги шминка, многу ретко нешто да се издвојува како поразлично, но сепак можеби и клиентките така си бараат. Миа Араби од тоа што имам забележано има сличен стил на шминкање ко Васе Доковски. Едиторијал шминка, исчешлани веѓи нагоре, нагласени очи итн. Не е мој стил и нешто што јас би сакала, но сепак убаво е за око. Даниел исто така ми се допаѓа како шминка, гледам дека е што попридоно, свеж изглед и сјајни усни, а не зациментирани од мат кармин. Ретко постира, но се' што е објавено е ептен убава шминка, особено последната слика од Туна. Најново што ми излезе се z.hairextensions, гледам дека освен надградба на коса имаат и шминка. Пријатно сум изненадена од фотографииве, е сега не знам дали е до тоа што секоја втора девојка на сликите е со филери итн или е до премногу фотошоп, ама сите се кукли направени.
Еден совет за сите : гледајте кој има по НЕисфилтрирани слики. Нуртен, Фиторе, арта .. сите тие се со огромен број филтери. Па што ско немам голема уста ? Можеби сум задоволна со нејзе и не ми треба ти за на инстаграм да ми ја праиш 3х тоа што е само заради “убава слика” да објавиш. Припазете на тоа.
Сигурно веќе си се сликала 100 пати од тогаш, ама еве како предлог за други девојчиња: @makeupstudioangela - немам видено други шминкерки низ Охрид да шминкаат вака природно и убаво. Според мој вкус, преубави се сликите.
Дали кај makeup_xhejlan односно во Јехона шминка само таа? Затоа што се јавив да прашам информации ама не прашав дали таа би ме шминкала затоа што ми се допаѓаат нејзините слики што ги видов ама дека е студио и ме стави во мисла некој друг да не ме шминка.
Итно ми треба шминкерка во Скопје за сликање за табло за во понеделник, а да не е xhejlan, dl art или kosichmakeup затоа што тие се зафатени тогаш. Исто така ме интересира мислење за другите шминкерки во Јехона студио, освен Џејлан и дали сте имале искуство со нив?