Во право си,става филтер и ги гледав сликите нема шанси сите да се толку мазни во лицето. Со зум се забележува дека е матна сликата.
Ќе ставев слика тука да видиш како ме рашлака. Ама ептен ради анонимност не ставам. Не можам парите да ги прежалам. Ќе си купев убава пудра некоја за тие пари
Здраво девојки Ќе ве замолам доколку можете да споделите искуство и цена за шминка и фризура во fatlume и кај maggie medici(velvet студио)? Фала ❤️
Матура, дипломска, свадба, полуматура, доста често и за слика за табло, за свечен настан, роденден, секој за различна пригода кога сака.
Јас веќе никогаш не би дала пари за на шминкер. Затоа што јас си го знам лицето најдобро и знам да си истакнам она што треба и да покријам некој недостаток.Џабе и се шминките од по 100 евра кога шлака само и не знае да ги користи.
За свечени пригоди матура, апсолвентска, свадба (кај поблиски, посебно ако сум цел ден)... За родендени, дипломска не сум се шминкала, а има и такви кои и за излегување одат кај професионалци. Реално никогаш неможеш да се нашминкаш како професионалец и да имаш најубави шминки дома
Јас до сега имам доста позитивно искуство кај девојчиња што шминкале за нормална цена исто со врвни шминки и работеле професионално. Но не биле искомерцијализирани како другиве што наплаќаат по 2-3000. Тоа секогаш ми било премногу, и некако таа шминка не ми била нешто посебно. ДЛ арт ми се сите слични на слика како по шаблон шминката изгледа, Сим ништо посебно а исто и Васе... сенката како неизблендана доволно што искрено за таа цена не смее да се случи. До сега сум била кај Косич и Сара Г и за цената се врв, шминката ми траеше долго и работат со професионални и скапи шминки.
На една од видеата што ги има,видов дека користи на maybelline superstay пудра што на пазарот е до 500 денари, па ако набавува на големо сигурно и е помала цена,што за 2000 денари шминка е срамно да користиш ефтина дрогериска пудра. Стави од mac, revlon,huda некои скапи што ги нема на наш пазар. Затоа и јас мислам дека се преценила.
Предлог шминкерка во Скопје за слика за табло? Не сакам да бидам ко торта во лицето како за прослави ама пак да може убаво да ме скраси
Девојки бил ли некој на курсот за ,,Како да се нашминкаш сама” кај Сим Салтирова? Вака ми личи интересно, некој ако знае детели да сподели тука или во лп?