Бил некој во Студио Вале неодамна, за шминка и фризура? Колку чини? Дали има разлика во цената за невести?
Не знам Косич кои пудри ги користи ама јас сум пре-пре задоволна од неа! Шминката не мрднува цел ден и ми се допаѓа тоа што шминка уникатно и експериментира, а не иста боја и техника на сите.
Минатата недела се шминкав кај Sara G и можам само пофални зборови да кажам. Работи со квалитетни и скапи шминки, а цената е пристапна. Експериментира со повпечатливи бои и притоа не изгледаш како кловн. Меѓу другото шминката не ми мрдна цел ден, а да не ја избришев вечерта мислам дека уште ќе траеше. Препорачувам!
Имам искуство со Арт студио естетика, освен за доцнењето на девојката што ме шминкаше, друга забелешка немам. Тоа што сакав, тоа и добив. Брзо и убаво работат, а и цените не им се напумпани.