Се чудам што имате лошо искуство со Dl art. Ја се шминкам кај Дина уште дома кога шминкаше. Девојчето е преталентирано, има сенс за естетика, јас сите пати сум била презадоволна. Шминката што ја користи е преквалитетна, разновидна, има избор буквално за секаква боја и нијанса. За цената, порано беше поефтина, ама сега има студио во Дебар маало, буквално во центарот на градот, и којзнае колку кирија плаќа, па затоа и оправдани цени. За фотошоп, нема еден шминкер што не ги доработува сликите, Дина става филтери да, grain имам приметено, ама за разлика од некој(ritaimeri, fitore) барем не користи faceapp и не го менува личниот опис. Од Зоран Шубревски исто така сум презадоволна, стварно професионалец.
И јас истото се прашувам. Луѓето како да очекуваат дека ќе имаат мазно лице no makeup look со пудра, контури, руж, хајлајт итн. Малце нереални очекувања, нормално дека финалната шминка ќе изгледа "тешко" кога има милион продукти. Плус шминка баш онака ко што е тренд и се гледа дека има креативност. А и точно е дека нема толку филтри како други.
Да ми предложите студио за невестинска шминка и фризура во Скопје? Сум била кај повеќето во Чаир, односно Анфи, Кенза и З хаир и реално воопшто не сум задоволна, во смисла дека ставаат мн пудра, користат неквалитетна шминка и фризурите се како на нусиња...
Девојки здраво! Ме интересира дали некој се шминкал кај Тамара во Влае (tp.professionalmakeup) слушнав дека преубаво работела и со квалитетна козметика.Дали некој имате искуство кај неа и какво?
Како што кажав мене ми ја препорачаа многу девојки и кај нејзе закажав за 4 свадби во мај. https://instagram.com/tp.professionalmakeup?igshid=YmMyMTA2M2Y= еве и бројче 071-287-467 Во Влае, карши Лук оил се наоѓа како што разбрав.
Ми треба невестинска шминка и фризура. Ги разгледував профилите на Зорица Николова , Косич, Ангела Милеска , Канита , Нуртен , Аида во Долно Лисиче. Имате ли искуство со нив и какво ?
Јас не сум од струмица, но кога имам свадби тој регион таму, ме прави Марјан Петров и шминка и фризура. За мојата свадба кај мене дома дојде Драган (студио Даци) и ме шминкаше со Шанел, Диор, Мек, ЈСЛ.. и двајцата работат со скапи брендови, беспрекорни се. Ако сакаш мобилен бр од некој пиши ми