Здраво, да ве прашам дали некој се има шминкано кај make up Nurten? Која е цената и колку сте задоволни? I so kosich makeup? Колку сте задоволни и која е цената
И мене ме интересира за кај Нуртен. И за dl art и makeup_xhejlan Дл арт знам дека тип изгледаат типките, само дека става мноогу шминка.Ама ми треба некоја да ме нашминка за свадба. Никогаш не сум била на професионален шминкер.Ама ќе ми треба овој пат, башка треба цел ден да држи шминката. Не барам да личам на пластична кукла, и да иам еден тон шминка, само да држи и да е убаво.И некои со нормални цени, не знам дали 2-3000 се доста за обична шминка? Дл арт имаат на Common.mk додуша цени, таму гледам стандард шминка 2500, шо мислите, океј е? Дека врска си неам.Сеа сакам да личам убаво тој ден, и сѐ тоа, ама неќам да се изгорам.И други давачки ќе иам.
Мене Дл арт ме правеше за свадба и не шминка нападно воопшто според мене. Шминката не ми мрдна цел ден, вреди за парите.
Фала ви. Имам важен настан па сакав да одам на шминка, но некако се мислам. Имам преосетливо лице и многу ми се важни квалитетот на шминката за кожата, се разбира и работата до четки. Бев кај ВД неодамна, ок ме направи, и искрено ептен е педантен во врска со четките, шминките но некако не бев презадоволна. Сакав да ве прашам дали знаето некој добар шминкер што внимава а исто си тера природна шминка, не многу нападна.
Нуртен шминка многу понападно од Дл арт. Такс да ако сакаш поприродно, не би ти ја препорачала. Според мене, најпрофесионалец е Зоран Шурбевски. За понежна исто можеш кај VD makeup. Според описов на тоа што го бараш, кај Нуртен или Рита Имери- никако. Цена околу 2000-3000 според мене е океј. Се звиси и од местоположба, и од какви шминки користи, а и од популарност. Имаш девојчиња за 600 што шминкаат, ама јас не би ризикувала. А имаш и за 6000(too much ,освен ако не си невеста) Едит: плус совет, пред шминкање, 2-3 дена, направи пилинг на лицето, и обавезно ставај хидратантна крема. Така пудрата мн поубаво ќе легне, и нема да изгледа како фасада.
Ми треба некој што прави шминка и фризура, но да не шминка по шаблон, туку по тоа што го барам. Не сакам нападно, но не и многу прородно. И кога имам закажано тогаш да ме фати, а не да ми изиграва беснило по 2 саати да чекам на закажано. Јас не сум одела одааамна, сама најдобро се шминкам но со бебево немам време за шминкање и фризура и се, подобро некој да ме заврши за брзо време.
За шминка јас сум презадоволна од beautybysara. Работи и нокти и шминка, а со цените беше ептен пристапна. Сега не знам како и се движат цените за шминка. Имам одено и кај Северкоска во студио Vintage, и таа супер шминка само таа беше малку поскапа.
Јас лично се немам шминкано кај неа, ама другарки што знам, ко паштети беа во лицата. Иначе вака очи убаво шминка, ама нежно дефинитивно не.
Здраво девојки Кое студио би го препорачале за шминкање во реон Чаир-Бутел-Радишани? Порано се шминкав кај Дона (Чаир) и освен каснењето, за 1000-1500 ден. бев готова шминка со фризура и ми беше океј, сеа не ни знам дали уште работи и како е со цени, бидејќи не сум била 3 години би пробала на друга локација, па ако знаете, предложете...