Во влае карши Лук Оил бензинската. Јас се шминкам кај девојкава за секој настан. Никој никогаш поубаво не ме средувал. Квалитетна, брза, препорачувам скроз!
Јас закажав во студио Нора во Ченто. Беа мои другарки задоволни се и цената е нормална 1000ден. Прашав во Чаир во Фатлуме ама немаше место исто ја фалат. Од 2000 нагоре мислам.
Предложете ми некое девојче/студио во околина на Ново лисиче, Аеродром за шминка, само не Наташа кристал
Имаат, исто sstudiobeauty се потпишани на инста, а на фб - studio beauty на едно место имаш шминка и фризура, Рита Имери е 2000 шминка и фризура, исто во Чаир.
Јас закажав за таму и се мислам многу, зашто многу малце следачи има и секако сликите се со филтер.. Косата добро ти ја направи?
Здраво здраво ми треба помош, имам свадба на крај на август и неколку во септември. Ми треба некој од кој сте задоволни што шминка во дебар маало, крпош 1/2 важно ми е да е блиско оти само што ќе сум породена исто ги знам големите имиња ама финансиски не сум во можност толку да дадам, затоа сакам некој соодветен предлог фала ви многу ❤️
Па како што и покажав на слика, плус имав со мене цирикони (ко бисери), ми стоеа цела вечер, а косата ми беше виткана пуштена, не барав некоја фризура посебна за да можам да кажам мислење, имаат 3 девојки што работат во исто време, пошо гужва е викенди...
Дали си задоволна во однос на хигиената? Четките чисти им беа? И дали работат со квалитетна шминка? Јас имав закажано кај нив ама бев скептик и откажав
Да бидам искрена мене техниката и долготрајноста на шминката ми е најбитна и не обрнувам многу внимание на др. ствари... За четки не видов, бидејќи седев т.е главата ми беше во лежачка позиција и не можев да видам што точно користеше или колку чисти беа, имаше доста палети, прво очите, па после лицето го работат, сега зависи и која ќе те шминка, мојата сакаше нежно, а јас бев во фазон секој ден се шминкам нежно сега правиме кат крис во боја, задоволна бев од резултатот, а иначе порано се шминкав на друго место во Чаир и овие ми беа предложени од девојка за матура што била. Сепак да не биде дека ептен ги фаворизирам, јас сакам јака шминка и на тоа целам кога одам на шминкер, за шминките мислам дека мешаат драгстор со хај енд, али не можам со сигурност да кажам пошо не ги видов брендовите на производите. Самите кога закажуваш ти нудат 1200 пакет со поевтина шминка и 1500 со поскапа шминка - професионална, мислам дека тагнуваат на инста што брендови користат.