Најзадоволна сум била за шминка кај Ема, девојката е многу талентирана има пристапна цена а работи со квалитетни производи, mua_emaaa е потпишана на инстаграм , моја препорака .
Девојки, Ваша препорака за некое студио за курс ‘нашминкај се сама’ ? Би сакала да земам курс за шминкање на сопствено лице па барам некое студио..
Здраво девојки, имам потреба од девојка што шминка и има искуство во истото за работа во салон, дали можеби познавате и можете да ми препорачате некој?
@itsmylife Ако уште ти треба девојка за работа, топ работи девојкава https://instagram.com/alexandram.u.a?igshid=YmMyMTA2M2Y=
јас сакав да се шминкам летово кај нејзе за еден настан мене ми делува од сликиве дека е супер и баш коа и ѝмав пишано шо шминка би сакала дрн дрн, ѝ реков дека неам толку сенс за шминкање и дека она ќе треба да бира бои, и баш беше фина, ми рече ако можам тогаш да те шминкам, ќе доеш претходно ќе се договориме мене ми личи дека не става филтери, или може малце става на сликите
уххххх кај Нуртен само не иди а мислам и ти се имаш жалено ако добро памтам? имаше една, другарка идеше кај нејзе, у Чаир, само да ми текне као се вика и ќе ти пишам у лп
Јас се шминкав кај неа за табло и позитивно искуство имам. Ми се допаѓа како работи и на слика убаво излезе.
_s3beauty на инстаграм се потпишани разгледај. Цени пристапни, шминката цел ден трае. До сега 2 пати сум била кај нив и стварно ме направиле како кукла. Но, единствена замерка што јас ја имам е тоа што не се замараат многу со хигиената (во смисла користат бјути блендер што е пред распаѓање и ниту еднаш не е измиен и некои такви "ситници"). Другарки што биле во други салони кај албанки истата приказна е со хигиената, ама не се баш задоволни од услугата
За сликање за табло кои ќе ги предложите? Мене ми треба за матура, на братучетка ми за апсолвентска. Битно ни е да е добра шминката за на сликата. Цело време гледаме по интернет, нешто секаде нападно ми личат и со многу филтри. Се немам шминкано никаде до сега.