Влатко ме шминкаше за свадба во август. Пудра и коректор ми стави од Диор, сенки од повеке марки, маскара исто Диор. Се беше квалитетно и шминката остана непроменета на 40 степени дури не ја извадив. Еве слика како ми беа нашминкани очите. Ке потенцирам дека јас барав јака арапска шминка - тоа и го добив Само шминка чинеше 1200, трепките јас си ги купив 200 денари во Космо па ми останаа и за други прилики.
Елена-Ека е супер. Ме има шминкано и користи супер шминки. За цената не сум сигурна ама мислам дека беше 1000-1500денари. Сега можеби и нешто се променило. Во секој случај Ека е закон. Исто така јас сум многу задоволна и од Цаци Паковска. Ме среди ептен добро, шминката ми траеше до сабајлето, а користи шминка на сите познати брендови.
Катастрофа!!! Немој ни да си помислила да одиш па и да ти платат за да те шминкаат или фризура да ти прават. Мене Сандра ми е многу блиску па отидов еднаш на фенирање, ми требаше за прослава, абе катастрофа. Дете од две години поубаво ќе ме направеше. Подобра фризура имав кога стигнав таму отколку кога отидов. Другарка моја исто порано одеше таму и сум ги гледала фризурите. Очајно жими се. Таму истите девојки и фенираат и шминкаат и ставаат нокти и прават депилација. Единствено сум задоволна од ноктите и од ништо друго. Ако сакаш прати ми лична порака ќе ти дадам број од една девојка која преубаво шминка, знам и дека прави фризури, ама мене лично не ми правела. Ме има шминкано два пати за многу малку пари и шминка предобро. Нема студио, се затворило тоа кај што работеше па шминка или кај нејзе дома или кај тебе може да дојде
Кај да се шминкам и да праам фризура за матура ? Кај Владимир или Ека ? Стварно не знам , ми кажаа пофални зборови и за двајцата..
Владимир Трајковски и е стилист на Лила, и само по неа се гледа колку дечкото добро работи. Јас се имам неколку пати шминкано кај него и искрено сум презадоволна. Инаку и кај него и кај Ека е 1500 само за Ека незнам како работи јас лично не сум била, а имам слушнато дека и таа била добра. Инаку на фб можеш да си ги најдеш има на профилите нивни слики од тоа што шминкале http://www.facebook.com/makeupeka еве ти од Ека http://www.facebook.com/profile.php?id=100002192395763 и еве од Владимир Поздравче
Мислам дека треба да побрзаш со одлуката, бидејки тешко ќе си најдеш термин, ако воопшто имаат сега. Се знае кои се деновите на матури и тогаш им е фул. Кај Дадар памтам јас кога бев матурантка, се закажуваше уште во јануари, а веке крајот на февруари немаше термин. Другарка беше на шминка скоро кај Владимир и ја среди феноменално, стварно си го знае занаетот. Студиото во Лептокарија му е чинам.
Дали може некој да ми каже - ако правиш фризура на едно место, а шминка на друго место, дали прво ја правиш фризурата па одиш да се шминкаш или обратно?
Дали знае некој каква подлога- фиксатор за шминката користат нашиве шминкери??? Во потрага по фиксатор сум па да се распрашам или од искуство пишете ми. Фала
Најефтиното место за кое знам наплаќаат по 800ден. Досега не сум била на професионален шминкер, се си се шминкам сама, ама и инает ме фаќа кога гледам колку убаво може да те нашминка некој маж, па зошто да не можам и јас сама???
Девојки ми треба совет или препорака..на сестра ми и е матура па по повод битниов настан ми треба и мене шминкер пошто сум фатена у раце за таа активност. Значи нејќам некој Дадар, Ека Мека ме шминкаа тие мене коа ми беше матура, сакам значи некој кајшто имате искуство, шминка добро, и не зима тон пари за 10 потези. Благодарам однапред
Типов шминка лудница. Перфектно. Својата другарка не си ја препознав кога ја нашминка.Али затоа многу е скап. Едвај преку луѓе со врски и симна цена на 5.000 ден за шминка и фризура. Инаку во пакет му оди шминка со фризура,поединечно нема кај него,што сметам дека е чиста глупост. Да имам повеќе парички тој би бил мојот избор за свадбата на другарка ми. Ама вака не ми се фрлаат толку пари бе. Што е многу-многу е!
Феминки Дали ќе може да ми помогнете во врска со шминка.Дали познавате некој кој навистина добро шминка во Прилеп или Кичево? Ако знае некој го молам да ми остави бројче за да стапам во контакт, ви благодарам.
Сега го гледам ова,се надевам не ти е касно. Во Кичево убаво шминкаат во парфимеријата Инфинити И мислам дека цените не им се толку скапи а работат со квалитетна шминка. Иначе,јас се немам шминкано кај професионален шминкер,барем за сега. Уствари се имам бе,во една фризерница за полуматурата,ама рака на срце јас поубаво ќе си се нашминкав одколку дотичната госпоѓа. Исто и за другарската вечер,имав поклон шминка и фризура од партнерот Па се шминкав кај неговата мајка.Убаво ме нашминка,во целост супер беше.Само пудрата не ми се свиѓаше.
Ајде сега и по некоја антиреклама за битолските "професионалци".Сите фустрации ми за матуратами се од таа Ратка.Сите ги шминка исто, строго кафеава сенка и исцртнани усни со розево моливче.Зема повеќе од договореното и бидејќи знае дека си се нашол во тесно во тој момент, нема каде мора да и платиш.Работи дома и нема никаков трошок ни талент.Срамота !
дефинитивно Дадар е врв...кој што сака нека каже ама сите останати само шлапаат само без да видат која е твојата форма на око лице или уста па со шминката да го доведат близу до идеално. Се шминкам само кај него е сега соленко е малку ама вреди 2500 му е шминката