не знам не сум ишла кај никој од овие другарка за свадба се шминкаше кај Косич, и беше ко богиња. Ама ете зафатена била ако сакаш ќе ти пишам во ЛП една девојка, види може да те напраи и свадбарски мене за друга прилика ме шминкаше и бев како кукла мислам не таква порцеланска, него убава
Здраво имам 2 прашања. Како се викаше студиото за шминка во cut &cut? И колку зема make up by meri во Охрид? и бр. дали можи да ми пишите.
Искуство со MaggieMedici и Велвет студио? Сакам да закажам, ама не се активни на инстаграм, не знам што би добила
Јас бев кај Косич, презадоволна е мал збор. На целодневна свадба бев, во 8 сабајле се шминкав буквлно не ми се помрдна шминката, со карминот она што ми го стави дома се вратив. Плус што е преталентирана и ептен е срцка, дефинитивно само кај неа ќе одам од сега и ептен вреди за парите, 2500 за тоа што го добиваш ништо не е. Јас сум тешка да ме погодиш за шминка и многу пати плачејќи сум се враќала и сум се миела, Милена дефинитивно е левел про
Sstudiobeauty или tp.professional makeup? Од кого сте позадоволни? Ми треба за апсолвентска забава И за Фатлуме исто ако има некоја искуство
Си имав регуларно закажано 2 3 месеци унапред и на два пати и пишав да го потврдам терминот и да ја потсетам нели, за 10 дена пред свадбата да и пишам пак и да ми рече дека нема слободно, зошто си закажала невеста некоја. И скриншот и пратив и се, џабе беше. Среќа најдов друг..
Не знам искрено доста места имам сменето и никаде не се враќам повторно Од далеку шминката е океј но од близу малтер и светки .. Само од Фиторе сум задоволна за свадба како ме среди и минатата недела бев на шишање и фенирање значи Алал да им е. Телефонот не им застануваше само им звонеа клиенти.. Една матурантка како имаше средено.. врв значи. Е сега невестинска и е 250€ скапа е, и уште ми е криво што кај неа не закажав за веселбата на син ми..
Меги е права професионалка!Преубаво шминка...Прави порценка на секоја девојка,и шминка според цртите на лицето,а не ко некои научиле една техника и сите на крај исти се “маскирани“ наместо нашминкани. Топло најтопло Маги ја препорачувам! И многу убава квалитетна шминка користи и трепки...-НЕ МРДА и по 10часа шминката.Повеќе пати ме шминкала,меѓу кои еднаш ко невеста...
Супер што ти се погодила, најбитната вечер да ти е раат, а и за цените нејзини. Ама кога сме кај неа, јас од Фиторе па не сум задоволна. Не знам дали сум единствена или сум многу комплицирана. Никогаш не би и дала 250 е за вечер, ниту би одела пак кај неа, мислам...и 100 евра ми се премногу генерално за шминкање ама сите накачија цени, тој момент го сфаќам ама 250 е е ебе*е во мозок. @Feminka22 може инста од девојката или контакт?
Јас бев 2016, уште беше во старото студио. Тогаш беше 150€ за невеста. Ама реално со се миење коса прво масажа цело деколте средено, сама надградба ми позајми.. Сега шишање и е 1000ка, а фенирање 400-600 долга што мислам дека е дури добра цена за таква услуга, навистина ја бива, знае Вака ја велат за арогантна а со мене е баш фина кафе сок се си послужија и сама со четки ме исфенира.
Здраво, ми треба препорака за шминкер и фризер во Неготино или Кавадарци. Ако сте имале лично искуство со некого или барем сте слушнале дека е добар Фала!