Има еден дечко што става подлога и пудра а она ги прави очите на сите мислам. Барем мене дечкото ми го среди лицето целосно, Милена ми ги правеше очите и устата.
Бев кај Меги медичи, катастрофа. Не вреди за парите. Светев уште кога се вратив дома од шминка. А за вечерта да не пишувам...на слики сум како лампион. Очите воопшто не ми ги нашминка како што и покажав, туку она како си знае така си шминка. Многу малку сенка, и тушот немаше убава форма исцртано. А косата 1000ден за 5 влакна фенирање за кратка коса... Првин ме испраша што улога имам на свадбата и како и кажав дека сум старосватица ми качи цена за фризура на 1000. А претходно во пораки беше договорено 1500 шминка и 500 фризура, ама таму на столче ми кажа друга цена. Си платив, кај ќе одам на тој ден...
За шминка голема препорака за : https://common.mk/entity/lasamrah-makeup Населба Ново Лисиче - Аеродорм до доаѓа и дома...
Јас сум на некоја свадба Битола. Се мислам дали да се шминкам тука во Скопје или во Битола. Дали можете за Битола да ми предложите некого?
https://www.facebook.com/angela.vidanovska?mibextid=ZbWKwL https://www.facebook.com/simonnebeautybt?mibextid=ZbWKwL https://www.facebook.com/profile.php?id=100009874984223&mibextid=ZbWKwL
За апсолвентска се шминкав кај Александра Але Алексовска во Аеродром и значи девојчето е врвен професионалец од квалитетна шминка и хигиена до услуга и точност, а за тоа како ме нашминка бев воодушевена зошто ни јас не бев сигурна точно што сакам, но таа направи магија . Шминката издржа 12 часа без да мрдне, ниту карминот ми се избриша ниту ми светна лицето. Секоја препорака!
Ако не кажеш дека си невеста ќе ти направи иста шминка и фризура како кога би кажала дека си невеста само ќе ти наплати три пати помалку.. Братучетка ми со ист трик, за 1200 денари си доби профи шминка и фризура.. А пакет невестинска фризура и шминка беше 100€..