Може да ми предложите некои добри студиа за професионална шминка со фризура и шминка 2000-2500 денари?
Искуство со шминка и фризура кај Илма Рамковска, LaSamrah или Студио Еса? Да не знаете некој да држи обука за сам како да се шминкаш? Знам кај косич гледав порано на стори..
Јас за свадба закажав во ss studio во Чаир во сабота. 1500ден е пакет шминка и фризура. Па ќе видиме што ќе испадне
Да ја пофалам само Фатлуме. Јас го користев пакетот за 1000ка што е шминка и фризура и сум презадоволна. Препорачувам
Како закажавте жити се. Пишувавме на месинџер ја прашував за термин и дали може да дојдам со бебе(со мајка ми да го чува) додека се организирав да не го носам,пишувам пак не ми одговара. Пак другиот ден не одговара. И се јавив вика пиши ми на инста. Јас таму не сум мн активна,ја прашав на вибер вика може. И пишав таму нема одговор. Ајде и на инста се логирав,ми врати дури другиот ден жал ми е немам термини(а првиот пат кога зборевме имаше) . Имав предчуство дека ќе ме зезне и така испадна..многу непрофесионална..
Јас редовно одам кај нејзе - За фризура сум барала обично да ми ја навитка па лабави локни и ми траеле цела вечер, за нешто покомплицирано не можам да кажам. А за шминка ми е супер - многу задоволна.
Еве review: Кога отидов веднаш почна да ме шминка една повозрасна девојка (претпоставувам газдарицата). Таа ми ги направи веѓите,друга ми ставаше пудра па пак таа ме доврши со шминка. Ми фати два прамени од косата во пределот на очите и ги затегна позади во репче. Ниту побарав,ниту ме праша дали сакам. Веројатно за да ме затегне,ја прашав зошто рече да сум била поубава Додека ме шминкаше,други две девојчиња(овие како чираци помагаат) ми ја виткаа косата. Пред да седнам за шминка покажав што сакам од шминка и фризура. Ме нашминка за 20мин,ме префрли на стол за фризура и почна да ми ја чешла косата,потоа почна некоја друга фризура да ми прави. Обично не сакам многу да коментирам ама видов дека друго нешто прави и ја потсетив што сакам. Аа заборавив вика. Ајде поправки. Јас сакав репче ниско,навиткано со плетенка од патец до позади,над уши да поминува. Она ме залижа,репчето како кокошки да претале,два тенки прамена напред ми направи. Побарав во средина горе да ме истапира,аа не требало така нема да биде убаво. Значи сума сумарум,од шминката можеби и сум задоволна,сепак пудрата не беше до толку бетонирана,веѓите беа ок. За карминот побарав да не ми се двојат нијансите на моливче и кармин ама не ме корегираше,дома си се поправав. Од фризурата не сум воопшто задоволна,не го добив тоа што го побарав а и не дозволи да се побунам,одма извади огледалото да се видам позади и се тргна од кај мене отиде да шминка друга девојка. Баш беше гужва,студиото три на три,еден куп жени внатре. Малку нехигиенски работат,и паѓа долу четка за шминка,ја зима не ја ни брише ја враќа. Многу им се блиску столиците, на мене ми прска лак позади мене девојка се шминка на 50см лакот право кај неа во очи. Ме заврши за 35мин, што ми беше во прилог со оглед на бебето дома, но не си отидов задоволна. Затоа втор пат нема да ме види
И мене Фатлуме ме затегна така со ластиче. Ко што сум фрик мислев којзнае што ми прави прво ме болеше ама се навикнав