1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Професори со партиски книшки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lovely97, 21 октомври 2016.

  1. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    И на филолошки факултет има изборен предмет латински јазик за романската катедра ( француски, италијански, шпански, романски) мислиш дека ќе бидам доволно спремна со едносеместрален предмет за професорка по латински и рамо до рамо со некој што завршил класичнии студии и 4 години се посветил и учел тоа а јас сум поминала со семинарска и ќе сум компетентна за професорка по латински ? Не мислам дека е баш така. Конкретно во образование не може да не мора да е по професијата вработен мислам :rofl:Никој не вика дека сите вработени се некомпетентни и не знам ти какви , ама треба бе луѓе да се пододбираат не е секој и посекоја цена за професор ниту роден ниту кадарен. Од примерите околу мене за тоа како е и кој е вработен можам да ти кажам дека не знам како диплома земале, е до толку се. И нив мои деца не би им пуштила да ми учат и образуваат и воспитуваат .
     
    На crimson, Nausicaa, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Епа ајде сите студенти ќе одбираме во секој еден семестар по еден јазик и ќе можеме да ги предаваме сите јазици во средно.. ..
    Некој си ебел мајката и си го тупел мозокот 4 години, ама чекај јас курс ќе завршам за 2 до 3 месеци, и ќе му го земам местото на работа.
    Не е фер ова алооо...
    Дека има партиска книшка значи дека е Господ и може што сака да работи?
    Плус латински јазик исто е на Филозофски факутет ама имам другари на историја и кажуваат дека порано имала некој лоша проф таму и им било страв да одберат предмет и дека СКОРО и НИКОЈ не одел... Така голема е веројатноста дека и таа личност НЕ ОДБРАЛА ЛАТИНСКИ, ама и во случај ако слушала тоа е само ЕДЕН СЕМЕСТАР т. е. 3 месеци.
     
    На LollySky и Nellie им се допаѓа ова.
  3. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Целосно те поддржувам за мислењето @JollyGirl , па така по кој сакаш предмет може да си професор :D
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Во програмите за основно и средно точно си стои норматив за квалификации за наставен кадар по одделни предмети, не стои дека коj и да е може да предава било што. Но изговорот за да се прими некоj партиски е дека наводно на конкурсот не се приjaвил никоj со соодветно образование па морале да примат несоодветни.
    Не е точно тоа "сите се исти", сите бараат книшки. Прашаj било коj вработен во школо пред повеке од десет години.
     
    На Nellie и JollyGirl им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @JollyGirl

    Не секој курс по латински јазик е толку малку месеци. Всушност, кога реков курс, не мислев само на оној универзитетскиот, туку и на оние кои се одвиваат екстерно. На ваквите времетраењето им е и по 3 години. Но, како и да е, совладувањето на јазикот кое е предвидено според програмата несекогаш е соодветно со времето во кое одредена индивидуа солидно ќе совлада одреден јазик. Да, точно е, таквите кои ќе научат да пишуваат и флуидно да го говорат јазикот за пократок временски рок се ретки, (и воедно се согласувам, никако не може за 3 месеци, освен ако не продолжат и после факултативните предавања да учат надвор од семестралниот период), но постојат и можат да бидат далеку подобри од некој кој 4 години го учел јазикот според струка.

    @LollySky

    Нормативот на квалификации подразбира професорите да бидат и добри педагози. Но, само погледни во улилиштата колку е следено тоа правило. Постојат многу наставници и професори кои агресивно или пасивно агресивно лечат комплекси преку децата. А пази, сепак се компетентни за работно место бидејќи соодветстуваат на бараниот критериум од аспект на образованиот степен и струка. Но, тоа знаење кое го здобиле, ретко и кога доаѓа до израз токму поради манифестот на проблемите од психолошка природа кон учениците. Значи, вакви професори постојат уште од времето на Комунизмот.

    Додека ,,замената на идентификација" на книшките која ја спомнав, дефакто постоеше и во времето на Сдсм, само разликата е во тоа што тие не бараа книжна потврда, но селекцијата за високи функции сепак беше тесна и повторно, резервирана по партиски мито - корупциски принцип, како и денес.

    Инаку, точно е дека секој не може да предава било што, тоа никако не го оспорив. Туку направив споредба меѓу еден кој завршил факултет и бил партиски вработен, и друг кој го завршил истиот но, не побарал партиска подршка. Значи, станува збор за луѓе со иста квалификација, со таа разлика што двајцата се соодветни, но поентата е дека првиов се снашол повеќе од вториот.
     
    Последна измена: 25 октомври 2016
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Мене ми е жал што ти наоѓањето работа со партиска книшка го сметаш за снаодливост, мене лично како професор по англиски би ме деградирало и би се срамела да ја ставам партиската припадност пред личните компетенции и квалификации.
    Секако не тврдам дека апсолутно сите порано се вработувале без да им се побара книшка, врски или мито, едноставно не било тоа во толкава мера како денес.
    Сосема се сложувам со тоа дека во образование работат секакви лудаци и психијатриски случаи. Ќе ти кажам само еден свеж пример, наставничка во моето училиште на деца им удира глава од глава, или им врзува шамар. Директорката и инспекторот не ја ни опоменуваат, камоли да ја казнат, затоа што е со партиска книшка.
     
    На Oscar Lady, Kitten, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    А таа па СИГУРНО учела курс по латински И ТОА 3 ГОДИНИ (facepalm)
    сигурно појма си нема од јазикот и сигурно чита пред час.
    Еве јас лично би ја пријавила во министерство и заедно со комисија би и пошла на час.
    Која сака нека е... Не заслужува по тоа да предва и готово.
    Што не си барала по струката? Само му го зема на некој местото безврска.
    И не е само таа, кој знае колку има скриени гниди ко неа со партиската книшка под мишка.
    ако стварно има појма од латински нема да се плаши од комисии, инспекции и слични работи, ама прашај ја како и е во душата.
     
  8. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Веќе по последниот коментар на членот дека има екстерни курсеви по латински илузорно е да коментирам понатака. И запиши ме на курсот по кој флуидно се зборува латински :D Секаде ќе има исфрустрирани, нереализирани кадри без разлика дали во образование или негде на друго место. И немој со муабетот дека некој повеќе ќе знае јазик и да е професор од курс за разлика од некој што го студирал тоа.
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.752
    Пол:
    Женски
    А за каков курс се збора уствари? :^)
    Зошто јас лично англиски јазик и книжевност учев преку 10 години. Велам и книжевност зошто обработвавме и дела и сите тие убај работи и не, не на училиште туку на курс, поточно се водеше како приватно училиште за странски јазици.
    Ако мене ми се понуди работа веројатно би ја одбила зошто немам уште завршено предмет педагогија, ама откако би завршила фалултет во кој имам повеќе од еден педагошки предмет и случајно имам шанса за да предавам анлиски не гледам смисла да испуштам зошто сметам дека знам доволно и дека можам да го предавам тоа на разбирлив и достапен начин. Ама веројатно нема да имам можност за во училиште зошто условот е факултет само зборав за хипотетичка ситуација, ама би можела во приватно училиште такозвано курс.

    За партиски книшки. Протов сум и дур не основам семејство ако неможам да најдам нормална работа до одреден степен можеби ќе земам книшка (и да ми се гади од себе после) ама стојам зад тоа дека е грешно. Имам зборано со татко ми како е ова грешно, а он ми вика нормално било. Владата ветила да вработи и нормално прво на гласачите ќе им дај. А мене ама ич не ми е логично едни да живеат па други да мизеруваат и обратно со смена на власта.
    Во овие наставници со партиска книшка има и многу добри зошто имам сретнато неколку кои на рака се бројат, ама поќето ... Се релаксирани зошто знат дека засега никој не им можи ништо, бар така мислам, не дека не се кадарни. Ај мене да ме клат француски ако уште не го зборам флуидно, децата ќе ме исмеваат бе, остај др. :?: Додуша основец е брат ми и кажва дека имало наставничка нова и млада шо не знаела реченица по предметот да сврзи, ама како можат така оставам на нив. :worried:
     
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    @LollySky

    Лоли, се согласувам, деградирачки е. Особено за човек кој напорно работел на образовно усовршување, и тоа стои.

    Иако на сите во оваа држава ни е одамна јасно дека дипломата претставува фиктивно, неупотребливо парче хартија доколку немаш татко или чичко директор. Но, дека тоа Е (негативна) снаодливост, апсолутно. Еве за пример, да направиме споредба меѓу двајца партиски активисти од кои двајцата завршиле факултет, со таа разлика што едниот од нив играл двојно по валкана игра, па покрај организирањето протести и собири за партиските цели, истовремено потпомогнал некому при проневера на пари, или своеволно понудил мито, и меѓу другиот ,,наивен патриот" кој бил класичен потрчко, верен партиски оданик чијшто партиски backround не му е многу познат, па неговиот ангажман е насочен кон безусловна верба и општа добробит за партијата,. Што мислиш, кој попрво ќе ја добие посакуваната функција?

    Што се однесува до овој параграф -
    Не се согласувам дека сега е премногу очигледно. Значи, oтсекогаш, при секое менување на Власта, доаѓа и до постепено, но темелно менување на високо позиционираните кадри. Факт е дека секој си вработува свои луѓе, но нивната способност најчесто се става во втор план. Значи денес, сите овие кои се лупаат во гради еве кој сум, утре ќе бидат заменети, со исти такви. но сини.

    Од друга страна, почитувам кога велиш дека не би „се прeдала" во ничии канџи, но прашање е дали на истиот начин би размислувала и кога би те чекале долгови, неплатени сметки и гладни деца, а наместо било каква работа не би имала никаква.

    @JollyGirl

    Не зборував само конкретно за неа, туку општо за сите професори кои се предвремено осудени за недоволно компетентни. Што ни е нам гаранција дека претходно не одела на курс учела да речеме 5 години, а истовремено е солиден педагог и професор? Да, поверојатно е да не биде така, но повторно, не ја имаме комплетната слика. Секогаш постојат исклучоци.
     
    Последна измена: 28 октомври 2016
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Со повеќето мислења се сложувам и потврдувам. Кај нас има се' само некаков ред на работите не! Во држава каде што владее беззаконие кујзнае дали некогаш ќе биде поинаку.

    Во образование има: професори со книшки но и професори без книшки, професори примени со врски и мал процент примени без врски- по оглас, професори со недозавршен факултет, професори што предаваат не-матичен предмет или немаат дозавршено (положено) педагошки предмети, значи професори без соодветната струка, директори без положен директорски испит, професори кои и покрај завршен некој од педагошките факултети не знаат да бидат педагози...

    Во врска со последнава точка, тоа што се учи по факултетите не е доволно за да се биде вистински педагог. Во суштина сите факултети кај нас имаат многу малку или немаат воопшто пракса која се бара за во одредена струка да станеме стручни. Значи не е ова само кај професорите, генерално образованието (факултетите) не ни нуди добри услови да се оспособиме за работа во одредена област. Но ова веќе потегнува друга тема на муабет.

    И секако, за примање нови вработени се става примат на оние со книшка, "некој" на "некого" и со врски, па макар и немале соодветно образование за таа работна позиција :envy:
     
    На LollySky и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Први се денес новите професорки во Борис Трајковски... Вејат знамиња, радосни што му зеле место на некој, јадат сендвичи.
    Слики ми излегоа на фб. Не ги мислете ич.
    И таа со историја што предава латински, и таа со географија што предава германски, и таа со физичко што предава математика, сите се таму :)
     
    На theowndemon, Nausicaa, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Видов и jaс некои познати, цели горди ставаат селфи на феjc
     
    На theowndemon и JollyGirl им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Јас само знам дека кога би имала доволно пари, на секој одличен ученик и капацитет, а воедно и таков професор што го бива, би им дала по еден one way авионски билет, а не тука да седат и нивниот талент и интелигенција да биде демотивиран и погазен од баш тие што Џоли ги наброја погоре и интелектуалците на УМС, од сите од кои ми се :puke:
     
    На theowndemon, Nausicaa, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Па така ами како, мора да се сликаат за да ги видат од штаб дека биле таму, инаку нема решение, нема часови да им дадат.
    Абе ми се поврќа еј... Само тие во странство што заминаа, си завршија огромна работа. Далеку од ова лудило.
    Ало, има некој нормален во државава?
    Убаво оние шарените по улици си викаат Нема правда, нема мир...
     
    На Nausicaa и LollySky им се допаѓа ова.
  16. Kornelija.J

    Kornelija.J Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Професор да има партиска книшка или да биде партиски член нема ништо лошо во тоа, напротив тие како академски граѓани должни се да придонесат за развој на земјата. Лошото е во тоа ако за да бидеш професор ти треба членска книшка, или ако од позиција на професор се обидеш да влијаеш врз студентите или учениците.
    Искрено ми пречат двојните стандарди, професори кои јавно се преставуваат како експерти а се ставаат на страната на една политичка опција се ок, ама од друга страна не е ок да некој професор биде на листа на друга политичка партија. Според мене по фер е да си на листа и да влезеш во парламент за да исажеш политички став, одколку да се затскриваш зад звањето експерт а да пропагираш една а сатанизираш друга опција.
     
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Ние овде зборуваме за професори по основни и средни училишта кои се вработуваат преку партија. Партијата НЕ СМЕЕ да биде критериум за вработување, особено во училиштата.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kornelija.J

    Kornelija.J Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право, јас тоа и го реков, не смее да биде критериум партиска книшка за да станеш професор.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    И финтата е што работат професори што го немаат завршено соодветното образование. Зошто таа со историја предава латински, што е пишана во воведниот пост? Зошто не си предава историја?
    Пошто вее денес знамиња, ете затоа. Пошто нема срам да оди и да се пикува по луѓето што се повлијателни во партијата. Пошто курот ја боли дали му го зела н некој местото.
    Тоа фер е? У пичку матер е фер. Нека се гонат сите...
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Катастрофа, за жал само со партиска книшка се просперира кај нас, неискоренлив синдром. Но, кога ќе се промени политичката гарнитура на власт, тогаш се прават партиски чистки и одмазди, прераспоредувања на несоодветни работни места, непродолжување на договор за работа итн.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.