1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Професор во основно/средно образ.

Дискусија во 'Образование' започната од brightness, 24 март 2013.

  1. brightness

    brightness Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    здравоо :) од секогаш моја животна желба ми е да работам како професорка во школо :inlove: дали има професорки на форумов? па ако има ако може да пишат да се изјаснат како тие ја доживуваат оваа работа :rofl:
     
  2. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    понекогаш и јас сакам ама во основно :lol:
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Јас сум сакала да бидам професорка и ќе бев таква што ќе бев како пријателка на учениците, ќе беше интересен секој час. Дали на основно или средно, не е толку битно со мојава наука имам шанса за професорка во средно бидејќи таков предмет во основно нема.
     
  4. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Сакав да бидам професорка по англиски, за на крај месец пред да се запишам на факултет да ми текне дека не можам да бидам професорка.
    Не можам да бидам професорка, од проста причина што јас и да знам нешто, нема да знам како да го пренесам тоа на децата и ќе ги оставев без знаење (што е проблем на многу професори).
    Верувам дека сите кои (сакаат да) се бават со оваа професија треба да бидат креативни, за да ги заинтересираат децата за нивниот предмет и да сакаат да ги слушаат.
     
  5. MacaMarchy

    MacaMarchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Сите барем еднаш сме сакале да бидеме професорки или наставнички. Но сега кога подобро ќе помислам на тоа сепак не фала. Има премногу професори и наставници, мала им е платата, односно не се доволно платени за тоа што го прават, се малтретирани од учениците и во средно и во основно признајте си сите сме им направиле по нешто на професорите, дополнителни главоболки не благодарам итн. Е сега за проф. на факултет може таму има поголема дисциплина и повеќето се културни.
     
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Кога се запишува факултет, претпоставувам се запишува поради љубов кон некој предмет. Барем кај мене беше така, не "реда ради" колку да се студира. Значи ако си го сакаш предметот, ќе знаеш и како да го пренесеш на деца, упростен до степен да и одговара на возраста од учениците на кои им предаваш. Кога си доволно стручен во одредена област, не гледам проблем да се пренесе материјал кој е 100 пати поедноставен од тој што си го учел на факултет.

    На времето покрај докторите најхумана и најпочитувана професија била учителската. Штета што вредностите целосно се изместија па затоа и не се доволно платени. А за тоа колку се изместија и сите други вредности во општествово што го опфаќа однесувањето на учениците, не ми се ни зборува, ми се плаче.

    Бев со огромна желба да бидам даскал која ме држеше скоро 20 години, но во задно време се предомислувам да специјализирам нешто и да фаќам џаде од тука.
     
  7. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Јас сум професор по математика и многу си ја сакам таа професија. Многу ме исполнува кога спремам некој ученик што имал кец или двојка и кога ќе добие 4 или 5 на писмена или 9-10 на испит.
    За ова не е потребно само стручно знаење, туку и педагогија и малку психилогија. На тавките обично им е потребно и подигнување на самодовербата и со мали чекори полека да ги движиш до целта. А убеден сум во тоа дека секој просечно интелигентен човек може да научи, само треба да ги мотивираш добро.