Мое мислење е дека не е, бидејќи рекоа чет ќе имало до крај на неделава ко што прочитав. Мислам дека е ко на фб нели на „ѕидот“ статуси, да објавиме нешто што не е за во темата, да се пофалиме..не знам јас лично така го сфатив, па некој друг нека објасни поубаво, ако сум грешка, а изгледа сум.
На кајгана го има ова. Сметам дека ги зближува членовите, пофалби, критики меѓусебе си кажуваат. Интересно е.
Незнам како стигнав тука кликнав нешто и оп ова ми се појави. Ц ц ц ц , ајде иде викенд па да го разработам форумов дел по дел. By the way ми недостигааат мислењата ... сега се пораки
Не, не се пораки. Профил пораки се пораки испратени на твојот профил и видливи за сите членови/гости на форумов/членови кои те следат. (зависи како си прилагодила) А, мислењата си се овие и ќе си останат. Еве, пример, јас можам да ти напишам нешто на профилот и ти да го лајкнеш и/или коментираш тоа.