Не знам, јас си ги нарачав, не сум имала ваква понуда или некој близок да ми подари. Све ќе направиме, надежта последна умира. Поздрав и со среќа и на тебе
Me interesira koga ke se dobie vaucerot i gi naracuvas ,za koja cena i koja bolnica,pa za kolku vreme stigaat sega toa ne mi e jasno nisto ,ako moze za odgovor ve molam?
Здраво, темава не е баш активна, ама се однесува на мојот проблем. Две неуспешни Ивф со донирани јк, една Ремедика, втор пат Њуборн. Сакав да прашам дали има некој со позитивен тест од Ивф со донор, тука или надвор, и кои испитувања ги направивте и која терапија ја примавте. Во Ремедика ја даваат основната терапија, а во Њуборн плус за циркулација. Кај мене немаше имплантација два пати, некој да помогне од искуство? Фала
Тина и јас имав две неуспешни Ивф со донирани јајце клетки, и двете во Ремедика, кај др. Петановски. И за двете нарачавме по 4 јајце клетки, првиот пат се оплоди една, а вториот имавме две ембриончиња, но немаше имплатација. Со терапија бев покриена целосно, од втор ден на циклус почнав со естрофем 3x2, аспирин и фолна, пет дена пред трансфер со пролутекс и кринон гел, и од петти ден после трансфер со клексани. На второто Ивф ми вклучија и нивестим по шема од денот на трансферот. Така да неуспехот сметам дека се должи на квалитетот на јајце клетките. Сега планираме наредното ивф да го правиме во Украина, во Биотекском. Они нудат повеќе пакети, ние го избравме тој со една донорка и да си ги замрзнеме вишокот на ембриони (најевтиниот). Цената на пакетот е 4900 евра со вклучено се, прегледи, испитувања, терапијата, смештајот, храната, буквално се, ти само треба авионските карти да си ги платиш до таму. Можеш да разгледаш на нивната страна и да прочиташ по форуми за нив. Досега кај нас, со ваучер, за двете инвитра имаме дадено околу 8000 евра (два кредита зедовме), а резултат нула, купуваш 4јајце клетки за 3000 евра од кои само една ќе остане и таа со никаков квалитет.
Фала на одговорот. Јас мислам да испитам вит д следно. Иначе во право си, нешто не штима овде, дали ембрионот, дали дека немаме испитувања ни на тој прозор за имплантација ни на ембрионите. И ние имаме еден куп пари дадено, не ни бројам, само за јк 6650 еур, а другите испитувања. Јас правев и хистеро - лапаро, и примав иста терапија сега последниов трансфер. Ти посакувам успех во Украина, јас ќе пробам уште еднаш тука, имам уште 3 замрзнати јк. Поздравче и све најубаво
Zdravo nova sum na forumot mi trebat poveke informacii od kiya Tsu da ja iskontaktiram za informacii za praga , Blagodarm
Здраво на сите соборки. Јас сум бремена 3ти месец, здравје по бременоста планирам да донирам јајце клетки. Би сакала да остане се анонимно, желба ми е на некој да помогнам да се оствари како родител, па и на неколку фамилии доколку можам. Јас сум бремена со инвитро (машки фактор). Ги имам сите испитувања за жени поминато, се е во најдобар ред со мене дури и генетското. Здрава сум, 28 години сум. На пункцијата ми извадија 6 ј.к од кои 6 се оплодија и 6 пораснаа во бластоцисти. 2 искористив свежи лани и имав успешно инвитро бо немаше срцева акција, а 4 замрзнав, сега искористив уште две и еве бремена 3ти месец. Имам уште две тие ќе ги чуваме за следните бебиња доколку некоја идна мајка нема средства за да купи ј.к од странство, здравје боже следната година нека ми се обрати. Ви посакувам успех на сите
Една голема благодарност за твојата храброст и одлучноста во оваа процедура, јас навистина ти се восхитувам премногу на твојата одлука која е за пофалба затоа што гледам дека се повеќе феминки имаат потреба од донација која навистина кошта многу и јас сум во таа состојба па би сакала ако можете да ми донирате од се срце би сакала а во меѓувреме би пробала уште еднаш на природен циклус па здравје ако е се како што треба ќе продолжам ама ако не тогаш ќе морам со донација!
Дај боже се да испадне убаво и да си имаш лесна бременост па да го осетиш мајчинството, секој заслужува да си ги прегрне своите мали ангелчиња и да го гледа нивното растење,тоа е најубавиот подарок од бога,за тоа вреди да се живее...Ти посакувам лесна бременост и со среќа па пишете ни дај боже само убави вести!
Zdravo devojki! Se spremam za ivf so donacija vo newborn kaj dr. Vladimir pa bi sakala da kazi nekoj iskustvo aku ima so istoto!
Ми се насолзија очите, господ да те награди со се што си посакала во животот за овој твој хуман гест.
Zdravje samo i so lesno vo bremenosta daj boze se da bide vo najdobar red pa mozete da me kontaktirate navistina mi e potrebno doniranjeto i preubav i prehrabar cin od vasa strana,gospod neka ve cuva i blagoslovuva!
Сакам само господ да ми даде што повеќе убави и здрави јајце клетки, да можам што повеќе да ве израдувам. Дај боже, никогаш немојте да губите надеж за ништо
Здраво на сите, јас сум нова на форумов иако долго ве читам и ми бевте секогаш поддршка. Па да си ја кажам и јас мојата мака. Пред еден месец правев ин витро со донирани јајце клетки. Од 8 се оплодиле 3 и сите три ми ги вратија за подобар резултат, но без успех. На 15 ден Бета помала од 1. Здравје, следен пат одам надвор, се разочарав од многу пропусти и односот на крај. Никој не те гледа, тоа е тоа им се зборовите. Не очекувам некој да страда со нас ама малку похуман однос можеа да покажат.
Многу ми е жал и јас еве треба да правам со донирани јајце клетки а незнам како ке поминам се мислам дека без успех ке бидам зашто никој не дава надеш и гаранција а навистина е најскапа варијанта дај боже да успееш а да се најде и некој што ќе донира е најубаво ама тоа е !