1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прочистувачи на воздух

Дискусија во 'Дом' започната од daylight, 23 декември 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Дали имате искуство со прочистувачи на воздух?

    [​IMG]

    - Дали и колку навистина сметате дека го прочистуваат воздухот во вашиот дом односно соба?

    - Ако надвор има смог па излуфтирате десетина мин. (и смогот влезе внатре) а потоа го вклучите прочистувачот, дали ќе го подобри барем до извесен степен квалитетот на воздухот во собата?

    - Цени и локација каде што може да се купи?

    Знам дека има Doremo за околу 2000ден. но моето досегашно искуство со нивните производи е дека се чкарт а и естетскиот изглед не ми се допаѓа. Во NEPTUN се продаваат за околу 4500-5000 турско производство, но турскиве се поголеми со филтри некои+имаат навлажнувач на воздух, а најскапите но наводно најквалитетните биле оние на ZEPTER и тоа околу 600-700 евра со незнам какви се не филтри ама па тие биле скапи и требало да се менуваат на 1-2 години иили така нешто. Сакаме да земеме некаков, ме интересира ваше искуство. Благодариме однапред! :)
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    За скапи скапи се, мислам дека има прочистувачи во Топ Шоп. Види провери таму.
    Јас немам искуство со ваквите апарати, ама ако некој знае, нека сподели искуство, бидејќи ме интересира ;)
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Дормео не е прочистувач на воздух, а што е, не знам ни јас (го имам дома :^) ). Го навлажнува воздухот маааалку, а може во водата да се ставаат и етерични (или мирисливи) масла. Најзадоволна сум од Zepter, го купивме мислам 550-600 евра и кај него се забележува ефектот. Во него има повеќе филтри со различна намена. Има и опција да се стави мирислив освежувач на воздухот, ама јас не ја користам, не сакам многу-многу хемикалии да дишам. Филтри уште не сме смениле затоа што ретко го користиме сега, повеќе користиме навлажнувач на воздух.
    Моја препорака, ако не се проблем парите, Zepter.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Да сум во можност би зела..ама сама со две деца :worried: тешко :nod: , па затоа сега барам растенија собни кои се добри прочистувачи на воздухот :!:
     
    На MiciMici и daylight им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ти благодарам многу на одговорот. И мене ми е тој најубав естетски. Уште да најдеме толку пари. А дали знаеш колку е цената на нов цептер филтер? И дали во прочистувачот се тура вода?

    :) Убава идеја, и ние имаме собни растенија, ама ефектот од нив е претпоставувам мал, тоа треба цела џунгла да имаш во куќата или станот па да го прочистуваат во голема мера воздухот. А од друга страна растенијата ноќе и тие дишат кислород а исфрлаат јаглерод-диоксид, што не е страшно ако имаш само неколку растенија но сакам да речам ефектот не е толку голем и брз.

    Дали има некој искуство со прочистувачот од турско производство во NEPTUN за 4500 ден. што ги има?
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Ова што го спомнувате од дормео, најверојатно е навлажнувач на воздух.
    Ние купивме некој таков пред 2-3 години, и знам дека од прилика тука некаде беа со цената, па затоа претпоставувам дека е навлажнувач.

    Тогаш бев очајна поради здравјето на децата, па некој ми препорача навлажнувач - и го купив, а при здрава свест и совест не би го купила ни под разно. Да, може да се ставаат ароматизирани масла, ама не знам зошто никогаш не ми се допаѓаше ни воздухот во собата, ни мирисоржт. Сто пати поубаво ми е кога ќе си запалам миризливи свеќи. А јас лично не правам разлика во влажноста на воздухот, никгаш не сум ни правела. Децата пораснаа, па им се потсреди имунитетот, а навлажнувачот отиде под стечај.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    што лугето нема да измислат ...првпат слушам дека постои прочистувач на воздух :?:
    ..и не разбирам што ке ти е прочистувач на воздух за дома кога надвор е се загадено, не помисли кој шок ке му го приредиш на твојот бел дроб од чисто( под претпоставка дека машината е толку добра) во нечисто
    ..а ако станува збор за навлажнувачи на воздух, јас сум против за трошење на толку многу пари за глупост...на сите ни е добро познат најстариот навлажнувач на воздух, стави едно тенџерче со вода на радијаторот или на шпоретот и тоа е тоа...е сега ако не ти изгледа модерно можеш секогаш да си купиш од керамичките посебни садови наменети само за тоа кои достигнуваат најмногу до 600ден
    и ако сакаш да ти мириса убаво по дома купи си озонер по 180ден, или пак одбери ја поевтината варјанта купи озонер кој се надополнува и откако ке го истрошиш стави си до парфемите на точење што се,тие мирисаат повеке и траат подолго така да немора да стои цел ден озонерот + се ке ти мириса на твојот омилен парфем
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Нема таков шок. Тоа не е исто како кога се менува температурата со еркондишн, на пр. од +40Сº на +18Сº . Напротив, белите дробови добиваат одмор од загадениот воздух доколку се изложат на чист. Не случајно во Бангкок постојат оксиген-барови, простории со удобни троседи и лежалки со боци кислород покрај. Чист воздух има и низ планините, на пр. Водно, особео врвот, но не може секој ден таму да се виси со саати, сеедно што има сега автобус до средно и жичара до врв(башка цена 100 ден. секој ден :^) )

    Не се работи за навлажнувач, иако некои имаат и таква додатна функција. Зимно време дел од алиштата ги сушиме на радијатор и ете навлажнет воздух бесплатно и тоа со двојна корист, нит тенџере ставаш ниту може да се преврти а воздухот влажен и мириса на чисти алишта. :D
    Озонерите пак не го прочистуваат навистина воздухот туку само ја намалуваат непријатната миризба од на пр. цигари, храна и сл. На пр. зимно време можат да прскаат парфеми со авиони низ греадовите па смогот ќе мириса убаво, ама и понатака ќе биде смог - штетен за вдишување. Така да постои одлучувачка разлика! :!:

    Ако има некој искуство со прочистувачот на воздух(турско производство) што го продаваат во Neptun или да знае дда го има истиот некаде за поефтино(овие се 2000 и 4500) нека сподели информација.
     
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Девојки да ве прашам какви навлажнувачи на воздухот користите и колку сте задоволни? Јас имам еден од max ама не сум задоволна и еве оваа зима го немам пуштено. Го пуштав обично пред спиење во спална, заради децата најмногу но никако не можев да погодам.Навечер го оставав уклучен а наутро се будев или со сув воздух ( не било доволно јако ) и болно грло, или други утра станував а во собата се направило магла ( уште потешко за дишење ) . Дали вашите навлажнувачи на воздух имаат на нив нешто за сами да мерат колку е влажноста и да регулираат некако или?
    Кога прашував во продавници продавачките помалку и од мене знаеа, па подобро тука , ако има некој искуство , што користи, за која квадратура, какво е , колку пари итн. Благодарам однапред :*
     
  10. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Дали некој има искуство со прочистувачите на Самсунг? се мислам дали да земам
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    Девојки доколку сте заинтересирани за производите на цептер , пишете ми слободно порака јас сум соработник за продажба и презентација . Поздрав
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Мене ми се видоа некако премногу скапи околу 8000МКД, а премногу мали во Техномаркет делот на ТИНЕКС дисконтот, но немам искуство со нив.
     
  13. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    http://www.dormeo.com.mk/%D0%B4%D0%BE%D ... D1%80.html
    има ли некој искуство со ваков јонизатор? Сакам да и подарам на една другарка, но сакав да се осигурам дека вреди за парите.
     
    На trendafilka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Јас имам од дормео и сум задоволна. Го добив за подарок, па не можам да ви кажам цена, ама навистина многу го освежува воздухот.
     
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и јас пред една недела ги земав и јајцето и јонизаторот и сум задоволна и од 2те, бев настината многу, и грлото ме болеше, од кога ги ставив и 2те ми помина грлото и не кашлам повеке и на мм му е подобро, јајцето го ставив во спалната и го пуштам навечер и му ставам капки од рузмарин, и спиеме со него, навистина сум задоволна,а од јонизаторот мадор што се вика, исто така сум задоволна тој работи на ладна пареа и е за поголеми простории како за во дневна или голем салон. ние се грееме со клима и дома се суши воздухот а од кога ги ставивме овие еве една недела немаме мака.
    имам и една пријателка има близнаци бебиња се, и првите 2 месеци беа цело време настинати, од кога им го стави во собата јајцето децата мислам дека си добија боја на лицето освежија. Јас не знаев за овие прозиводи сосетката ми кажа оти не виде какви бевме со мм од климата.
    јајцето е околу 2.300 денари, а јонизаторот модор е 2.700 денари. кое и да го земете нема да згрешите, не само што го јонизираат, прочиствуваат воздухот, туку ако им ставите капки во водата ќе ви служат и за да ви го освежат домот со пријатна миризба.
     
    На trendafilka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    А оние греалки на пареа што се нели го навлажнуваат воздухот за прочистување не се прочистува но навлажнет е
     
  17. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    е таква грелка не сум ни користела ни сум сретнала, ама кога веке земаш нешто за воздухот дома, подобро нека го прочиствува отколку само да го навлажнува, да е за така подобро алиштата суши си ги дома исто и тие ке испреваат и ке го навлажнуваат воздухот.
     
    На trendafilka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    e да така е но прочистувачите како што гледам скапи се а и не сум информирана за квалитетот колку се добри :)
     
  19. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    епа причитај го моето погорно мислење и ке видиш. а јајцето на дормео сега има попуст 1.900 денари мислам дека е ама сепак види си на страната на дормео убаво е објаснато. а за скапо па и не е толку многу колку што е исплатливо.
     
  20. Pixel

    Pixel Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Дали некој има искуство со овие прочитувачи на воздух од Цептер?


    THERAPY AIR® ION - http://mk.marketkonekt.com/mk/therapy-a ... ductid=y8a
    Therapy Air® - http://mk.marketkonekt.com/mk/therapy-a ... ductid=w8a
    Therapy Air® Plus - http://mk.marketkonekt.com/mk/therapy-a ... ductid=x8a

    Сакам да си купам, па ме интересира дали некој веќе го има купено и користено, ако може да сподели искуство?