Мислам дека е неопходно да земам прочистувачи, но во дилема сум да земам два. Еден за во дневна што би го преместувала во спална навечер и еден за во детска зошто вратата од детската повеќето од времето е затворена ( од безбедносни причини...кучето да не лапне нешто од подот, зошто постојано има некоја ситна работа). Ги гледав Blueair 3210 што во описот стои дека е за простории до 41 кв,, а во спецификација до 20кв (ништо не ми е јасно). Некој да има искуство со овој прочистувач и дали се наоѓаат резервни филтри?
Дали има некој искуство со лош мирис од прочистувачот? Xiaomi е, филтерот е од пред некој месец сменет и пишува дека има уште %. Исчистен е. Не знам од што би можел да мириса.. влажноста на воздухот е 30-40% кај нас.
Здраво, дома се грееме со клима и мислам дека од неа имам многу прашина, 2 пати неделно бришам, бидејќи имам мало бебе. Ме интересира дали ако купам прочистувач на воздух нема да има толку прашина или исто е, и од кој сте најмногу задоволни?
Исто е, барем кај мене. Јас секој 2 ден сум со крпата. До сега најдолго да не бришам прашина (а тоа е 3 до 4 дена) е со она средството од ДМ што е за бришење различни површини
Филтер се менува според користењето на уредот, ние само зима го користиме и го чистиме. Мислам дека нашиов модел не е веќе во продажба, инаку покажува кога е филтерот за менување, свети едно копче. Нај убаво разгледај си на нивната страна winix.mk има разни модели, со различни големини, и сè е убаво објаснето, па ќе можеш да си одбереш кој ти одговара.
Ако сега е вака со дрисла што ќе биде зимото. Од кој прочистувач сте задоволни ? Прифатлива цена да бидат по можност.