Вреди и треба. Препорака Zepter Therapy Air. Има капацитет за голема површина, повеќе модови на работа, пет степено филтрирање и јонизатор.
Кога живеев у град, користевме дење ноќе без гасење. За 3 месеци филтерот беше одвратен. Купив едно што ми кажаа дека го користат во хирушки сали, околу 4000 денари, филтер 800 денари. Ако е помалце загадено подолго трае филтерот.
Има ли врска за колку квадратура е прочистувачот ? Досега не сум се заинтересирала, ама зимава сакам да ставиме еден. пример, исто ли е за 35м2 и за 75м2 ?
Има врска, за сите пишува за која квадратура е, па јас дење го чував у дневна, за спиење го носев у спална.
Секако дека не е исто. Има различни капацитети на прочистување изразени во метри кубни на час. Затоа треба да се бира соодветно на површината во која ќе го користиме.
Здраво. Гледам дека темава не е активна ама може некој ќе ми помогне. Дали некој користи прочистувач на Тефал или Ровента за да сподели искуство. Фала ви
Од една продавница за медицинсли апарати на Водњанска, не знам бренд, кренат е, откако се преселивме не го користиме
Станот е целиот отворен освен спалната, значи дневна кујна трпезарија ходник (околу 45 квадрата), го прочистува од лош мирис за 15 минути на најјако кога е пуштено. Филтерот уште го имаме првичниот, лани околу 4 месеца го користевме, и сега пред 2 недели пак го уклучив. Си стои на автоматско подесување и сам се уклучува кога готвам, или ако отворам прозор и влезе од загадениот воздух од надвор.