Не ме држи за збор ама во сеќавање ми е дека беше околу 26-27.000, инаку презадоволна. Дневниот престој, околу 30м2 одлично го прочистува и навлажнува. Исто така лесно се вади и чисти филтерот, од лани до сега со редовно чистење немав потреба да го сменам. Го купив од Риверсофт
Ние земавме Мидеа ,8.000 ден. од Медикус хелп. Сега за сега сме задоволни, си има индикатор, штом отвориш прозор/врата , страшно е што покажува
Tatko mi kupil procistuvac na vozduh, samo go prebrisuvas metalniot mehanizam na koj se sobiraat stvarite i mislevme deka e onaka, ama koga go pustivme i se vrativme vo sobata nemase miris, bas cudno, utre denta imavme gosti pa pusea cigari i se se usmrde, procistuvacot bese uklucen i sabajleto stanuvam ama nisto ne smrdese, nit cigari nit gotveno nisto. Za site sto se mislat ic da ne se mislat, kupuvaj, ima razlika.
Дечки, некој со потазе искуство за прочистувач на воздух? Гледам во Горење, Техномаркет и Нептун. Има задоволни? Просторот е 100 квадрата, дали може да го сместам во спална бидејќи бебе ќе биде таму? Се грееме на дрва, а во спална на панел. Мислев да земам помал само за спалната, ама изгледа нема да врши работа? Исто и навлажнувач од кој сте задоволни? Тој сигурно може само за спална.
прочистувач земав пред некој месец од техномаркет на Winix многу сум задоволна за до 120квадрата е,јас го шетам од дневна навечер во спална навистина добро се покажа бидејки се осеќа воздухот чист
Дали може некој да сподели искуство за Xiaomi Mi Air Purifier Pro прочистувачот на воздух или општо какво искуство имате со Xiaomi прочистувачите?
И ние го имаме.Можеш преку апп на мобилен да го управуваш.Има дисплеј на кој ти покажува колкава е загаденоста на воздухот дома.Можеш да го пуштиш да дува додека готвиш ,го апсорбира мирисот од храната.Се на се задоволни сме.
Јас го меркав лани во продавницата во ГТЦ. Вака по опциите и функционалноста ми озгледаше супер. Во пракса не знам, бидејќи не го купив. Иначе и од познаници што го купиле сум слушнал убави зборови за овој прочистувач.
Земавме ние минатата година на филипс. Презадоволни сме годинава менувавме филтер и да ти кажам црнила излегоа. Во врска со просторот, нашиот стан е 70м2 цел го чистиме со него. Покажува колку е загадено во собата од 1 до 12, мислам дека е ова важно, ја се водам по дисплејот уште колку да дува итн. Мн важна работа, кога го земавме го пробавме кај моите дома кои се топлат на дрва, не е практично оти го влече димот назад, исто и со аспиратор, додека има дрва во ќумбето овие направи уклучување никако. А со други видови греење нема гајле сега сме на парно и препорачувам особено со мало дете да си земете. Спојлер https://www.google.com/search?q=филипс прочистувач&client=ms-android-samsung-gj-rev1&prmd=ivmxn&sxsrf=AOaemvJiidUZ5DucSxipow5170d8-1jPuA:1637000638078&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwim8Z3M_pr0AhUi8rsIHakFBFIQ_AUoAXoECAIQAQ&biw=412&bih=734&dpr=1.75#imgrc=vjauX2D4F_NmYM
Е па таман, ќе си го земам за во спална, а врата ќе отварам кога нема да се грее. Јас видов Xiaomi за 200е сосе попуст во техномаркет, утре ќе си купам, а редовна цена му е 18.000. Фала на инфо, поздрав
Уште нешто, прашај си за филтри дали има на залиха дали нарачуваат. Се расправав со продавницата рекоа има, и после една година нема. Додека е гаранцијата мора да имаат после ќе се снаоѓаш на нет.
Кога го купивме беше околу 30000, не се сеќавам точно. Тогаш ги имаше после католичка црква во зградата производите на даикин. Сега мислам ги има на повеќе места.