1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прочка

Дискусија во 'Религија' започната од Barbie-mwa, 6 март 2011.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Прочка е еден од најславените празници во Македонија и во пошироките балкански простори ... Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка ... се едно дали некј им згрешил или не ... Обично се меси убава пита под вршник ... онаа тенката па згужвана .... мммммммм ... бабами ја вика баница ... и прекрасно ја прави ... на крај се амкаат јајца ... демек оној ке ке го фати јајцето - само со помош на уста ке биде среќен и ке го служи здравјето ... сето ова е пропратено со смеја и радост кај постарите ...
    [​IMG]
    Поклади представува започнување на постот ...кај нас се пали и огин вечерта.


    Со овој пост еве вака по електронски пат барам прочка од сите на кои сум им згрешил во текот на минатата година ... а просто нека им е на сите кои мене ми згрешиле ...
     
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Убав празник е СЕКАКО!!
    Прв пат слушам за адетот со јајцата на овој ден :^) .Кај нас во Штип на овој ден се прави баклава и се оди кај постарите на гости и се носат портокали при барање на прочка :)

    Така да овие денови сите штипјани се само на јадење портокали и баклава :lol:
    btw Како многу помала од сите феминки овде ви должам извинување доколу сум ви згрешила нешто не е било намерно па затоа простете :) :bow: Еве и портокалче а и баклава да се заблажите

    [​IMG]
    [​IMG]


    Супер темичка да не се трупаат мислењата со барање прочка по другите теми ;)
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ахх Колку само го обожавам празников :) . До пред неколку години одевме секоја година кај баба и дедо и таму го прославувавме ам се како што треба по ред сите адети :) Баница ама тоа не ми беше интересно најинтересно тоа со јајцата леле која радост ќе земеше некој ќе го закачеа на сукало и ние ќе се испотепавме кој да го фати дека 4 :D :D :D и после тоа нз сеа сум подзаборавила се пиеше вода за здравје од лушпата ли беше ? :^) :D и на крај се пали конецот и таму зборуваше нешто баба ми за душмани вака онака ........... :D ама навистина беше интересно :)
     
    На AL.MA.EL и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  4. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    хехехе прочка
    кај нас (во Прилеп) денес сите се преправени еххх шо нема гледаш мајмуни принцези невести спајдермен супермен зоро нинчи поп бебе полиција и што ли уште не али најмногу ми се бендиса една банана хихихи мало девојче преправено во банана(купена маска) и бананава се лупи до пола хехехехе исто и портокалче и паун се ептен е убаво па драги мои повелете вечер ќе се изнасмеете + забава

    а за адетот јајца корички пари (овој дел најмногу ми се допаѓаше ) одиме преправени кај сите роднини пријатели некогаш и кај непознати :lol: и вечерта се знае пребројуваш колку си собрал
    вечерта одиме кај баби дедовци поголеми браќа сестри и бараме прошка

    простете ако сум ви згрешила нешто :angel:
    :*
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Прекрасен празник!!! Исто и јас одам кај баба ми амкаме јајце ( ние децата) пред ручек, кој ке го фати јајцето сите на него му даваат пари, чоколади :)
    Инаку исто како во Штип, бараме прошка од постарите со портокали. Го обожавам празников, и преубаво се чувствувам денес.
    Простете ми, драги мои феминки, што и да сум ви згрешила!!!

    На вас, нека ви е простено и од мене и од Бога!!!

    Најубаво да си го поминете празников!
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    83.771
    Пол:
    Женски
    Како што кажа синду и јас сум од прилеп го обожавам празников а најмногу ќерка ми која од вчера се спрема за преправање, а беше преправена бандини.Во секој случај секој празник на свој начин си е убав, битно е да се одржува традицијата да се побара од најстарите прошка и како што е редот,простете ако нешто ви сум згрешила, поздрав до сите и за многу години празников.
     
    На AL.MA.EL и cindy им се допаѓа ова.
  7. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    од мене простено ви е на сите :lol: :lol: :lol:
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Прекрасен празник. Кај нас на овој ден се оди кај постарите и се моли за прошка, приквечер се палат огнови и денес се прави араванија мммммм
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Проштавајте феминки :angel: !

    Простено нека им е на тие што имаат за што да бараат прошка од мене!

    Јас, го мавнав мазникот, рипчињата исто, остана уште тортата раванија, која мене не ми прави ќеф. А тоа се прави по адет :D
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  10. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Простете ако на некој нешто сум му згрешила :$
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  11. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Во мојот крај за Прочка имаме еден обичај , што народски кажано се нарекува „Ацкање на јајце“ , се врзува јајцето на сукало со конец и сите членови се редат на масата најстариот го држи јајцето и треба без раце , односно со уста да се фати јајцето. Интересно :)
     
    На AL.MA.EL и soco им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.737
    Пол:
    Женски
    ^Тоа е и еден од главните обичаи на Прочка, ама изгледа заборавен е :) И мислам дека амкање се викаше.
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Некој и така го викаат :)
     
  14. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Прочка е преубав празник.
    На овој ден треба да си побараме прошка.И да му простиме на тие што ќе ни побараат :)
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  15. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    9.881
    Пол:
    Женски
    Оваа година кога се паѓа прочка?
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    26ти Фебруари :)
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Програмата за Прочка - Прилеп


    Драги пријатели на карневалот
    Прилеп е градот домаќин на 32 Меѓународна конвенција на европските карневалски градови FECC, која ќе се одржи во периодот од 26 мај до 03 јуни 2012. На ова годишно собрание учество земаат делегати од повеќе земји од Европа и Светот.
    Прилеп со својата модерна инфраструктура и гостопримството е отворен да организира незаборавен конгрес.

    ПРОГРАМА
    НА
    МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИЛЕПСКИ КАРНЕВАЛ
    ПРОЧКА 2012

    Локалната самоуправа на општина Прилеп и Здружението Прилепски Мечкари по дванаесетти пат традиционално го организираат Меѓународниот Прилепски карневал „Прочка 2012“.
    Програмата ќе се одвива на следниот начин: Види Повеќе:
    ПРОГРАМА
    НА
    МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИЛЕПСКИ КАРНЕВАЛ
    ПРОЧКА 2012

    Локалната самоуправа на општина Прилеп и Здружението Прилепски Мечкари по дванаесетти пат традиционално го организираат Меѓународниот Прилепски карневал „Прочка 2012“.
    Програмата ќе се одвива на следниот начин: Види Повеќе:
    СРЕДА 22.02. 2012 г.
    Прес конференција и промоција на Прилепскиот карневал во просториите на Локалната самоуправа со почеток во 11.00.
    ЧЕТВРТОК 23.02.2012 г.
    Припрема на изложбата на детски цртежи и маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
    ПЕТОК 24. 02. 2012 г.
    10 - 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
    12.00 часот - Свечено отворање на изложбата на детски цртежи и маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“и доделување на награди за најуспешните.
    САБОТА 25. 02. 2012 г.
    10 - 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
    Од 12 – 15 на големата бинана плоштадот – Најава на Карневалот и парада низ центарот на градот соMажуретки, Mечкари, Жонглери, Куклари, Кловнови, Штулари, Живи статуи.
    22.00 – Забава на плоштадот со Концерт на „The Hounds“ и „Паркети“–присутните ќе бидат почестени со варено вино, топла ракија и чаj
    Забава под маски во Апореа, Вирус, Мираж, Табу, Кавали, Леоне, City pub….
    НЕДЕЛА 26. 02. 2012 г.
    08 – 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
    13 – Дефиле на маски
    Водители: Игор Трпче и Наташа Наумоска

    16.30 – 17.00 Доделување на награди
    Жири комисија:
    Ели Милошеска Тони ЧатлескиСофија Грабулоска
    Марјан Матракоски
    Хилда Црнеска
    20.00 – прием на странските делегации и дегустација на национални месени производи - Ресторан Липа
    21.00 - Маскенбал со Концерт на „Crossroad Blues Band“- Ресторан Липа
    Забава под маски во Апореа, Вирус, Мираж, Табу, Кавали, Леоне, City pub….


    Повелете на гости, ова не се пропушта. :)
     
  18. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Недела на простувањето (Прочка)

    Ноќта помина, а денот се приближи“ (Рим. 13:12). Со овие зборови на апостол Павле Црквата нѐ воведува во Великиот пост

    Значи постот започнува со тоа што сме должни на сите да им простиме и да бидеме со сите простени. Што е тоа „простување“, кое ќе го бараме во нашите ближни и во Бога?

    Понекогаш простувањето изгледа лесно, а понекогаш и многу тешко. Како по правило, нам полесно ни е да им простиме на сите – поточно на оние, кои не се наоѓаат во непосредна близина до нас. Многу потешко е да им простиме на тие неколку луѓе, кои ни се најблиски.

    Понекогаш велиме „Јас сум спремен на сите да им простам, освен на еден човек, кој ми направил многу зла“. Но, дотогаш – додека не му простиме на овој еден човек, кој стои на патот помеѓу нас и Бога, спречувајќи ни го пристапот кон Бога, заради тоа што не сме се помириле со него, дотогаш ноќта нема да помине и денот нема да се приближи.

    Во неделата на простувањето (прочка), чекаме да добиеме прошка од оние кои несакајќи сме ги навредиле, или зло сме им направиле. Виновни сме кон многумина – еден кон друг и спрема своите ближни. Ако немаме сила да сфатиме за што сме виновни пред другите луѓе, тогаш ќе бараме од Бога, Тој да ни открие, за што и зошто треба да бараме прошка од ближните.

    И не само од ближните, туку и од Бога бараме прошка.
    За тоа што не живееме онака како што Тој сака; за тоа што силата Божја не му е јавена на светот преку нас; за тоа што како христијани, според делата свои често сме полоши и од неверниците и полоши од незнабожците; за тоа што љубовта Божја не се покажува [излева] преку нас врз ближните; за тоа што сме неверни на Божјите заповеди; за тоа што лежи амбис, помеѓу тоа што сме, и тоа што треба да бидеме. За сето ова треба да бараме прошка од Бога.

    Денеска треба не само да побараме прошка од Бога, туку и да Му „простиме на Бога“ за сето она што по нашите човечки мерки ни се чини како неправедност. Зарем не се случува, на пример во моменти на некоја несреќа, или некаков колапс – момент кога ни се случува нешто со што не можеме да се помириме, да го прашуваме Бога :„Каде си сега Ти? Зошто го допушташ баш ова?“

    Преживувајќи таков стрес, човек може да се „затвори“ во односот кон Бога, задржувајќи ја болката кон Него, губејќи ја довербата кон Него.
    Тогаш човек почнува да Го гледа Бога, не како Отец Кој љуби и милува, туку како Владетел - жесток и непредвидлив во своите дела. На местото на љубовта доаѓа стравот.

    Но, сѐ додека не се помириме со тоа, дека тоа Бог нам ни го направил, без разлика колку горко и болно тоа може да биде и сѐ додека не кажеме како Јов: „Бог даде, Бог зеде, нека биде благословено името Господово“ – ноќта нема да помине и денот нема да се приближи.

    Да размислиме и за тоа дека нашиот земски живот ни е даден само еднаш: не можеме да правиме нацрт, а потоа да прејдеме на стварта [да почнеме да живееме]. Сѐ што нема да успееме денес да го направиме, никогаш нема да успееме да го направиме. И затоа треба да се помириме еден со друг и со Бога - денеска. И тогаш, нашиот живот уште денес ќе се преобрази, денес сонцето ќе блесне за нас, ноќта ќе помине и денот ќе се приближи...
    АМИН!!!

    [​IMG]
     
    На ana992, Libera, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Како и ние што им простуваме….

    Ава Силуан беше еден од оние Старци околу кои се собираше многу народ, како монаси, така и обични мирјани. Бескрајната љубов што ја покажуваше кон сите, но и неговото длабоко теолошко знаење, го направија исклучителен. Ако некој би се нашол во негова близина, не би сакал ништо друго, туку само да го слуша. За сите проблеми и тешкотии имаше да каже утешен збор и да даде совет.

    Многу луѓе доаѓаа само за да ги слушнат неговите благословени слова, но не биле малкумина и оние кои често доаѓаа кај Отецот за да се исповедаат и да побараат помош во духовната борба.

    Еден од тие беше и Георгиј, благочестив домаќин, кој го обработуваше својот имот на Исток. Често одеше кај Старецот, а тој го советуваше за сè што го интересираше.

    Меѓутоа, во последно време веќе одамна не беше отишол кај него. Имаше проблем со еден сосед кој му стори зло. Од него претрпе многу маки, сепак беше трпелив и ги надминуваше со своите молитви кон Бога. Но, како што минуваа деновите, соседот стануваше сè полош, а малтретирањата за скромниот Георгиј беа сè повеќе. Еден ден на неговото трпение му дојде крај, а неговата огорченост беше толку неиздржлива, така што се разгневи на својот сосед и одлучи да го казни. Меѓутоа, самиот не можеше да му наштети, затоа сметаше дека подобро решение е да го предаде на суд.

    Но, за една таква одлука требаше да го праша Старецот од пустината. И навистина се упати кон скитот на Ава Силуан. Кога стигна, Отецот го прими со радост и веднаш појдоа во црквичката на скитот. За време на исповедта, Георгиј му раскажа на Старецот за неговите случувања со тврдокорниот сосед, но и неговата одлука да го предаде на судот.

    - Не може подруго, мој Оче, – рече Георгиј. – Се трудев колку што можев. Се молев со сета сила. Но, и јас сум човек. Не можам веќе. Видете, на почеток беше само непријателски расположен кон мене. Потоа, со измами успеа да ми го земе пола имот. Јас и тогаш бев трпелив. Ме озборуваше насекаде. Ги изгубив и пријателите и познаниците. Ширеше разни обвинувања против мене и луѓето престанаа да зборуваат со мене. Но, најлошо од сè, Оче, е тоа што пред неколку дена се обиде да ме отруе. За тоа станува збор. Ме обзеде огорченост и одлучив да го казнам заради сè што ми направи. Но, Старче, немам ниту сили ниту храброст. Затоа ќе го предадам на судот, и така ќе го стигне заслужената казна, а јас ќе ја добијам својата правда.

    Ова го рече Георгиј, а Ава Силуан, молчелив и смирен, му одговори:

    - Прави како што сакаш, дете мое.

    - Зарем не мислиш, Старче, дека ќе биде уште поправедно ако го казнат строго? Имам судии познаници кои ќе се погрижат за тоа, – рече Георгиј.

    - Прави го она што ти дава утеха, – одговори Отецот незаинтересирано.

    - Тоа би било подобро и за неговата душа, нели Оче? – праша Георгиј. Но, Старецот не одговори.

    - Епа, да заминувам полека, – рече Георгиј. – Да не й додевам веќе на твојата љубов. Одам право кај судијата.

    - Застани малку, дете мое. Не брзај толку, – рече Отецот. – Ајде прво да се помолиме Бог да ја благослови твојата постапка.

    Старецот стана, го доведе Георгиј и двајцата застанаа пред иконата на Седржителот. Откако се прекрсти, Отецот почна да говори:

    „Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја и на земјата како што е на небото. Лебот наш насушен дај ни го денес, и не ни ги простувај долговите наши како што и ние не им ги простуваме на своите должници”.

    На овие последни зборови на отец Силуан, Георгиј повика:

    - Ама Старче, не оди така Господовата Молитва. Да не згрешивте малку?

    - Навистина, дете мое, не е така Господовата Молитва, – рече Отецот со строг глас. – Таква е, меѓутоа, реалноста. Бидејќи ти одлучи својот брат да го предадеш на суд, јас не можам да се молам со друга молитва за тебе.

    Георгиј занеме. Зеде благослов и се врати во својата куќа. Зборовите на Отецот длабоко се врежаа во неговата душа. Одлучи така и да направи – ја трпеше злобата на соседот сè додека тој не умре. А самиот тој го продолжи својот добродетелен живот, повторувајќи ја поуката на старецот Силуан:

    - “Прости ни ги долговите наши, како што и ние им простуваме на своите должници…”
     
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Го сакам овој празник, да побараш прочка и да простиш некому... Како помала многу повеќе му се радував на овој празник бидејќи, кај нас се пали оган со смрека во дворот , мал оган за адет и треба да се скокне преку огнот. Исто така вариме и јајца. :)
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.