Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прочка

Дискусија во 'Религија' започната од Barbie-mwa, 6 март 2011.

  1. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Како можеме да простиме кога сме гневни и повредени?

    Како прв чекор, треба да бидеме волни вистински да ги почувствуваме гневот и повреденоста. Да ги потврдиме сопствените чувства со тоа што ќе бидеме потполно присутни во нив а тоа прави тие чувства да се ослободат.

    Исто така, помага да се запомни фактот дека луѓето ги повредуваат другите само тогаш кога и самите се во болка. Кога ќе го препознаеме страдањето на другиот човек, нашето срце може да се отвори кон сочувствувањето. Исто така може да запомниме дека во некое време, и ние имаме повредено некои луѓе со нашите невешти акции.

    Единствено љубовта може да ги излекува пукнатините предизвикани од повредливите дејствија. Простувањето држи огромна сила бидејќи го поправа одвојувањето. Не придвижува кон заедништвото и љубовта кои лежат во сржта на нашето битие. Тоа е фундаментален дел од лекувачкиот процес.

    ’Простувањето не го менува минатото, но ја зголемува иднината“.

    ~ Paul Boese
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Еве ги мајмуните од карневалот во Прилеп.
    Не успеав да направам повеќе фотки,времето беше лошо и се кријав по кафулиња :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG3311A.jpg
      IMG3311A.jpg
      Големина на фајлот:
      106,1 KB
      Прегледи:
      186
    • IMG3313A.jpg
      IMG3313A.jpg
      Големина на фајлот:
      87,6 KB
      Прегледи:
      185
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Abe,koga e prochka godinava? :D
     
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    17 март Џинџер :)
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Нека ни е за многу години на сите празников Прочка.

    Што претставува за мене овој празник?

    Потсетник од Господ дека мора да си простуваме.

    Ако сакаме да имаме чисти срца, наполнети со љубов, мора најпрво да ги испразниме од омразата, бесот, лутината. А, како ќе го направиме тоа ако не простуваме?

    Но, да си простиме прво себе си. Само тој кој може да си прости себе си за своите грешки, ќе може да опростува на другите.

    Некои ќе побараат прошка, а од утре пак ќе грешат. Размислите два пати пред да направите, речете нешто. Запрашајте де дали ќе го навредите или повредите другиот.
    Немојте никому да правите нешто, што не сакате да ви направат и вас.
    Краток е овој живот за да живееме во омраза.

    Простувањето е лек за душата. Ви олеснува, ве прочистува, ве подмладува, ве прави посилни. Опростувањето е голема доблест, не е карактеристика на кукавиците.

    Не се плашете да побарате прошка. Не дозволувајте му на егото да владее со вас. Научете да кажете извини.

    И сепак, ако некој не ви прости, или не можете да му простите некому колку и да сакате, прифатете го тоа. Некои рани се многу длабоки и потребно е многу време додека се залечат.
     
    На vitomir и Dog-lover им се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Денес е прочка, простете ми сите на кои сум ви згрешила ве молам :)
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.275
    Допаѓања:
    17.722
    Пол:
    Женски
    девојки простете ако сум ви згрешила :) се надевам дека не сум ;)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Простете ми ако сум ви згрешила... :$
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Простете ми ако сум ви згрешил,од мене ви е простено. :) сепак христијански е простувањето
     
    На Angel-Adriana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Мислам дека прв пат за прочка не сум дома... искрено, би сакала да сум... Има нешто посебно во празнувањето со најблиските, во семејниот ручек, во посетата на бабичка... Тоа чувство на блискост, грижа и љубов. Тоа не може да го долови телефонот.
     
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    3.559
    Пол:
    Женски
    За многу години, простете феминкии :lol:
     
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Човечки е да се греши а уште почовечки да се прости. Простете ако сум ви згрешила нешто :$
    Со мало закаснување но од оправдани причини :$
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ПРОЧКА е последен ден од белата недела пред големиот велигденски пост кога помладите членови на семејството одат кај постарите и бараат прошка -„ПРОСТИ МИ‚‚ - ,,НЕКА ТИ Е ПРОСТЕНО‚‚. Простувањето е дар на самите себе, ослободува од болни искуства, а кога ќе си простиме и на себе и на другите, тогаш сме навистина слободни. Големо е чувството на слобода што доаѓа со простувањето. Исус го напушти овој свет со моќните зборови на простување на своите непријатели, „Прости им, Татко, не знаат што прават!“. Всушност, целото учење на Исус завршува со најважната порака, а тоа е пораката на простувањето. Човечки е да се греши но уште почовечки е да се прости, ЧЕСТИТ ПРАЗНИК и за многу години и ПРОШТЕВАЈТЕ АКО СУМ ВИ ГРЕШЕЛА...
     
  14. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Прочка е Старо-Словенски пагански празник и правото име му е Поклади или Голема Ноќ, односно ден кога се слави доаѓање на пролет, раѓање на богот Јарило (бог на пролетта , вегетацијата, плодноста) и ден кога се слави Старо-Словенската нова година, откако Словените дошле на овие простори и биле принудени да го прифатат христијанството, голем дел од паганските празници останале да се слават но со мали христијански промени.

    Симболика на празникот - палење оган, и играње околу него и рипање. Овој ритуал е познат како ритуал на чистење, оти зимата е време на смрт ( така гледале старите-словени, но не само тие оваа го има во сите индо-европски пагански религии), телото се полни со негативна енергија, а пролетта симболизира раѓање со тоа, за да влезеш во нов циклус на година треба да влезеш чист.

    Шарање на лице со пепел од огнот, и така да се шета по маалото, овој ритуал служи да се исплашат лошите духови на зимата и да си одат, за да можат пролетните духови да се вратат и да разеленат се.

    Инаку, Јарило е десети и последен син на богот Перун, но се смета за изгубен оти живее низ шумите полјаните, планините. Пред на настапи есен Јарило оди кај Велес, богот на подземјето и така доаѓа есента ( инаку се враќа кај Велес оти тој првенствено го има киднапирано, па по молба на Перун, Јарило се враќа секоја пролет за да разелени и да има род), неговиот престој во подземјето ја симолизир зимата односно Смрта, и на Поклади се враќа на горнит свет а тоа ја симболизира пролетта и раѓањето , неговото шетање низ светот е летото или растењето, враќањето во подземниот свет - есента или стареењето, и мудроста која се стекнува.
     
    На Крадам Шахти му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AL.MA.EL

    AL.MA.EL Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Да Простиш...
    Значи...
    Да пронајдеш добрина во себе..
    Да простиш..
    Некогаш е Тешко..
    Но тоа е единствениот пат кон мирот во душата...
    Денес и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот...
    ПРОСТЕТЕ АКО СУМ ВИ ЗГРЕШИЛ/А
     
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Простете ми и мене феминки мои ако сум ви згрешила, ќе се поправам.
    Ќе им простам и на другарките и другарите. :)
     
  17. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    6.145
    Пол:
    Женски
    Простете ми драги феминки ако нешто сум ви згрешила. како најмала во моето семејство денес сум решена да им побарам прошка на постарите членови. се собираме на куп кај баба ми па ете ми прилика да побарам прошка од повозрасните.:$
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Простете феминки ако сум ви згрешила.Простено ви е на сите од мене :D
     
    На Angel4eeee, angelche16 и girl-miri им се допаѓа ова.
  19. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Простете феминки ако сум ви згрешила.Простено ви е на сите од мене и од бога :) :) :)
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.194
    Пол:
    Женски
    Мене едно нешто ми е глупо во врска со ова. Прочка е и на Фејсбук се редат статуси од типот Простете ако сум ви згрешил или некои хејтерски Не простувам, сите знаат што прават. Ова Интерентов ги запусте луѓево. Прошка се бара во лице а не преку Интернет.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.