И кај комшиите и кај далечните роднини и кај пријателите, а особено треба да се појде кај непријателите...
Поддршка за твоето мислење,попаганска работа од тоа со статусите нема,за мене то е многу лицемерно и исмејувачки. Као демек научиле дека е празник денес и ајде да се покажиме на фб со статуси,тие не ја имат почувствувано вистински тежината на овој ден,жално. Ех баш нив треба Господ да им прости затоа што не знаат што прават.
@Bitter-Sweet бидејќи не можам да ти пишам приватна порака, морам вака јавно. Барам прошка од тебе ако сум ги повредил твоите религиозни чувства со моите протестантски ставови кои ги пишувам отворено, директно и без цензура. Оваа категорија (Религија) е доста осетлива тема и често знае да создаде тензија или конфликти меѓу дискутанти од различни вери или деноминации. Жал ми е заради тоа што се случи и се надевам дека во иднина ќе внимаваме повеќе на меѓуденоминациската толеранција и ќе си бидеме пријателчиња. За мене ти остануваш девојката со уметничка душа и најјаки аватари За истово барам прошка и од @Rama , @Bulgarian , @Orthophill и @Petra777
Прочка е. Простете на луѓе што ви значат, што биле тука за вас во добро и зло, во време и невреме, со кои имате двонасочно пријателство. Малку се, ама тие ви се пријатели. Прочка е. Простете се од луѓе што ве бараат само кога им треба нешто, само од корист, само за нив и со прст не мрдаат во еднонасочното пријателство. Прочистка е. Труди се да бидеш во мир со сите, доколку зависи од тебе. Ама ако не бива, биди храбар и прочисти. Или прости или прости се од. Животот е краток да бидеш у средината и наивно да дозволиш некој да те користи до немајкаде.
Македонски начини на простување: Простувам, ама не заборавам. Ќе му простам, ама нејќу да го видам! Ќе му простам, ама тродупло ќе му вратам за ова! Се каам што и простив. Си простивме ние, ама само муабет не праиме. И простив, ама ја блокирав на фб да не ми се појавува. Ќе ти простам, ама ќе ти го извадам тоа низ нос. Хах, пак ти простувај кога си глуп. Уфф каква е, не би и простил.. Прости се од тие 200 евра. Еј шо праиш, прости простено нека тие, абе Веле да не го виде пумпата кај него ми остана...
"Кои сме ние да не си ги проштеваме навредите едни на други, кога дури и Бог ни ги проштева нашите гревови?"