Е ова мислам дека е една од најтрогателните приказни. Сите искажани реченици ќе Ве наежат и растажат. Овој филм е вреден за пуштање и по некоја солзичка
Мислев дека ќе го мразам, ама сепак се решив да го гледам. Не очекував да има трагичен крај. Си мислев дека е некоја типична љубовна приказна со хепи ендинг, ама ме изненади и почнав да плачам. Вреди да се гледа !
Прв впечаток ми беше дека ке е типичен тинејџерски филм со "happy ending",но излезе нешто сосема поразлично.Не беше очекуван крајот,и ми се допаѓа.Пуштив и по некоја солза. Лајк за филмот. :up:
Од почеток ми беше како глуп филмов, ама се решив да го изгледам и не згрешив. А во глумецот се заљубив.
^http://kinoteka.org/mk/musicvideo.php?vid=975414b05 еве го онлајн со превод филмот. Иначе филмот е многу убав вреди да го гледате !
Убав филм. Многу ми се свиѓаше и не очекував таков крај. Одамна мислев да тркнам до библиотека да си ја земам книгата и никако да отидам. Ама еве чим вие викате (како шо прочитав погоре де ) дека книгата е подобра мора да се прочита. А искрено ништо друго освен совршенство не ни очекувам од Николас Спаркс. Ќути не зборуј.
Гледам сте пишувале дека книгата е подобра, искрено мене книгата не ме фасцинира многу колку филмов. Премногу емоции на едно место, трогателна приказна, безброј солзи, прекрасни разговори...
Тажен,прекрасен.Само што непуштив солза на крај!Глумецот е прекрасен! А истиов нели беше и во Никита,како Мајкал?
Еден од мојте најубави филмови... прекрасна содржина, прекрасни глумци..се прекрасно. Гледан ми е одамна, сакам да си го гледам пак Спојлер и да на крајот се расплачив
Го имам гледано филмот повеќе пати , и навистина , не е совршен , но вреди да се погледне . Ми остави позитивен впечаток ( во смисла - нада задња умире , за маживе де ) . Секако дека е не реален , ама и не можеме тоа да го очекуваме од овој жанр филмови . За тоа се тука оние кои се базирани на вистинска приказна .
Мој тип на филм. Гледан повеќе пати.. Силни емоции,многу солзи. Филм за паметење. Впечаток незаборавен
Филм на кој секогаш се навраќам. Сцена што највеќе ја паметам е онаа кога овој "уфилманиот" (заборавив како се вика) ќе и каже "In your dreams"....