Прошетка за сеќавање (Николас Спаркс)

Дискусија во 'Книги' започната од L0ve, 23 мај 2011.

  1. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    За мене дефинитивно најубава, од незаменливиот романтичар Спаркс.. уживав додека ја читам, на крајот малку фалеше да се расплакам, но самата се воздржав... и како што се вели и на почетокот "ќе се смеете, па потоа ќе плачете"... ја прочитал ли некој и какви се вашите впечатоци??
     
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Ја немам прочитано, но многу сакам да ја прочитам. Го имам гледано филмот, прекрасен е. :l:
    Не можам да ја најдам во некоја книжарница, а во градската библиотека никогаш неможам да се потрефам да отитам кога ќе ја вратат книгата. Ќе отидам пак во библиотеката па се надевам дека ќе ја најдам. :angel:
     
  3. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    јас од библиотека ја земав, само стварно имав среќа оти ретко се наоѓа а многу сакав да ја прочитам.. а не е ни обемна... а филмот го немам гледано, планирам ова лето
     
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Зарем не е преводот "Чекори за сеќавање"?
    Јас ја имам читано на англиски и никако не ми иде прошетка. Тој што ја читал знае на што точно се мисли со ова. Овој момент го нема во филмот мислам
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    во библиотека ја сретнав како чекори... а во други книжарници и на сајтови како прошетка... зависи од преведувачот.......
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Се согласувам со Алиса. Абе нашиве преводи се циркуз.
    Чекори на сеќавање е многу подобар превод, сите ги знаеме чекорите на крајот од книгата.
    Супер е, јас сум фан на Спаркс со речиси сите прочитани негови книги и неколку книги дома недочитани од него.
    Ова се романтичарски срцепарателни книги.
    Иначе секоја книга на Спаркс е правена по терк на вистинита приказна која секако е добро исфилувана.
    Филмот по книгава ми е досаден и мене дајте ми некој милион и ќе направам copy-paste...
    Секогаш предност и давам на книгата. Филмот го нема тој шмек ;)
     
    На crazylady и Blondydevil им се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Тој што ја читал книгата знае дека се мисли на
    она одењето до олтарот. На крајот од книгата се наоѓа она познатото "in every way, a walk to remember", и се мисли на онаа "прошетка" до олтарот, тоа го нема во филмот. Во буквален превод би било прошетка, али ние кај нас одењето до олтар не го викаме прошетка, па затоа би требало да биде чекори. Барем јас вака го имам сфатено според книгата. Ако грешам ќе ми извинете :)
    Инаку ми се допадна книгата, повеќе од филмот ко и секогаш. Има убави цитати, али нормално секоја книгата на оригинален јазик е подобра. Па затоа овие полесните ги читам на анлиски. Ах колку би сакала да знам руски, да си ги читам класиците оригинал :D
     
  8. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    уфф да и чекорите заборавив да ги спомнам, но ајде ќе оставиме оние кои не прочитале да уживаат
    на англиски не сум ја читала, незнам каде да ја најдам :worried: .. прва прилика повторно да ја прочитам нема да пропуштам
     
  9. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Јас штета сум го гледала само филмот,за жал книгата не сум ја читала.Но во секој случај преубава приказна а истовремено и тажна ;(
     
  10. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    Јас ја прочитав пред 2 дена и мене ми беше прекрасна!Инаку ја читав на англиски бидејќи неможев да ја најдам на македноски :lol:
     
  11. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Дали ја има по библиотеките? Не сум побарала, а многу сакам да ја прочитам. Фан сум на Спаркс и неговите книги. :)
     
  12. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    јас од библиотека ја најдов, побарај би требало да ја има
     
  13. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    фала l0ve. ке побарам :) :*
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Сум ја читала.
    И убава е, како и другите од овој автор. Само на македонски ја читав, па преводот ми го сје*а цел впечаток за книгата.
     
  15. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Пред 2 години за роденден другарка ми ја донесе, знае дека читам мн книги, и ајде си викам, да ја ѕирнам, и да, ми се свиѓа.
    Пред 1 година, и филмот го изгледав, добар е и филмот, ништо вау мау ама ок е :)
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Книгата е преубава, една од најубавите на Спаркс. Буквално ми предизвика и насмевка и солзи на лицето, ептен ме погоди. Го гледав и филмот и ептен ме разочара ептен е изменета содржината од книгата, незнам не ми се допадна можеби јас многу повеќе очекував :)
     
  17. AvatarGirl

    AvatarGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Книгата е најуба..јас ја имам прочитано на англиси јазик и многу е тажна ..амаа преубаааа
     
  18. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    Само што ја прочитав последната страница....очите ми се црвени ... денеска прочитав 180 страни т.е. целата книга зошто неможев да ја оставам.....најубавата книга што ја имам прочитано во животот..дефинитивно :inlove: :clap: :geek:
     
    На DeadMary му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Вистина е преубава и јас моментално ја читам! :inlove: :inlove:
     
  20. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Книгава ја прочитав распустов, на англиски јазик. Кога почнав да ја читам, сакав да се откажам, бидејќи ми беше здодевна. едно исто те исто. Меѓутоа кога дојдов на средина, ја сватив поентата и пораката на авторот. Од тогаш си ветив дека нема да се откажам од ниедна книга се додека не ја прочитам докрај, бидејќи секоја кажува по нешто на свој начин. Како и да е..убава и тажна..