Здраво Нова сум на форумов, ги поминав темите но ваква не најдов. Бремена сум 8 месец и имам голем проблем со проширени вени.Со тие на нозете некако се помирив, но од неодамна имам и проширена вена на вулвата.Се консултирав со матичен гинеколог кој вели дека најверојатно ке треба да се породам царски, други компликации нема. Бидејќи на интернет не најдов многу би сакала да прочитам и ваши искуства. Дали моравте царски? За колку време се повлече вената? Дали користевте некој лек? Секое искуство ќе ми значи.