Прскање на храната со хемикалии

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од MissBarbieGirl, 23 март 2013.

  1. MissBarbieGirl

    MissBarbieGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека сите знаеме дека за да се заштитат растенијата земјоделците ги прскаат со најразлични хемикалии. Како вие се заштитувате од тие хемикалии одкако ќе купите овошје или зеленчук кои што се веќе прскани? Што мислите за прскањето на храната со хемикалии?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.161
    Допаѓања:
    153.682
    Пол:
    Женски
    Ќе ставиш вода во подлабок сад, ќе раствориш во неа лажица, лажица и пол сода бикарбона и во неа ќе ги ставиш зеленчукот или овошјето да постојат 15 минути, потоа убаво ќе ги измиеш. Истото може да го направиш со алкохолен оцет, или пак со 3% хидроген. Секако дека после убаво ги миеш зарзаватите. Јас ова го немам пробано со листест зеленчук, ама за тие зеленчуци (спанаќ, блитва, марула, рукола...) може да ги ставиш со сад со вода и лимонов сок.
     
    На AnaKarenina, angelche16, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    27.861
    Пол:
    Женски
    Вчера излезе статија во еден весник, дека на пазарот во Хрватска се наоѓаат лимони со потекло од Турција, третирани со опасен фунгицид без да биде означено на декларацијата. Исто така низ некои маркети се наоѓало и лимон по потекло од Шпанија третиран со имазилил, еден од најопасните пестициди. Што под автоматизам значи дека ако ги има во Хрватска ги има и кај нас.
    Мене ми се нема случено кога купувам лимони или мандарини да има декларација која го кажува потеклото и начинот на третирање на производот, ниту пак дека кората не е за конзумација. Имазилилот навлегувал директно преку лушпата во самата внатрешност, и кај малите деца и бебињата предизвикува проблеми во средниот нервен систем, а кај возрасните се одразува лошо на репродуктивните органи.
    А само што се израдував оти малиот пие сок од лимон.:|
     
  4. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    7.658
    Пол:
    Женски
    И јас истото ќе го кажував баба прави така :D:D:D
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.634
    Пол:
    Женски
    Најдобро е овошјето и зеленчукот да се измијат со вода и сода-бикарбона, да постои некое време, па потоа да се измие стандардно.
    Посебно имам забележано дека портокалите често се лепат на прсти, што значи дека премногу се хемиски третирани.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.