Знам дека постои тема каде што се прашуваат работи, ама таа моментално е заклучена од страна на админите, така да тука ќе го поставам моето прашање. Сакам на девојка ми да и купам прстен. Сеа прстенот несакам да биде премногу нападен туку убав и нежен како за 20 годишна девојка, па би сакал да ми предложите нешто од прилика. Фала ви однапред
Ако девојка ти сака бижутерија, можеш да одиш во Аксесорис (овде има многу убави прстени, ланчиња, брошеви итн. ама малку цените се напумпани ама сепак има преубави работи, сигурно ќе најдеш нешто) и во Ботони. Ама јас сепак би ти препорачала да и купиш златен или сребрен прстен со некое мало и нежно камче на него, сега секако ако можеш да си дозволиш. Еве, нешто вака:
фала ти многу и на златен / сребрен мислев. Не вреди да се купува бижутерија. Ми се свиѓаат првиот и третиот. Сега барем имам некаква слика Фала ти уште еднаш.
Зависи од вкусот на девојка ти. На пример, јас не сакам жолто злато, Сваровски не ми се ништо посебно, ама па затоа бело злато со некое цирконче или бижутерија обожавам. Многу убави нежни прстени од бело и жолто злато има во Алтнбаш, во Рамстор, само знам дека се доста скапи. За Божиновски сум слушнала дека им се доста квалитетни, па побарај и таму.
Да, и јас исто несакам жолто злато, планирав или сребрен или пак бело злато нели. Ќе прошетам деновиве низ продавниците што ги спомна и ќе разгледам.
Епа вака, јас ке ти предложам да биде побогат [мислам на тоа да е со циркончиња... обично момчињата на девојките им купуваат прстени во форма на срце нормално како знак за љубов и внимание], но ако девојката тие поскромна немора могу да е "накинѕуран", сепак да е нежно и слатко.. А нормално да е или од злато, сребро или бело злато. Евети некои идеи