прстени имам многу големи малибижутерија се ама преубави се имам и еден златен кој постојано го носам
Носам и бишутерија,бело злато имам некои и со сваровски циркони и 2 златни ама не ги носам не обожавам злато
Никогаш не сум носела прстен . Во последно време сакам да носам иако уште не сум ставила прстен на рака, најверојатно потсвесно се надевам дека дечко ми конечно ќе ме запроси хахаах
Премногу сакам прстени, но не секакви. Најчесто преферирам помали, понежни и поедноставни зашто без разлика што и да носам, сакам на мене да имам прстени. Понекогаш знам и некои поголеми да носам, во зависност од стилот на облекување. Пример:
Не носам. Можеби ретко некој минималистички. И така имам проблем со прстените, повеќето ми се прешироки затоа што имам многу тенки прсти
Сакам накит ама прстени неможам ич, не го носам ниту вереничкиот, а имам дури два цели прстени . Драги ми се и многу ги сакам, еден од маж еден од мајка ми ама не можам ич да носам прстени, додека без обетки ни до маркет не одам
И јас исто. Во ГТЦ во златарите, сребрени прстенчиња по мерка ми ги правеа, според калап кој ти е таман на прстот.
Сакам прстени . Моментално имам само два златни ( вереничкиот и венчалниот ) што редовно ги носам ( ги извадив неколку месеци пред породување , бидејќи цела отеков , вклучително и прстите на рацете ) , инаку имам и сваровски , и бижутерија , големи и мали , само не ги носам редовно бидејќи повеќе сум дома а и голем дел не се практични , особено кога имаш мали деца ( преповивање и слично , често се случувало несакајќи да ги изгребам со прстен ) . За излегувања знам да си ставам по некој , во зависност од местото и пригодата .