1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психичко малтретирање како дел од воспитниот процес

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 14 јули 2019.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Покрај физичкото насилство, голем број на родители вршат и психичко насилство врз децата.
    Во психичко насилство спаѓа понижување на децата со погрдни зборови, закани, уценување...
    Дали се користите вие со некои вакви мерки кои можеби ги сметате за ефикасни?
    На пример, ако не ме слушаш полицијата ќе дојде и ќе те затвори?
    Што според вас е психичко насилство, а што можеби и нема да остави некои последици, па ете, не е толку страшно?

    „Од УНИЦЕФ велат дека кај испитаниците постои верување оти насилните методи на дисциплинирање децата функционираат, односно 44 отсто од нив сметаат дека физичкото казнување е ефикасен начин за коригирање на однесувањето на детето, а 37 отсто го мислат тоа за психичкото казнување.“
     
    На ohridskoezeromkd, Victorian, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  2. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Ниту физичко ниту психичко малтретирање. Ниту едно нема ефикасност.Воспитувањето на детето бара голема трпеливост. Доволно е со зборови да му објаснете што чини а што не. Ако детето го навредувате тоа ќе му ја намали самодовербата и во иднина може да стане депресивно, анксиозно и сл.замислете родителите постојано да ви викале дека не ве бива за ништо, дека сте глупави, дека ништо нема да стане од вас и сл.Во што и да се нафатите да направите во животот тие зборови ќе ви се навраќаат.
     
    На ohridskoezeromkd, Cacii123, dayla и 6 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    се зависи од децата. Исто како што при воспитување со збор како при "воспитување" со ќотек па и ова. Кај. Децата ни зборот некогаш не помага од нив зависи како и што ќе прифатат. Исто и за цитираново.
    Ехе да знаеш само колку навреди и понижувања сум добила од "мајка ми" ... Ама напротив не дејствувале со нарушување на самодовербата. Единствено со тоа успеала да ги наруши моите чуства спрема неа а јас за инат успеав и бев се спротивно од она кое таа ме правеше дека сум. Неспособна неписмена невоспитана проста .... Успеа барем да ме научи како да не постапувам со деца од друга страна сум и благодарна за тоа.
    Во друга тема пишував за ќотегот како воспитна мерка и некогаш се служам со зборовите ЌЕ ДОБИЕШ ЌОТЕК. Од друга страна сметам дека не е убаво да влеваш страв кај дете на тој начин или па тоа како На пример, ако не ме слушаш полицијата ќе дојде и ќе те затвори. Затоа гледам да искоренам се што може лошо да влијае на психичкото здравје на детето зашто мнооогу е тешко за дете да има психички трауми. Додуша моето е веќе големо и се разбира така да немам потреба од воспитување на полош Или да речам поболен начин. моето ионака се плашеше од полиција кога беше мало,му имав кажувано дека полицајците ги носат лошите луѓе во затвор и ете се плашеше па мое беше да го тешам и учам дека тој не спаѓа во лошите луѓе а не па да долевам масло во огнот па уште и му правам трауми
     
    На Zavisnaodblago му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Ретки се тие како тебе. Ти си извлекла поука од твоето искуство и сега знаеш како треба со децата. Искрено многу се нервирам кога слушам како мајките ги нарекуваат со погрдни зборови своите деца. Подобро влепимуја една одколку да го навредуваш.
     
    На marchi-cool и Zavisnaodblago им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.243
    Пол:
    Женски
    Како ќе се чувствуваш ако тебе ти ја влепи некој, а како ако ти рече неписмена?
     
    На Zavisnaodblago, CameliaMiller, mileystar и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.142
    Пол:
    Женски
    Добро што се отвори темава.Ке ми биде задоволство да пишувам фала
    @RainBow
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Цел ден сакам да пишам. И пишувам 20 мин и бришам.
    Мислам ќе ми треба малку време..
     
    На CameliaMiller, Cosmi и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не е само до зборовите, туку и каква содржина се влева во тие зборови - љубов, заштита, разбирање или закана, потсмев, омраза па дури и завист. Зборовите сами по себе не мора ништо да значат, зависи со каков тон и каква намера се изговараат.
     
    На marchi-cool, CameliaMiller, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам и јас да пишете, Лили, Нарциса, Ана, Реин... (fingers)

    Инаку кај го најдовте примерот со полиција, мене ми е главен адут полицијата за да го заплашам синко кога е непослушен. :tmi:
    За ќотекот се имам изјаснето, не го оправдувам во никој случај, но сепак има моменти кога ми е потребно да го заплашам детето со нешто за да ме послуша, порано тоа беше старо железо, а сега е полицијата.
    Кога не сака да спие му кажуваме дека полицијата шета по улици и собира деца кои не спијат, кога удира по другарчињата исто му кажуваме дека полиција ги собира децата кои тепаат други деца.... кажете ми ве молам дали и тоа е многу погрешно зашто повеќе пати се имам запрашано?
    Го набљудувам детето, не го доживува тоа трауматично, има некој страв, но не нешто претерано, нормално нема да си дозволам да го заплашам до тој степен.

    Навреди никогаш немаме употребено, секогаш го фалиме како е добар и послушен, му зборуваме постојано, го бодриме. Никогаш гласно не го споредуваме со други деца, според мене тоа е еден вид психичко малтретирање, нас како мали нон-стоп не споредуваа со другите деца и тоа ден денес ми е останато како лош спомен.
    Знам да му кажам дека сум тажна или дека сум му лута кога нешто намерно или за инает прави, ќе ги покријам очите и тој веднаш доаѓа да ме гушне и да се извини и нормално јас му простувам и возвраќам со гушкање, никогаш немам држано лутина повеќе од 5 минути.
    Од друга страна татко ми е таков човек што нон-стоп се лути за нешто, не тера да се чувствуваме виновни, постојано тој не беше испочитуван доволно од наша страна, ни наметнуваше грижа на совест до степен да зборува дека ќе го разболиме, дека ќе умре од нас или ќе се самоубие.... а јас и сестра ми бевме деца за пример, никогаш не сме правеле проблеми и немаше никаква причина за таквото негово однесување, а за деца во пубертет можете да замислите колку тие негови зборови ги доживувавме трауматично.
    Општо јас сум многу психички оштетена од него, од навреди, дерење, пцуење, до омаловажување, до закани по живот... не можам да пишувам се зошто се вознемирувам, но да слушнете ќе останете запрепастени.

    Никогаш нема да си дозволам истото да им се случува и на моите деца. Внимавам многу како и на кој начин комуницирам со нив, не покажувам нервоза, не викам, секогаш пред нив сум насмеана и расположена.

    Сепак темава е доста осетлива, за разлика од физичкото малтретирање овде не постои остра граница што е исправно, а што не, некое наивно заплашување, некоја наивна уцена од типот да си го изеде ручекот ако сака да добие сладолед или казна да не гледа цртани ако не е послушен сметам дека не се толку страшни туку се дел од градење на родителски авторитет, но исто така и лесно можат да излезат од контрола и да прераснат во психичко малтретирање.
     
    На RainBow, CameliaMiller, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  10. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    A јас мислам дека претерувате малку.Треба родителот да изгради авторитет над детето,а не да се однесува со детето како со другарче од градинка.Ај ќе се кикотиме по цел ден на глупостите што ги прават ако бе,и браво браво ќе ги тапкаме по рамо демек не е страшно.
    Децата мора да научат што е добро а што лошо за нив,и кого треба да слушаат и почитуваат.
    Од друга страна многу се ретки децата кои само со еден муабет ќе ве послушаат.Така да,немојте до толку лабаво.За ќотек не сум,не сум удрила сериозно никогаш,ама се друго ООО ДА!
     
    На Frosty!, Ive13, Kitten и 12 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би ја понижила ниту би направила нешто за да се плаши од мене.
    Бидејќи сега е малечка па кога негодува за јадење знам да и кажам пр. Ако не јадеш кашата ќе ти ја изеди Џес(кучето на татко ми) или нешто слично. Не сум ја плашела со полиција кога е немирна, не мислам дека би имало ефект.
     
    На NarCis@ и Yowannty им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.260
    Не смееш збор да му кажеш, не смееш да го допреш... Епа затоа имаме распрдени мали лиглиња шо си акаат глава ако не добијат што сакаат, и кога сакаат.

    И не, неам деца, али иам право да коментирам. И ја сум била дете, можда и ќе иам дете еден ден.

    А па и шо аир видовме од овие со деца, ептен способни, све едно до едно ко од Бечка школа.
     
    На Frosty!, Ive13, Kitten и 10 други им се допаѓа ова.
  13. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    72.930
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам дека најлошо од се е деца да се плашат со полиција или со доктори.
    Треба да знаат дека полицајците се некои на кои најмногу може да им веруваат, недај боже да се изгуби или слично, мора да се обрати прво кај полицацец па после се друго.
    Исто и за доктор/ забар, ако го караме со зборовите, биди умен или ќе те носам на боцкање, кај докторот, после нормално дека и кога ќе мора да оди нема да сака и ќе го гледа тоа како казна.
    Инаку, не, не си ги вреѓам децата, не ги тепам, но не се однесувам со нив и како со другари. Мајка е авторитет, исто и татко. Ниту мене моите не ме навредиле, малку полошо да ми се обрателе одма тешко ми паѓало, а камоли краво, овцо, неписмено и сл. Ко што сум никаква, нежна, таков однос ќе ме уништел. Сакам да сум родител како моите што биле кон мене
     
    На Kaetana, Mantub, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Полицијата мислам дека е најискористена баба рога за деца. :D
    Лично, не сметам дека нешто трауми ќе им останат од тоа, ама не сметам ни дека има корист. Да, ќе функционира додека е помало, но тоа на крај на денот се само празни закани. Ќе сфати детето дека нема да дојде полицијата и да му направи нешто. И што тогаш? Зошто тогаш би послушало нешто што му се збори кога ќе знае дека нема да се исполни заканата?
    Не дека и мене не и се случило некогаш, ама најчесто гледам да не ја лажам, туку едноставно и кажувам реални последици кои ќе произлезат од нејзиното однесување. На пример полиција користам за седиште во кола. Ако не седи врзана и во седиште ќе не сопре полиција бидејќи детето мора да е во седиште, така е најбезбедно и тоа е тоа. Или кога бегаше од мене и објаснив дека не смее да бега од мене никогаш, надвор мора да ја гледам каде е и она да знае каде сум зашто има многу непознати луѓе и не знаеме кои се добри и кои се лоши. За жал, во денешно време сметам дека е неопходно тоа да се научи.

    Со погрдни зборови не се користам никогаш, пре јазикот ќе си го исечам него да и речам нешто како глупава една, ненормална, мајмунка, заспана, несмасна... Така растев јас, она такви зборови нема да слуша. Зашто е одвратно. Зашто нашиот глас станува понатаму нивниот внатрешен, зашто кога ќе сакаат да направат нешто само во себе ќе си мислат глупава сум јас, нема да успеам. Не го правете тоа на вашите деца. Немојте. Не е работата само додека е дете да го направиме роботче послушно, работата е да го изградиме тоа дете во здрава личност со самодоверба која треба да биде успешна во животот.

    И јавното засрамување спаѓа тука. Татко на лулашки му ја плеснува една на детето и му вика мајмун еден ненормален, пред сите деца, пред сите другарчиња. Детето сирото се смали, се смали од срам, да можеше ќе пропаднеше во земја. Мислите ли дека таа постапка е во ред? Дека супер му направи зашто се качуваше на една шипка и мораше да стане татково да го придржи? Детето не си играше повеќе и си отидоа.

    Сакам да го спомнам и примерот на @Cosmi од другата тема.
    Ова конкретно. Ова е баш насилство. Ние како родители нели безусловно ги сакаме децата. Тоа треба и да им го покажеме и кога ќе направат нешто што не ни се допаѓа. Твојата постапка не ми се допаѓа, но се уште те сакам. Со примерот погоре им велиме и тебе не те сакам, не те сакам кога ќе направиш нешто што не ми се допаѓа и ќе ти ја скратам мојата љубов.. Можеш да ја имаш само кога ќе ме слушаш. Е тоа за мене е сржта на психичкото насилство и врв на уценувањето. Кога го уценуваш детето со твојата љубов.
    Добро ми е познато, за жал.
     
    На dunika, Kaetana, chocolade и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Јас сите распрдени мали лиглиња што ги знам се мавани по дома или им се упатуваат секакви зборови. Можеби се воздржуваат родителите пред народ донекаде али скоро сигурна сум по начинот на кој го "трпат" детето во јавност (со стиснати заби, лош поглед и пасивно агресивен став) дека во моментот кога ќе влезат дома зад затворени врати детето и те како ќе си го добие.
     
    На Kaetana, chocolade, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    Вчера седиме во парк, истрча мало дете кај нас, затоа што имаше мачка и сакаше да го погали мачето, а мајка му пак од друга страна трча и вика хистерично " ќе те касни, каса то многу бегаааај! ", на што личи ова?


    Друго што ми текна на ум, како помали кога ќе не заплашуваат пример, ако не си мирен ќе одиме на доктор да ти стават инјекција. Според мене, затоа и повеќето деца се плашат да одат на доктор затоа што од своите родителите се заплашувани, како на пример дека докторите се лоши и само ги казнуваат немирните деца со инјекциите.
     
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Го мислам од вчера постот и ќе се потрудам да бидам што пократка и поконцизна.
    Психичкото малтретирање како воспитен процес, го нема само дома, туку за жал го има и во градинките и училиштата (основно, средно). И уште пожално, доколку се пожалите, никој нема да ве сфати сериозно и нема да се превземе нешто, затоа што нема "видливи" знаци како физичкото малтретирање.
    Конкретно за мене ќе зборам, дома никогаш не се употребувале погрдни зборови, немало заплашувања од типот на полиција, лоши чичковци, баба-роги, инекции, доктори и сл. Но, сето тоа го научив од градинка од другите деца, воспитувачките и негувателките. Замислете кој шок е да се врати дома дете преплашено, затоа што грмело, а тоа значи дека Господ се лутел пошто сме биле немирни. Методов (facepalm) Што е пострашно, на мајка ми не ѝ верував кога се потруди наједноставно што може да ми објасни, како доаѓа до таа природна појава. Секое невреме за мене значеше дека нешто сум погрешила и долго време се плашев. Трауматично за дете од 4 години.
    За ќерка ми. После првата година почнаа тантруми кои стануваа сѐ поинтензивни со секој изминат ден. И се справувавме некако, сѐ дури не се преселивме од куќа во стан. Е таму имавме комшија кој дење-ноќе лупаше по цевките од парното затоа што му сметаше плачот. Тоа дополнително ни ствараше и нас стрес, па во очај го искористивме "Лошиот чичко ќе тропа". Се разбира, дека палеше тој метод, затоа што беше реално, знаеше дека навистина ќе тропа. Но, беше со краткотрајно дејство. Оттогаш сме малку попаметни (се надевам (fingers) ) и се служиме со "за секоја акција, следи реакција". Сака да јаде благо, откако веќе изела нешто тој ден. И дете ко дете, запнува дури не го добие тоа што го посакува. Сакаш благо? Ок, ама да знаеш од благо се расипуваат заби, а кога се расипани забите, тоа боли. И ѝ покажувам слика на гугл од детски расипани заби. Трауматично? Не знам. Ама знам дека не е решение нит да ѝ плеснам шамар, нит да ја плашам дека ќе ја носам на забар, затоа што така ќе ѝ се створи аверзија спрема забарот. Но, ќе знае дека ако претера со благо, расипани заби е нешто што ќе се случи.
    Ова е само еден од начините кои ги користиме. Но, тоа пали кај нашето дете. Се сложувам со @EuHenIa дека не треба да се заплашуваат со полиција, доктори, итн., затоа што детето ќе добие слика дека тие се негативци и ќе створи аверзија спрема нив.
    За игнорирањето. Косми спомна како мајка го игнорира своето дете цели 3 дена. Да имавме салам социјални служби, јас би ја пријавила. Спомнав и во другата тема, дека најголема казна за нашето дете е кога ќе ѝ кажеме дека нема да разговараме сѐ додека не се смири. Лути па ич не легнуваме. После плачењето следи разговор каде зборуваме зошто не е добро тоа што го направила или бара да го направи, кои се последиците и како тоа би изгледало доколку ние како родители би го направиле.
    Се разбира, дека не сме ни "Леон мамичка" кога се работи за посериозни ситуации. Тука голема улога имаат и боди ленгвиџ-от и фацијалните еспресии. Посериозен тон, поглед и глас, да знае детето дека веќе се работи за нешто сериозно.
    И за крај, иако осеќам уште ќе пишувам :D сме грешеле и сѐ уште грешиме со маж ми. Најверојатно и ќе грешиме :nod: Но, се трудиме да ги исправиме грешките и да научиме нешто ново. За второво, милион посто ќе треба да бараме друга тактика.

    Знам, ич не бев кратка, а имав уште за пишување :sweat:
     
    На Kaetana, cresa-jagoda, Sejfullai и 13 други им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Тоа со полицијата се смета за психичко малтретирање? :D Џизс. Со декрет нека се забрани зборувањето, само да се смешкаме како мутави.
     
    На Ive13 и christinnn им се допаѓа ова.
  19. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Што да ти кажам,смешки :D:x
     
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Не е, ама смешно е дете да заплашуваш со полиција ако не ја изеде манџата. Еден ден нема да ја изеде, а полиција нема да дојде :D
     
    На Kaetana, LivingGlam, fana и 3 други им се допаѓа ова.