1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психичко малтретирање како дел од воспитниот процес

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 14 јули 2019.

  1. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Го заплашувам со полиција кога патуваме со кола и станува цело време или се обидува да се ослободи од појасот.
    Разумно е.Точка.
     
    На cresa-jagoda, ane.bella и fana им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Ок. Точка. :) Нормално, затоа што е реална ситуација. Исто и ако проба да украде нешто, полиција може да го фати. Но редовно полиција се користи и како закана од типот: седи мирен дома, инаку ќе дојде полиција. Во тој контекст мислев. Или ако не си мирен, ќе те носам на доктор.
     
    На Kaetana, CameliaMiller и fana им се допаѓа ова.
  3. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Јас се служам со разумни закани само :)
     
    На cresa-jagoda, lovely girl M и NarCis@ им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Уф, тешка ми е темава. Особено затоа што со сопругот имаме различни ставови за воспитување на децата, како што имам кажано, ако се разведеме, ради тоа ќе биде. Небитно, да се фокусираме на темава.

    Психичкото малтретирање остава последици особено кај осетливи деца. Многу повеќе отколку ќотекот. Пошто зборовите најчесто болат повеќе од шамарот. А ни едното ни другото не чинат. Не можам уста да отворам мое дете да наречам говедо, мајмун, смотан, или не знам што, но затоа мм знае понекогаш така да му каже на големиов. Ми вели дека ако не слушне од него, ќе слушне во школо. Ама според мене, тоа не е оправдување за користење на такви навреди, барем не за сопствените деца. Всушност, нема никакво оправдување за користење на таков речник спрема било кого. Растена сум во средина во која такви зборови не се користеа, и според мм, тоа било причина за мојата ниска самодоверба како дете и во тинејџерските години. Нема логика, но не можам да го убедам во спротивното. Закани како полиција и доктор само во екстремни ситуации, оти не сакам да им создадам страв кој понатаму би ги кочел во нормалното функционирање - голем број од возрасната популација имаат проблем со доаѓање на забар, оти им е страв и доаѓаат само кога ептен мораат, а тоа е резултат меѓу другото и на заплашувањата од страна на родителите. Истото е и за другите лекари.
    Баба рога, пајаци и други бубалки некогаш користам за заплашување, ама па од друга страна се плашам да не им создадам неосновани стравови. Користам казни, скратување на омилени активности и играчки, се случило со големиот да не зборувам пола час оти сум лута, а нема друг начин како да сфати дека лошо постапил. Мило ми е што се повеќе и почесто се разбираме со зборување и објаснување, за разлика од порано, веќе и малово слуша повеќе покрај брат му, иако пак знае да си тера по свое. Додека се мали е потешко, бидејќи тестираат граници и не разбираат многу работи, особено не ја сфаќаат опасноста на конкретни ситуации. Како растат е полесно, ама и инаетот знае да биде поголем.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Јас полиција користам само ако некаде не почитува правила. Знае и од цртани и од книги дека полицијата е да ги казни тие што не ги почитуваат правилата, па затоа се држам до тоа. А син ми е голем почитувач на сите правила, прописи и протоколи, дури и повеќе отколку што треба и кај него ова пали многу.
    Пример, ако се качува по лизгалка нагоре кога сме во паркче, јас кажувам дека тоа е спротивно од правилата. Или ако остави или фрли (ова не се случува скоро никогаш) отпадок зад себе одма кажувам е против правилата. Ако не послуша правило следи полицаецот кој казнува за прекршено правило.
    Во кола седат и двајцата во седиште без проблем, па за таму скоро и да не употребувам полиција.

    Е сега, син ми се плаши од тоа да е сам, како и од темница. Со ова никогаш не би го казнила оти знам која траума му е. Ако некое дете покажува особено страв од нешто, сметам дека не треба да се користи како метода на заплашување и закана. Напротив, треба да се работи со него за да се оттргне стравот од тоа. Најчесто како метод на „закана“ користам: Нема да си играме после ...и нивната омилена игра! Или: Нема видеа, цртани, игри... Ова многу го погодува и скоро секогаш послушува.

    За разлика од син ми кој е доста емотивно дете, ќерка ми е многу поразлична. Кај неа не користам некои посебни методи. Кога нешто изведува само ќе ја заскокоткам и сѐ е ок. Одма свртувам внимание на игра и скоро секогаш пали, многу е полесно со неа.

    Како и да е, треба многу добро да си ги познаваме децата и да го одбереме најдобриот начин да се справиме со нив во вакви ситуации. Кај секое дете различни методи имаат ефект.
     
    На Kaetana, cresa-jagoda, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Лолипоп, истото ќе ти го кажам што го кажувам и во другата тема за шлепнувањето. Нема да му остави трауми, ама обично или нема ефект, или е краткотраен. Ако ги удира другарчињата, кажи му дека и тие еден ден ќе го удрат, или можеби друго дете, и нема да му биде убаво. За спиењето, не знам каква ви е ситуација со заспивање и сл. Види зошто не сака да спие, можеби не е уморен. Јас би ти рекла да ја најдеш причината, за да не мораш да се служиш со такви закани.
    Инаку, да кажам пример и од работа, бидејќи предавам. Учениците кога не се спремни, не им кажувам дека "дошле на прошетка", дека се неписмени, неспособни итн. Само смирено им нагласувам дека доколку не учат, нема да имаат висока оцена. Акција-реакција. Ако не сработат нешто што е зададено за нареден час, не урлам, не се нервирам и не покажувам нетрпение, само заведувам дека на тој и тој датум не го сработиле зададеното. Многу повеќе "пали", отколку да видат бурна реакција од мене.
     
    На Kaetana, cresa-jagoda, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    И мене како мала ме заплашувале со полиција или не знам си што па сега ништо не ми фали..сакам да кажам дека однесувањето и ставот на една индивидуа е 50% воспитување 50% карактер на самата личност.
    Какви родители имало што се вика примери за совршени родители а децата испаднале ужас.
    Психичко малтретирање е за мене да му ја уништуваш самодовербата, да го кочиш во неговите амбиции, да го тераш да го прави се она што ти си мислел за себе а не си го постигнал (има доста пример каде на пример детето сакало да оди во едно училиште или во подоцнежни години факултет ама на родителите неостбарена желба му е да биле тие доктори па ајде детето доктор ќе ми биде).
    Исто така психичко малтретирање е да не му се обрнува внимание, покажување негрижа, неактивно слушање, понижување итн.
    Во никој случај не поддржувам разгалување на децата ама ако некој мисли дека ако психички го малтретира детето тоа ќе го "исчеличи" или пак дека нема да биде разгалено-се лажи.
     
    На lovely girl M му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Podobro da mi ja vlepi otkolku da mi ja vregja intelegencijata:) no vo dvete slucai neprijatno.
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Нема да дојде и ќе испадне дека лажеш, а од друга страна го учиш дека не смее да лаже. Зачаран круг си е тоа со децата. Нека се здрави и живи само :inlove:
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Исто како @JoanaS во делот за разгалување, разбирав порано кога се однесуваа по строго за да не бидам разгалена, но сега тоа воопшто не е соодветно. Во секоја ситуација да омаловажи, да искритикува, никаква мотивација, само наредби и наметнувања. Веруваат во ставот дека не сме доволни добри (не знам зошто кога не правам ништо не соодветно за мои години) и без разлика кога ќе им кажам за некоја убава работа што сум ја постигнала, ја занемаруваат. Постојано само зборување за проблеми, негативност, истурање на нервози. Разбирам зошто го прави тоа, многу добро знам зошто, но секој мој обид да проговорам, да решам, го сфаќа како да и одам против нејзината волја. Маваат на психа и не ми е сеедно бидејќи ми се родители. Можеби не сум како нив, не сум нивна копија, но немора за тоа да плаќам секој ден.
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  11. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    После некои настани деновиве,ќе кажам само дека претеруваме. Ги правиме децава како тие да ни се нас родители. За ќотек не сум ичч, не дека не сум ги удрила, но било крајно веќе и премногу ретко. Сум употребила и грди зборови, на големиов на малово не. И за тоа најмногу се насекирав и не ми текна пак. Зашто гледам дека се навреди. Поарно да го плеснам по газ, татко му еднаш на шала му рече смотан еден, колку тешко му дојде. А ова полиции, баби роги воопшто не го сметам за психичко насилство. Па зошто да не се плаши од полицаецот? Утре може ќе вози кола со 200 и ќе мисли никој ништо не ми може. Сметам дека мала доза на страв е и потребна. Денешниве деца се бестрашни, не почитуваат никому, зашто ние стоиме за се зад нив. И мноогу лошо им правиме. Психичко малтретирање за мене е да не му обрнуваш внимание ,да го запоставиш,да не те интересира како поминало на училиште и слично а не ако го подискараш кога прави нешто што не е треба и е опасно.
     
    На cresa-jagoda, referentka и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Точно, ефектот на ваквите заплашувања е краткотраен, затоа и сметам дека нема да му останат трауми, го спомнав зашто Реин во првичниот пост го наведе како дел од психичко малтретирање и се почувствував глупаво.
    Пробувам јас и на разни други начини, прво дете е па буквално и ние го учиме родителството, некој став што го имам сега за 1-2 години ќе го сменам па со второво поинаку ќе реагирам.
    Кажав воспитувањето на децата е најсложената работа, нема тука 2+2=4, дури и психолозите имаат различни ставови за иста ситуација.
    Еве многу детски психолози ја препорачуваат тајм-аут методата која вели дека децата треба да се казнуваат на тој начин што ќе го ставиш во ќош или ќе го испратиш во соба само, онолку минути колку што детето има години за да размисли за грешката која ја направило. Мене оваа метода не ми се допаѓа и не би ја направила на свое дете, иако не велам дека е погрешна. Побезболно сметам дека е јас да му се налутам на неколку минути за тој да дојде до мене, да се извини и отпосле да разговараме, отколку да ја применувам оваа техника.
    Но и држењето лутина од страна на родителот треба да е со мерка, кога детето ќе ти пристапи и ќе сака да се извини и ќе вети дека нема повеќе така да прави игнорирањето треба да престане. Некои родители (како од примерот на Косми) ќе се забораваат со часови па и со денови ќе држат лутина на сопственото дете, наместо да пробаат да разговараат, па на тој начин му праќаат порака на детето дека им е сеедно, а воедно го учат на таков незрел начин да ги решава проблемите понатаму со другарите, партнерот и сл.
     
    На cresa-jagoda, Ava.84 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Нас нѐ плашеа со баба роги порано сеа со полицајци ги плашат децава:|
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Тајм-аут методата сме ја пробале и добивме само уште посилен тантрум. Кај нас не пројде, едноставно не одговара за неа. Засега кај нас уште пали лутината. Не е дека воопшто не ѝ зборувам, туку само кратко ѝ одговарам на прашања со многу сериозен глас, да знае дека сум лута, но дека тука сум за неа за разговор кога ќе биде спремна. Може да седи во било која соба ќе посака, нејзин избор.
    Ехеее, јас кога ќе се присетам наназад колку грешки сме правеле. Сме биле строги кога не требало, или попустливи кога требало да бидеме построги. Па имам пишувано во темата за тантруми колку голем шок ни дојде што тоа се случува на нашето дете. И не дека не сме биле со нерви при крај, ама со тек на време јачаш живци и бараш методи за справување. Но, никогаш не сме користеле навреди, затоа што тие имаат само контра-ефект. А и јас би се чувствувала мизерно доколку такво нешто излезе од моја уста, особено упатено спрема сопственото дете.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Да точно еве јас сега израснав во сериски убиец со потиснати трауми и се изживувам врз луѓе со униформи зошто како мала ме плашеа дека ќе ме земе полиција ако не сум умна.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ти викаш дека претеруваме, а сепак подолу викаш се служиш со разумни закани само. Контрадикторно малце, или сепак и тебе не ти се претерува?

    Се согласувам со @Lolipop23 погоре, полицијата нема да направи трауми, но може да води до еден зачаран лруг во кој детето само ќе слуша со закани, ако не направиш тоа, ќе биде тоа, зашто заканата со полицијата ќе функционира многу краток период. После ќе треба да се премине на нешто друго.
     
    На Independent Girl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Насила давате ли сируп или го седнувате и разговарате со детето за придобивките од медикаментите и одлуките на Светската здравствена организација.

    Мислам дека се претерува.
    Различни деца-различни карактери-различни методи.

    Има деца со кои можеш да се разбереш, ама има и темпераментни кои не ги смирува ништо, а не да застанеш карши него и да разговараш.
    Само што мајките кои имаат потивки деца неможат да ги сфатат мајките кои имаат темпераментни деца.
    И не, вторите ако подвикнат или ако во афект употребат непримерен збор не се насилнички, туку се само неможни во моментот да се справат со детето.
    Човечка одлика е да се изнервираш и да подвикнеш.

    Имам среќа, имам тивко дете.
    Расте само, во мирна и хармонична средина.
    Знае да збесне, но после 5 ,,разговори,, и опомени и самото повишување на гласот и она ,,е сега ќе видиш !!,, е доволна закана дека е време да престане со дејството (дали рипање по кревети, дали бесно трчање низ дома...)
    И сметам и тврдам дека нема да добие траума од подвикнувањето.
     
    На Lilit, cresa-jagoda, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  18. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Вие викате дека не треба да се служиме ама баш со ништо,се е нели психичко и физичко малтретирање.Тоа е претерување.
    Јас сум за разумно заплашување,понекогаш и плеснување по газе,ретко.
    Друго ништо.
     
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Син ми е од потемпераментните деца и кај него сите со кои работи (ради зборувањето оди и на логопед и на дефектолог), и во градинка, викаат дека пали само строгост и викање (уцени не палат). Не дека не е пробано инаку. Расте во мирна околина, и јас и мм не сме бучни, ништо не му недостига во животот. По муабетите тука испаѓа дека е психички малтретиран континуирано :) А од друга страна, на неурофидбек третман кога го носев резултатите беа дека детето не е воопшто вознемирено или под стрес :)
    Не постои шема во која ќе се вкалупат сите деца, и правила што во теорија ќе ги поставиме дека ќе влијаат секаде и на сите.
     
    На duffi, An-na и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Зависи од ситуацијата и ,,потребата,, да се спроведе таква мерка.
    Не секое дете може од збор да се разбере.
    Понекогаш мора да се даде значење на ,,бељата,, која е направена, за да служи како опомена , да не се повтори.
     
    На duffi, Sexybaby86 и darcy им се допаѓа ова.