1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психичко малтретирање како дел од воспитниот процес

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 14 јули 2019.

  1. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Кај моето дете никаков разговор не поминува,дури не сака ни да слуша за да го опоменам за било што.Има 3 години.
     
    На Yowannty и referentka им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Моето малку постаро од твоето и поминува разговор.

    НО, имало ситуации каде било толку збеснато, што не помага ништо освен закана од типот ,,е сега ќе ти кажам убаво,,.
     
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Саркастичен и непотребен коментар. Можеше само да прашаш што правиме во такви ситуации. Инаку не, не давам насила, пошто сакам да го испие и после да не го поврати.

    И после што ѝ кажуваш "убаво" за да те послуша? Или само на тоа останува?

    И разграничете строгост од психичко малтретирање. И јас сум строга и имам авторитет над детето.
     
    На dayla, CameliaMiller и zuto им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.523
    Пол:
    Женски
    Ако го прочиташе мојот пост ќе видеше дека и јас користам такви реални работи, не е дека може човек ништо да не користи. Но, сепак е подобро да не се заплашува напразно, туку да се каже разумно што ќе се случи. А не, ќе дојде баба рога и ќе те изеде. Од такви напразни зборења нема да има ефект понатаму. Што е толку тешко да се разбере не ми е јасно.
    Јас и викам, доколку го ставаш тоа во уста, а тоа е гадно и валкано нешто, ќе те боли мешето. Ако јадеш премногу благо ќе ти се расипат забите, или ако не се мијат. Не, ќе дојде полиција и ќе те затвори. Зашто забите ќе се расипат ако не се миени, полицијата нема да дојде да ја затвори. Тоа се прости примери.
     
    На CameliaMiller, tina-63, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Примери за психичко малтретирање, па кој користи нека се пријави и да каже дали и каков ефект имаат.

    - Ако не јадеш, ќе дојде вештерката и ќе те изеде;
    - Ако скокаш по креветот, ќе ти испаднат нозете;
    - Вол еден, никогаш нема да успееш;
    - Козо смрдена, 100 пати ти реков да средуваш после тебе;
    - Ти си дно, не можеш една двојка да извадиш во животот. Сите ќе бидат успешни, само ти ќе станеш просјак.
    - Сите деца од твој клас се одлични, а ти си обична нула.
    - Се каам што те родив;
    - Ти си дете каков ниеден родител не посакува.


    Да набројувам уште? Ова е психичко малтретирање.


    Еве уште примери за психичко малтретирање.
    Кога родителот се става во улога на жртва:
    - Јас сѐ направив да си среќен, а ти ме награди со болест;
    - Да не беше ти, немаше да давам толку пари за лекарства;
    - Ако умрам, тоа ќе биде само поради тебе.

    Или кога ги игнорираат децата со денови, правејќи да се чувствуваат недостојни за разговор со родителите.

    Примери за психичко малтретирање од "педагози".

    Од основно и средно:
    - Тиквар, научи ли денес нешто?
    - Неспособни едни, кај си фатив работа со вас.
    - Вие сте неотесана багра.

    Градинка:
    - Изолирање на дете од групата за да се почувствува осамено и отфрлено;
    - Постојано критикување дека другите дечиња се подобри од него;
    - Закани дека родителите нема да ги земат дома и ќе останат да живеат во градинката, ако не се мирни (после се чудиме од каде аверзија спрема градинката, наместо забава, самите прават да на децата да им биде казна);
    - И мојот фамозен пример кој го спомнав претходно, плашење дека грмотевиците се Господ кој се лути затоа што сме непослушни.

    И сами имате чуено од снимки како некои воспитувачки и негувателки им се обраќаат со погрдни зборови на деца од претшколска возраст.
     
    Последна измена од модератор: 16 јули 2019
    На Oneo, dunika, cresa-jagoda и 18 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    богами така е,еве јас сум слушала зборови во смисла подобро да не те родев. Сега просто се чудам како може мајка така да му рече на детето. Јас едвај ме спасија на пораѓај па никогаш не можам да помислам а не па да речам подобро да не те родев. Подобро да умрам одколку тоа да не се роди.
     
    На Blue.Sky и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  7. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Никогаш ниту еден пример од овие немам употребено. Постарото ми е растено со објаснувања дека нетреба да употребува погрдни зборови и дека нетреба ни неа да ја навредуваат. Дури кога децата надвор користеа пцовки ја прашав што точно рекле и и беше срам да каже. Е проблемот настанува потоа во училиште каде што децата навредуваат, малтретираат и сл а наставниците само креваат раменици и велат што можеме ние. Верувајте дека се ретки тие деца што незнаат да вратат со грди зборови, едноставно незнаат ни како да се одбранат. А потоа бидејќи не враќаат и не користат навреди веднаш испаѓа дека се глупи, наивни,неспособни и сл. Мене дури наставничката ме викна за да ми објасни дека со фино и со културно неможе да тера детето, дека заради наивноста животот ќе ја казнел на најлош начин.
    И сега што е исправно. И јас се чудев на родители кои ги учеа своите деца да се караат и да враќаат со зборовите, овцо глупава, неспособна една, погледни се каква си, мајка ти и татко ти не те сакаат затоа си мутава, и многи други зборови.
    Што е правилно сега верувајте ни јас незнам и се преиспитувам многу пати.
     
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Малку во друга насока е ова што го напиша. Тоа е веќе булинг, кога деца малтретираат деца. Исто и кога родителите си ги "воспитуваат" децата да се служат со навредливи зборови за да доминираат. Збориме за децата кои се психички малтретирани од родителите и педагозите, односно оние кои го спроведуваат воспитниот процес.
     
  9. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Во една книга прочитав,, Не ги осудивајте родителите за нивните постапки, тие се однесувале така како што најдобро знаеле. Да знаеле поинаку тогаш не би се однесувале така’’ има вистина нели?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Солзи ми дојдоа на очи.
    Ова да го слушнам од наставничка или воспитувачка на БИЛО кое дете (не само моето), НЕ одговарам за постапките. Одговорно тврдам и со глава гарантирам.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Ти текнува за градинката каде ги затвораа децата во шкафчиња и им кажуваа дека ќе ги јадат бубачките? Пред некој месец беше случката. Мајката ги пријави и на крај таа испадна крива, и замислете од родителите. Се разбира, си го отпиша детето од градинка.
    Еве уште еден реален пример на психичко малтретирање.
     
    На Kaetana и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Чек чек.. останатите родители значи рекоа дека е ок нивното дете да е затворено во шкаф?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Така некако испаднало на крај. Задоволни биле, едвај нашле место во градинка, па да не пребираат толку многу.
     
    На CameliaMiller, danichap и WildMk им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Од истиве причини платата на луѓето во мк е 12 000. Е баш од муабетот бар земаме нешто да не се буниме ќе не истераат од работа.
    Ете и овие така за да не "претеруваат" наредно кога ќе ги земаат од градинка може во декември на сред снег седнати да ги најдат, али ок е битно има кој да ги чува цел ден за илјадарче :puke:
     
    На CameliaMiller, kukla21, supergirlmb и 2 други им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Имам три деца, девет години сум родител и имам образование за работа со.деца. НИКОГАШ овие зборови не сум ги употребила, ни па ќе ги употребам. Многу добар пример за психичко малтретирање и оставање лоша слика за општеството во кое расте и се развива едно мало дете. Еве конкретно јас со големиот имам проблем со неговото седење на таблет,компјутер едноставно претерува, некогаш дури не ме ни слуша од што се занел. Е за казна,нема таблет неколку дена. Објаснето се со убаво, дека не е добро,дека очи болат,глава боли. Ама па од друга страна гледам дека не можам скроз да му ги скратам тие работи, па го потпрашувам другарски што гледа, игра и слично. Разговарам како со возрасен човек,планираме како сакал кога ќе порасне да прави игри да имал канцеларија и да му нарачувале игри :). Е уз тој разговор му нафрлам колку е тоа штетно, колку треба да учи за сетоа тоа да го постигне а не цел ден да игра, да чита книги и слично. Не дека не ми е полесно да му речам мајмун еден стани од тука :).Ова на шала секако, ама таа е реланоста. Мора да сме мноооогу трпеливи. Малово уште не е многу карано, ама гледам веќе почнува многу добро да разбира и знам дека ако сега не ставам граници нема никогаш. Две и пол има. И те како помага разговор, иако знае да лњгне на земја и да плаче. На сите ни е лесно да го истуриме бесот врз нив, сите сме нервозни, ама треба на време да се мислиме за последиците. Дете од две годинии ако го плашиме со полицаец за месец дена може нема да памти,ама дете од седум и нагоре години ако му речеш вол и говедо ќе го боли. Значи во секој момент од родителството треба да сме свесни што им зборуваме. И јас ги плашам понекогаш со нешто, потчукнувам газе ама вакви зборови никогаш. И никој не треба да ги користи.
     
    На Lolipop23 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Ја знаеш точно случката или? Зашто ја познавам мајката, наставничка е и на тие им се изрече парична казна...

    Инаку темава е длабока и широка и немам толку време за да навлегувам, читам и пишувам па ке извините ако пишам и после ме нема. Имам граници за се, неможам да кажам дека не сум го заплашувала, ама не сум одела во крајност да го извадам од памет. И никогаш не би го навредувала со такви изрази како @NarCis@ што ги наброја, тоа е веќе стварно психичко малтретирање. Утре и јас ке бидам во образование (се надевам) па ни таму никогаш ништо такво не би му рекла на ученик... Јас на моево сум му рекла ако не спие, нема да порасне, ако не преспие преку ден дека нема да одиме после надвор дека ке биде уморен многу и нема да има сила да си игра, погрдни зборови никогаш не сум рекла и не би ги користела никогаш, душа немам на дете да му речам мајмун, а не па некој уште потежок збор.. др сум рекла ако не биде умен дека јас ке бидам тажна (па и се преправам дека плачам :?: ), за др работи сум рекла ке ти ја заклучам собата со играчки (и сум ја заклучила), нема да добиеш лего коцки, нема да гледаш цртани ич, со полиција еднаш реков дека ако не сака да се врзе ке го земе чичко полицаец, за јадење закани сме немале зашто е кркач и немам проблем со тоа, па нит со лекови пиење, а нз како би убедила дете што не јаде да јаде, веројатно би се откажала, не би бутала со сила :?: Ете немаме многу искуства со се, па затоа не можеме да се мешаме во нечие воспитување + секое дете си е различен карактер. Гледајте да се послушни и културни деца, не е страшно да употребите некоја закана (секако не претерано нешто) , страшно е ништо добро да не ги научите. Мојов обавезно вика добар ден на сите на улица луѓе му се воодушевуваат, во маркет, аптека, продавница кај и да влезе со мене обавезно вика здраво, чао и прилично е секогаш насмеано дете. Секогаш за нешто што не е негово прашува дали може да земе (додека дете прилично негова возраст дојде до него и му ја грабна неговата количка од рака и избега). Кога бевме еднаш во Киндер парк не го пуштаа едни деца да влезе во куќарката, а поголеми од него беа и од внатре викаа не го пуштаме овој:!: и врата му држеа, а јас тука блиску бев со малава и се ги слушав. Еднаш и во парк (мојов многу сака да си игра со деца) и им се доближи (колку него беа) и го избркаа секундарно со погрдни зборови.. родителите беа подалеку и најверојатно не слушнаа и не видоа, толку беше тажен што и јас ке се расплачев ;( А он секое детенце си го прима во игра што мислам дека и така треба...

    Уште еден пример со една мајка која мува не ја лазеше за ништо :D Во игротека во хотел Русија јас со моиве, онака отидени и бевме само ние и уште една мајка со деца слична возраст со моите... Мајкава на моб и шета по нив со моб. Прво доаѓа машково и со големине топки за скокање фрла накај мене и ме мавна во стомак.. таа шета мува не ја лази... ја зима пак топката детево и го удира син ми кој се побуни дека го заболе дека баш во фаца го удри... и пак она се шета ни а ни б на детево.. а детево помини замини го закачкаше син ми, ај викам да не се расправам нит мене денот не ми беше и само бегавме од нив. И малава моја седната во топчиња и дојде и малото нејзино тука, па и она со моб дојде и си чмае зјапа во моб... синчето ме вика и одам 2сек да видам што и во иста секунда додека ме нема малава ми вришти страшно! Ја трчам ја зимам дете липта.. Што се случи и викам? А малово нејзино до мојава одма беше... незнам вика :?: Ја кренав ја гушкам и осеќам мокро на грбот :worried: Леле жени не знаете каква рана од заби имаше ;( Дали ств не видела или се направи дека не виде... Но јас толку лабава мајка немав видено. Зар и тоа бива? Е не бива...


    Се повеќе поневоспитани и диви деца има и се чудам надвор на нивното однесување, па ако им речеш нешто ти враќаат и гајле немаат :x Како се воспитувани тие деца баш ме интересира...
     
    На Sexybaby86, CameliaMiller, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Да, не сакав да навлегувам во детали.

    И уште ова да се надоврзам на Мариз, баш ме потсети. Гледам мајка на клупа со телефонот во рака, дете само, нема со кој да си игра и ја бара заедно да шутираат топка. Мајкава користи изрази од типот: досаден си, не ме замарај, откачи ми се. Истовремено и игнорантски однос, но и се служи со навреди кои не верувам дека 5-годишно дете не ги разбира.

    И уште еден пример од градинка од пред 15-20 години. Во јасли со деца на 1.5-2 годишна возраст им пуштаат правосмукалка која многу силно бучи. Целта е да ги исплашат и да седат на едно место. Негувателката гордо се фали како децата се мирни со нејзиниот "метод".
     
    На CameliaMiller и mariz им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Знаете, да се повлечете целосно од покажување авторитет тоа го нема, па и во основно и средно училиште. И во основно училиште пред деца како професор или наставник треба да покажеш авторитет зошто ако не покажеш авторитет ти отиде на пример и часот а и со него и другите идни часови - ќе ти стане животот пекол.
    Но, затоа треба и да се трудиш ти на пример како наставник да му го направиш престојот за време на наставата на тоа дете интересен, забавен и поучен, зошто сепак, децата не одат на предавање само за да се забавуваат туку и да научат нешто.
    Така на пример и ова. Треба да покажуваш авторитет спрема децата за да можеш да изградиш кај нив личност која треба да ја слушаат и да се потпрат на неа за било што ама тоа треба да биде во рамките на дозволивото.

    Така да тоа што некој ги заплашува децата со тоа што им вели дека ете, ако направат лоша работа ќе ги каже на чичко полицаец не може да се стави на рамниште со психичко малтретирање. Па и ако го искарате детето не може да се смета за психичко малтретирање, нормално, доколку тоа е оправдано.

    Омаловажувањето, навредувањето и понижувањето може веќе да се смета за психичко малтретирање. Тоа веќе да, и тоа особено кога тоа на пример се случува секој ден и нема прекин.
     
    На Lolipop23 и mariz им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    18.061
    Еве јас сум одд. наставник па ќе се надоврзам на горекажаното:
    Има едно дете во нашето одделение што редовно употребува лоши зборови. На децата им се обраќа ти си гомно, лајно,пичка,пцовки и што ли уште не имаше кажано. Другиве 15 беа запрепастени како тој кажува такви зборови. Кога требаше да ми кажат што рекол ми шепкаа или на лист пишуваа. Бидејќи знаат дека тоа не е во ред.
    Рачунај дека секој ден по еден испад имаше. Дете од 7 години. После секој кажан збор имаше "рибање" од моја страна дека тоа се недолични и некултурни зборови,како другите деца не ги кажуваат, како наставничките не ги кажуваат,како никаде во книгите не сме ги прочитале.
    На прашањето од каде ги учи, вели од дома.
    Кога мајката ќе ја повикавме да и кажеме за детето (правеше и инциденти не само зборувањето) таа упорно не убедуваше нас дека тој е добар ученик,дома не зборат така и дека тоа го учел во училиште!!
    Ќе си мислевме дека е во право (иако освен тој друг така не зборуваше) се додека едно утро не задоцни,а на голем одмор им раскажал на другарчињата зошто. Децава запрепастени ме викнаа мене.
    -Зошто доцнеше,кој те донесе?
    -Татко ми ме донесе,епа доцнев дека татко ми и мајка ми се тепаа (ова кажано со широка насмевка на лицето)
    -Не не,се шегува "Станко" ајде играјте си.
    -Не не,вистина се тепаа,татко ми ја удри мајка ми по лице,и се дереше почна да и тече крв од устата и јас бев тажен за неа и плачев. После она го изгреба по лице и дојдовме во училиште. (Повторно осмех на лице)
    Останав со подзината уста.
    Сфатив дека детето живее во ненормална околина,па така од тој момент па натаму не очекував никакво подобрување во неговото однесување колку и да се трудев секојдневно. Ако му кажев на таткото ќе го истепаше,ако кажев на мајката негодуваше и јас бев крива.
    Жалосно е што немавме соработка со родителите, да се потрудеа барем 10% од она јас што го правев за нивното дете ќе го извадевме на прав пат.
    Е сега нека им вади душа до средно,штом во прво одд почна со проблеми,глупости и советување од психолог.
     
    На mariz, CameliaMiller и Sesil им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.107
    Тоа не е оправдување, не само за родители.
    Однесувањето, родители кон деца, деца кон родители, браќа и сестри меѓу себе... се' се учи.
    А родителите им должат на своите деца да направат се' што можат за да научат.

    Детето не побарало да се роди, неговото раѓање е свесна одлука на родителот.
     
    На Lolipop23, NarCis@ и zuto им се допаѓа ова.