1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психичко малтретирање како дел од воспитниот процес

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 14 јули 2019.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    за многу голема жал така е.
    па еве на пример ти се одпушта дете од раце и претрчува преку улица и за малку што не го удрило кола. Родителот сиот испаничен на целиот уплав на детето уште му се дере дека така не требало што место со дерење или било кој агресивен начин може да му објасни на начин на кој најпрво ќе го смири детето. Мислам дека ме разбра.
     
  2. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Ја пронајдов темава и реков да пишам. Се сметам за смирен тип кој брои во нервоза не до 10 туку до 100. Судбината си поигра на 9 год со мене кога ненадејно почина татко ми и мојот идеален и прекрасен хармоничен живот се сруши за миг и се претвори во страв што понатака и најголемиот кошмар да не ја изгубам и мајка ми која ми стана се во животот.
    Со растењето се исчеличив, станав железен карактер, благодарам на мајка ми- жена карпа која и денес сама стои цврсто на нозе.
    Се омажив млада на 22 год го родив синко и си ветив дека ќе бидам родител на место.
    И не е хумано мајка да фали дете, но синко е 14 год тинејџер убаво воспитан, дете кое го обожаваат комшии, негователки и учители/Ки сега и сите 12 наставници, служители... Примерно дете кое учи премногу, оди по натпревари, кампови, одговорен, свири пијано. Премногу кроток и мирен.
    Сето ова го постигнавме со мм со огромна посветеност и вложеност во него, за што воопшто не жалиме.
    Но од друга страна последните неколку години се соочивме со огромен проблем БУЛИНГ од страна на група негови врсници за кои "воспитано дете" е престап, не е во мода и постојано вршат насилство и притисок. Неколку месеци лани поминавме пекол. Омаловажување во очи или преку фб групи, исмејување на неговите успеси и награди. Нарекување дека е бубалица, ретардиран, жена, педер кој не се закача или тепа...
    Буквално одењето на школо стана ноќна мора, со психичко болење на стомак, дури и попуштање во учење, од типот научил ама не одговара или има домашна не ја покажува.
    Се обидов преку службата - 0 ефект деца биле. Потоа преку родителите на тие деца- што да очекуваш кога тие не се воспитани:- една мајка ми вели па што не си го воспита поинаку. Подобро твоето да плаче од моето...
    Конечно со 300 закани преку директорот и класниот успеавме некако да се средат. Не во целост ама барем излегува со дел од класот. Сеуште има исмејување: рано во 23:30 си одиш дома- бебе си, не пробаш алкохол и цигари, но мислам карактерно е изделкан да не подлегне.
    Потполно се согласувам со @Sofi.ja која баш објективно ги гледа работите како наставник за која сите деца се исти. И баш онака како што го опиша насилното детенце, од такви јас би рекла жртви на непорастени родителите страда и моето дете.
    Се буквално се дома кажува, но никогаш не го имам удрено( освен како мало до 3-4год по газето кога гибаше во струја) никогаш го немам навредено, нити без причина пофалено.
    Гледан е со Оооогромно трпение и смиреност. Колку пати ми дошло да му ја свртам една но бројам до кај 30, бидејќи така ќе го изгубам и оддалечам од нас.
    Но сум многу строга и секогаш без исклучок си стојам на зборот. Не кај мене е НЕ. Црвената линија родител-дете знае дека не смее да ја помине.
    Секогаш како дете пробува да добие повеќе, но сега веќе знае дека џабе му е пазар.
    Ми вели мамо многу си добра и многу лоша истовремено.
    Искрено сум многу горда на него, на сите пофални зборови од сите околу него, но жалам што пати и сите ми велат не е за ова време.
    Сега искрено кажете ми на неколку дена пред пораѓај на мојата втора среќа после 14 год, како да постапам во воспоставувањето? ??
    Да и читам од 2 години енциклопедии како на него, да знае добро утро, добар ден и аирлија работа да каже на комшии од 3 год и уште многу работи кои ги правеше синко или да оставам како многу други да расте распуштено??!
    Ова го прашувам како загрижен родител кој од негрижата на други родители пати со своето дете, а не дека ќе постапам поинаку од нормите кои си ги имам поставено како родител.
    Толку од мене и посебно вие со помали дечиња пазете многу и обратете внимание на знаци и однесувањето на децата бидејќи многу пати прикриваат и се плашат да кажат дома бидејки им се закануваат.
     
    На MilaSs12, Sara993, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    прво како родител ретко кој има став како тебе и второ не сите деца го прифаќаат воспитувањето на својот родител. Имаш дете со цврст катактер нека не потклекнува на провокации од другите. Нив тоа им е целта. а второто ќе си го тераш по истиот пат. Само ќе видиш дека ќе има голема разлика бидејќи сегашнивр деца колку и да ги воспитуваш "попримаат" и од своите врсници некои "современи" манири.
     
    На MilaSs12 и Presrekna им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Жалосно е што некои мислат имаме лиглиња што плачат кога нема да им дозволиме нешто и затоа треба да го заплашуваш детето. Уште пожалосно е што мислат дека постои нешто такво како "удирам ама не сериозно, или само по газето". Сите сакаме деца кога се малечки бебиња и кога ги гушкаме, а кога ќе покажат карактер е тука не можат да се снајдат. Никој да не ми кажува дека сите мајки си ги сакаат децата исто. Сакањето значи труд а многу не сакаат толку енергија да внесат па одбираат пократок пат. Љубовта и стравот не одат во иста реченица. Постојат деца кои никогаш не биле удрени ниту заплашувани а пораснале во прекрасни личности. Али тоа е ние во нашата македонија уште мислиме дека ќотегот е излезен од рајот. А каква нација сме, препаметни, абе нас само да ни се даде шанса да се докажеме...
     
    На MilaSs12 и Presrekna им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Баш читав еден текст за ова, за тоа како децата на крај може да испаднат жртви на доброто воспитување, да се чувствуваат несоодветно во околината.
    https://6yka.com/blogovi/kako-pomoci-vaspitanom-detetu
    Воспитаното дете треба да се научи како да се справува со невоспитани деца, а потоа и возрасни луѓе. Треба да му се укажува што е она што другите го направиле, а не требало и во суштина дека тие се криви, а не детето да се осеќа виновно за ништо. И психички мора да се гради, да е поотпорно.
     
    На MilaSs12, mal.ecka, Little girl и 5 други им се допаѓа ова.
  6. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Pa vidi I ednoto I drugoto boli ama nekogas zborot povekje boli od udarot.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал за ова што го читам. И гневна сум мн. Исто како за брат ми да читам. Имам поголем брат. Беше воспитан на мн поинаков начин од мене. ( јас не дочекав такви времиња нашите се разведени) Не дека ми е брат ама вундер кид беше. Одеше на се. И на музичко. Беше одличен од математика до ликовно. Толку добар толку кроток и мирен. Педантен . Никогаш погрден збор на никого не рекол. Нашколо го зафркаваа многу. Со секакви погрдни имиња ,секаков булинг му правеа. Дури пред мене плачел и викаше -зошто не сум како нив , зошто сум олку добар , претешко ми е ,претажен сум . А сега вика фала ти господе што никогаш не бев како другите деца. Тоа што било поминало. Сега е академски граѓанин ценет од вистинските луѓе и на вистинско место. Се ќе помине. Синко твој ќе си остане најдобар.

    Инаку на темава да се надоврзам психичкото казнување е мнооогу полошо од физичкото. Татко ми со прст никогаш не ме чепнал ама психички мн ме казнуваше. Кога ќе му паднеше жал ми викаше тоа го реков/направив за твое добро. Јас ден денес имам трауми.
     
    На elenaklasik, Cherry333, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.