1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психичко насилство врз професор

Дискусија во 'Образование' започната од HarleyQuinn, 1 јуни 2015.

  1. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворив за да ве прашам за совет :) Доколку мислите дека е непотребна, кантичка :)
    Значи една од професорките кои ми предаваат постојано е жртва на моите соученици. Тоа е повеќе од очигледно, веќе две години постојано ја малтретираат, ја навредуваат, омаловажуваат, и таа не може ни да предава од нив, само натажено седи на катедрата. Таа е виновна што не знае да оддржи час и што е премногу попустлива, сигурна сум дека да беше друга професорка во прашање веќе сите тие ќе летаа од училиштето, но сепак, ова не го заслужува баш никој, камо ли жена која може мајка да им биде. Многу пати сум разговарала со своите соученици на оваа тема, но тие постојано ми кажуваат дека таа била глупава а тие само го искористувале тоа. Не сакам да си направам проблеми ниту со неа, ниту со одделението, но дали сметате дека треба насамо да поразговарам со неа? Како да и пристапам? Да ја прашам дали е се’ во ред или само да и се извинам во името на целиот клас? Ме фаќа срам од луѓето со кои учам, а сакам само да и го разубавам денот...
     
    На FotoLina3, justin4ever, angelche16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Аууу страшно. Дали само кон неа се однесуваат така, или и кон некои други професори? И дали си слушнала дека и некој друг (клас) се однесува така кон неа?
    Навистина жално.
    Убаво е што сакаш да и помогнеш, но проблемот е како таа ќе го прифати тоа. Да не се навреди, па ти ќе си направиш проблем. Јас мислам дека треба да разговараш со класната или некој професор со поголем авторитет/повозрасен, и тие да пробаат да помогнат. Можеш да ги замолиш да не кажуваат дека ти си им кажала за однесувањето, и преку разговор со соучениците и со неа да се реши ова.
     
    На FotoLina3 и MilaP им се допаѓа ова.
  3. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Сите се однесуваат кон неа така, дури и кружат приказни дека маж и ја малтретирал дека имала психички проблеми и слично, и тие муабети мене ме вознемируваат многу... Како прво, воопшто не им личи да зборуваат така на 17 годишници...
    И ти благодарам на светот, баш планирав да и кажам на класната, ова мора да запре..
    A на другите професорки им немаат ни зуцнато, еден ден цда им направат бар пола од ова што и го прават на нејзе ќе летаа од школово одамна...
     
  4. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Штом и други го прават тоа, кажи обавезно. Сигурно и таа има слушнато нешто, ама сега се надевам ќе реагира.:)
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    А бе парата има 2 страни. Децата штом знаеле некои работи, тогаш некој и им ги кажал. Тој е исто толку виновен. Приватниот живот на професорите не е работа на замарање на учениците.
     
  6. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Лошото е што сум сигурна дека тоа се измислувања, исто како што зборуваа за неа дека е субмисивна и живее како Анастасија од 50 нијанси на сиво...
     
  7. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Па во денешно време повеќето од учениците се однесуваат недолично со наставник/професор.Јас мислам дека е до професорката како уште на почеток ќе се постави спрема учениците ако цело време попушта и толерира многу нормално е дека децата уште толку ќе и се качуваат на глава...
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Тоа да, и нејзина е вината, но ве молам, сепак домашна култура е во прашање. Мајка и пцујат во лице...
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не е секој за професор, но и тоа не е начин. Деца во пост-пубертетски фазон се страшна работа, треба да си добар стратег за да излезеш на крај со нив. И јас бев средно и кога ќе се навратам на дешавките и муабетите. фејспалм ми е блага реакција. И родителиве малце да сменат пристап. И родителите да се заангажираат. Кај смеело на времето збор да се врати на професор, а не па мајка да се пцуе?
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Тоа си збори за нивното воспитување...Кога можат својата мајка да си ја пцујат...
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Но јас не можам да поверувам како е можно дотолку да немаат свест и култура веќе на 17 години, колку и да е попустлива таа, и јас самата некогаш галамам и се глупирам, но такво однесување никогаш не би ми ни паднало на памет да си дозволам...
     
    На tina dizzie, Arabella и Ketchup им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    А бе, знаат какви настроенија има Анастазија од сивите нијанси, а да ги прашаш нешто лектири ова она, трт... Што сакаш повеќе од такви? Многу им се допушта на децава еј...
     
    На FotoLina3, Someonespecial, friendy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Ништо нека не те чуди,секоја генерација е понапредна и понапредна со своите глупости и неморално однесување.И да во право си на сите ни се има случено да направиме некоја глупост или слично ама некои немаат осет како се понашаат...
     
    На tina dizzie, crazylady, Summerlover и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Знам ист ваков случај, учениците со генерации ја навредуваат, учат едни од други и цело време. Професорката не знае да се справи со еден ученик, а не со 30. Знае премногу, има и докторат од таа област, супер објаснува, но само ако има малку ученици кои нема да ја малтретираат. Ја маваат во зима со снежни топки, ја гаѓаа со саксија. Што да ви кажувам, се иживуваат ненормално многу. Се чувствуваат супериорно и искористуваат. Имаше неколку пати обиди да и дадат отказ, но професорката не може никако да ја избркаат од работа, некој ја штити. Јас мислам дека секоја личност психички би полудела, и многу би дале сами отказ. Не е секој да биде професор, но кога веќе е навистина не заслужува така да се однесуваат со него. Кај нас чаре не се најде, не знам обидете се бар вие што ја почитувате и имате контакт со неа да и укажете да се потруди нешто да направи.
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Браво за девојката што ја отвори темава :clap: Значи стварно секоја чест, додека сите нејзини врсници се однесуваат како недоносени дечишта таа се грижи за чувствата на професорката....а има можност и таа да ја навредува и да се измејува и никој да не знае. Ама сепак решила да побара помош што е за огромна пофалба. Размислуваш зрело и се надевам дека ќе и помогнеш на таа кутра жена.
    Штета што се ретки вакви луѓе како тебе :) уште еднаш БРАВО.
     
    На FotoLina3, Glossy-girl, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  16. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Душа :hug: Фала ти многу мила :3
    Иако јас мислам дека можеби малце и закаснив и се каам што не се сетив порано да побарам начин да и помогнам, освен тоа што некогаш се јавував како доброволец за испрашување за да не мора да ги слуша таквите мои соученици, навредите и малтретирањата од нивна страна ескалираа, што мислам дека на секој нормален човек со бар малку емпатија ќе му се згади. Утре ќе и кажам на класната, и ќе ја замолам потоа да ми дозволи да разговарам со професорката, ако не можам да променам нешто бар да и го направам денот поубав, ми врие крвта кога гледам неправда, а се почесто ја гледам во нивното однесување кон неа...
     
    На FotoLina3, JollyGirl и Ketchup им се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Да знае колку добро и мислиш верувај дека ќе те сака повеќе и од сопствените деца :) И јас сум се нашла во таква (слична) ситуација како тебе ама ете сум немала доволно храброст да преземам нешто.
    И јас сум многу чувствителна и не можам да гледам како некого го исмејуваат. Сум бранела соученици кои ги малтретираа секојдневно ама за професор не сум можела.
    Пробај зборни прво со класната, па зборнете и со професорката само пази да не ја навредиш, па да испадне како е неспособна сама да се брани.
    Се надевам дека се најдобро ќе заврши, а верувам дека на професорката не и се доаѓа на работа.
    Пробајте со класната и сменете го тоа :*
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Загрижувачки е до кое дереџе ни стасал бонтонот. Значи, до тој степен да се нема култура е просто загрижувачки, фрапантно! (facepalm)

    Нејсе, конкретно околу твоето прашање Хар, би те советувала исто како и претходните феминки, да пробаш да поразговараш со класниот раководител или директорот на училиштето. Меѓутоа мора да внимаваш, да бидеш искрена, конкретна и јасна како не би помислиле дека со сила глуматаш фина. Пошто знаеш, луѓево денес мислат дека ако тие се со двојни аршини, сите останати се` како нив. Па така, речиси секој кој се труди да биде љубезен и помогне го оценуваат како улизувач. Затоа ако некој од твоите соученици го дели мислењето со тебе, не би било лошо да го повикаш да ти се придружи. Освен тоа, на тој начин ќе си помогнете при изнесување на ставот, бидејќи како и во повеќето случаи така и овде важи правилото ''заедно сме посилни''.

    Патем, навистина ми е ужасно жал, но сама знаеш дека иако помалку или повеќе сме сите свесни дека такви работи се случуваат во општеството, никој не понесува одговорност. Oва ти го кажувам за да бидеш подготвена да иако се согласат на соработка не бидат комплетно искрени во своите намери, па разрешувањето на проблемот само да расне или пролонгира.

    И еве кога сме веќе тука, сакам да додадам уште нешто...Значи дојде такво време да целото внимание се насочи кон воведување и поправка на ново воведените механизми, притоа заборавајќи на елементарните вредности, кои одамна тлеат, а се главно жариште на повеќето проблеми.

    И значи а намирисаат слабост, одма се фрлаат како ајкули по плен. Ебати луѓето ебати.. :@
     
    Последна измена: 3 јуни 2015
    На Elena69221, Someonespecial, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Греота е да се изживуваат така, зарем немаат грам совест бе, што е со младинавата?
    Јас сфаќам, ијас полна сум со бубачки, нема да внимавам на час, ќе си правам нешто сосем друго, ама да се изживувам со некој мирен наставник тоа никако.Немаат грев ли?
    Постојат професори кои ни ја цицаат крвта на секаков начин, е тие се оние кои треба да бидат ''малтретирани'' , а не некои тивки и добри кои единствено нешто што сакаат е да не научат.Срамотилоци.
     
    На Glossy-girl, Victorian, HarleyQuinn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bonx

    Bonx Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    И јас имав вакви наставници, и професори.И не трпев во никој случај такво непочитување од сокласниците до професорите, и стално знаев да го повишам гласот повеке од професорите кон сокласниците да ги смирев.И се обракав со такви збори да си ја сфатата грешката и непочитувањето, и стануваше штама тогаш во училницата. :lol:
    А сум одела и доста пати кај педагогот и сум се жалела како класот ми е доста бучен на одредени пофесори.И не не е до професорите, да нас е проблемот, затоа што незнаеме доброто со добрто да го вратиме!;)
     
    На HarleyQuinn и tessie им се допаѓа ова.