1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психичко насилство врз професор

Дискусија во 'Образование' започната од HarleyQuinn, 1 јуни 2015.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    За разговорот со професорите и јас сум со поделени ставови. Ако си решила да си на страна на професорката, треба да бидеш на страна на професорката. Затоа што имало ситуации, као ние сме против такво однесување ова она и после во одредена ситуација кога морал ученикот да бира дали ќе се солидаризира со класот или ќе им се спротивстави, се солидаризира под изговорот „најбитно ми е другарството...“

    А кутрите, не се свесни дека во голем број случаи после завршување на средно со повеќето солидарни другарчиња „здраво“ на улицата нема да си кажат, а за изгубената можност да научат од добар професор ќе патат со години ... така што, ако има ситуација, сега ти ја браниш, се жалиш од нив и утре нешто се бунтуваат и цел клас стане и ти, од солидарност де, станеш со нив, постојат шанси да ѝ се одмилиш многу повеќе од останатите безобразници затоа што постојат шанси да мисли дека ти си најмудра од сите, а всушност ги подбуцнуваш. Ретко кој ќе остане доволно трезвен за да му е јасно дека си морала, дека ненормален е притисокот којшто го вршат и дека мораш оти уште една година имаш со нив да учиш и мораш да ја преживееш истата. Така што, стратешки одбирај го секој потег. Инаку секоја чест за твојата одлука. Се гледа некој дека се потрудил убаво да те воспита, браво за зрелоста.

    И како да се охрабриш да бидеш родител кога знаеш дека ако го воспиташ детето правилно, ќе биде едно од ретките и ќе страда...(facepalm)
     
    Последна измена: 3 јуни 2015
    На Glossy-girl, Valerin, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  2. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што јас сум мноогу пргава, и баш сум позната по тоа што секогаш имам свој став, па дури и по цена да одам против своите соученици или одредени професори кога ќе намирисам неправда. На примеер, најстрогата професорка која цели часови вика по нас, воопшто не сака да ја предава лекцијата и не тера да ја читаме од книга, притоа е најнереална во оценувањето. Сум се бунела и за себе, и за другите. Ми пречи ако мене ми поклони петка, а на некој кој заслужува повеќе, му стави тројка. И свесна сум дека тие никогаш не би ми возвратиле во слична ситуација, но не можам да си помогнам, и класната ми има кажано дека имам „црвци“, а ванаби багабонтите кои пред други професори воопшто немаат храброст веќе се навикнаа на мене и нивната реакција секогаш е смирена, проследена со иронично „Харли си нема поим од животот. оставете ја, нека се напрега за глупости.’’ А горделива сум и спремна сум на се’ ако некој се обиде да го повреди моето его. И знам дека вака ќе ми биде потешко во животот, но немам ништо против тоа. Од друга страна, иако ми врие крвта, никогаш на себе не сум си дозволила да бидам безобразна кон авторитетна личност. Понекогаш и не сакам да имам авторитет пред себе, и ми пречат професорки кои воопшто не се заинтересирани за својата работа и сеуште ни име не ни запомниле иако од почеток на прва година ни предаваат, а тогаш сум прва да се бунтувам и тоа со културни зборови кои ми доликуваат, додека ванаби багабонтите кои и се нафрлија на професорката за која зборував, само си седат и си молчат, а бидејќи луѓето, како и професорите во повеќето случаеви не сакаат да ја слушнат вистината, токму јас сум запишувана во забелешки. А од ванаби багабонтите да ви кажам, воопшто не ми е „страв’’. Всушност, зошто да ми биде? Пола клас, и токму оние со кои што се дружам и ги сакам најмногу се тука за да ме поддржат. Иако, кога би требало, не би ми било проблем да одам сама против сите. Воопшто не се спречувам себеси ако тука мора да летне некое шамарче, зашто сум свесна дека се’ што правам е за нивно, за мое, за доброто на класот, дури и за професорите, а тие целиот свој живот ќе се мачат, и по ваквото однесување, фејк хулигани со паркинг место во гаќи, додека завршат средно ќе се однесуваат како паши, а по тоа, нема да заработат ни пет денари. Ако тие професорка која може да им биде мајка ја сметаат за потчинета пред нив, можам и јас да ги сметам за потчинети пред себе.
     
    Последна измена: 3 јуни 2015
    На Glossy-girl, Victorian, tina dizzie и 5 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Е па, секоја ти чест. Штом си подготвена, обиди се да се избориш за тоа коешто мислиш дека е праведно. :) Блазе им на родителите.
     
    На Glossy-girl и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  4. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    А каква е со оценувањето? Реална, попустлива?

    Јас би им залепила кецови на таквите. Или нека се однесува убаво, или марш на полагање. Мора да постојат рестрикции за такво однесување, откако воведоа правило да не смееш да го избркаш од час, или ќе го/ги праќам кај педагогот секој час или ќе го викам на час. Па нека следуваат и укори.

    Заради твојата добра воља, најдобро да се пожалиш кај педагог, психолог или директор, да ја објасниш ситуацијата, па тие понатаму нека го превземат случајот. Класната може да помогне да реагира над целиот клас.
     
    На Victorian, crazylady и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  6. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Попустлива, премногу. Сите тестови и ги крадат пред време, ги пишуваат дома со книга, и после сите четворки и петки вадат. Таа е свесна за тоа но не превзема ништо, еднашка проба и на глава и се качија, тогаш ескалираше малтретирањето...
    А ништо не знаеме по тој предмет зошто немаме нормални часови.
     
  7. macedonec

    macedonec Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Harley Quinn свесна си какви проблеми можеш да си направиш твоите соученици ќе почнат да те мразат во животот гледај си прво за себе после за сите други тоа е мое мислење ако мислиш поинаку од мене слободно исправиме
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Уствари кога подобро ќе размислиш сфаќаш дека класниот, како и директорот знаат за проблемот бидејќи сигурно се збори за тоа на велико, ама намерно глумат ,,нисам одавде'' не сакајќи да помогнат.
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Нема изговор за такви деца...дали наставничката дома има проблеми или живее како некоја си таму од некоја книга (која патем е шунд за нивна возраст) ИЧ НА НИКОГО ДА НЕ МУ Е ГАЈЛЕ.
    Треба да се поводи сметка малку од страна на родителите.
    Да ги прашам јас тие деца од 17 години како би им било некој мајка им на работа да им ја малтретира ???
    Да ја псуе и навредува??
    Море многу им се даде право на децата...тие и најмалото повишување глас за малтретирање го сметаат.
    Домашно НЕвоспитување и култура е тоа...
    За некои деца таквото однесување не е ново, така дома секодневно гледаат.
     
    На Glossy-girl, Victorian, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.327
    Пол:
    Женски
    @HarleyQuinn Јас пак не мислам дека ќе си направиш проблем со соучениците, туку напротив, кога тогаш и тие ќе сфатат дека тоа што го прават е погрешно и детски. На 17 години веќе треба да имаш култура и воспитание бре, мислам не само на 17, туку секогаш, но сакам да кажам дека веќе се доволно созреани за да прекинат тоа што го прават.
    Секоја чест за одлуката што сакаш да и помогнеш на професорката, родителите сигурно се горди на тоа што имат таква ќерка како тебе. :)
     
    На MiloMalo и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    И јас имам ваков случај кај мене, професоркава сите ја знаат таква со генерации наназад од деца до професори до директорката, да не кажувам што и имаат правено постари генерации, ја имаат запросувано, сакале да ја дават во лавабо и сите се свесни за тоа, намерно и имаат дадено училна најблиску до канцеларија и стално ја надгледуваат.Ни отсутни запишува, пробуваше на почеток да предава ама тоа во вода отиде, ни тест сме направиле ни ништо.На почеток и одевме на часови, и овие од мој клас ја малтретираа, и идеа со дезодоранс и пред неа го палеа, низ прозор искачаа, џогер со вода носеа во училна и што ти не, тоа беше две недели и од тогаш не ни отидовме на час, или одеа покер си играа, крстозбор, учиш нешто друго, јадеш, што сакаш си правиш на скратено, не не ни оценуваше 5ки сите имаме.
    А жената стварно е паметна има магистратура и 2 доктората ама никој не ја зема за озбилно, ни самата не се зема и да се побуни некој џабе кога никој не мрда со прст, таква си е од кога е вработена.
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @HarleyQuinn Прво да ти кажам браво на храброста,ретки се луѓето како тебе.
    Во средното имав иста професорка како твојата,ама со мала разлика што мојата после се истураше врз нас неколкумина што ја слушавме и бевме активни.
    Да бидам искрена,класниот најверојатно знае каква е ситуацијата,а сигурно и другите професори,само што нејкат да се мешаат,да си прават проблеми.Сепак пробај си ја среќата.
    Исто така разговарајте цел клас за време на класен час.
    Јас така направив за една друга моја професорка спрема која беа неправедни,само јас малку претерав и ги направив лом сите,почнав да им викам дека се некултурни татини принцези и мамини синови и дека ништо нема да постигнат во животот :D (во самоодбрана половина од нив стварно беа такви :D )
    Ти немој така :D Зборувај смирено и укажи им дека се грешка со однесувањето,пробајте да се активирате во часот,направете го интересен и така.
    Ти посакувам среќа :)
     
    На Victorian, Valerin и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене ми предаваа двајца вакви професори кои имаа неизмерно многу знаење, ама не можеа да одржат дисциплина на час. Тотален хаос беше. Мене искрено ми беше жал за нив, зашто колку што се трудеа околу часовите, колку што сакаа да ни го пренесат знаењето, толку беа малтретирани и понижувани. Тој што сакаше да научи од нивните предавање - учеше. Тој што не сакаше, лесно поминуваше. Буквално ставаа оценки само ако некој седи мирен, доволно им беше тоа. Во еден момент една од тие професорки ја видов само како седна на катедра, си ја потпре главата со раце и не мрдна додека не заврши часот. Се викаа родителски средби, педагози, директори, наставници, некое време ќе се смиреше ситуацијата, ама после пак почнуваше стара песна. До ден денес тие професори предаваат и колку што сум се распрашувала, ситуацијата е иста, ако не и полоша. Мислам дека после некое време се појавија и клипчиња на интернет од тие професори, од тоа што сè се случува на час. Најстрашно беше кога ќе им дојдеше преку глава, па на неколку наврати имаа испади. Трпат трпат, ама на крај ќе им се споеја жичките и тогаш беа страшни, дури и почнуваа да летаат шамари и клоци. Е тогаш сите се плашевме од нив.
    Зборот ми беше - @HarleyQuinn не знам дали ќе успееш нешто да смениш. Секој не е за професор, треба да имаш авторитет, инаку на глава ќе ти се качат. И двајцата професори кои мене ми предаваа беа мека душа, па дозволуваа сè и сешто. Нив ги знаат и другите генерации, уште пред да стигнат да им предаваат.
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Немој да мислите дека е само во средно.Кај нас во основно е бетер.Абе имаше една асистентка по англиски онака младо девојче 25-6 имаше.Си предаваше најнормално супер ама сељаци ко сељаци почнаа да ја малтретираат.Девојчево што ќе прави новра средина, прв пат со деца прв пат да држи час.Толку ми паднало жал, абе една недела на мира не ја оставија, ја пцуеа, и довикуваа кепец, свиња зошто беше пониска и пополничка.Абе бруки, сите машки се изживуваа врз неа, а ние мирните што ќе правиш ќе седиш и ќутиш потоа виде девојчето дека не бива и замина.
    @HarleyQuinn колку и да креваш прашина џабе, ниту еден професор нема да пристапи да помогне, професорите самите меѓу себе не се почитуваат, а не па да се бранат.Могу лошто време дојде, никој нема култура, сите се кој од кој, сите си гледаат за себе :!:
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    И во моето училиште има наставници кои дозволуваат часовите буквално на пазар да им личат.
    Но не ги обвинувам и нив напротив, гледам дека се трудат со добро и смирено да им објаснат некои работи на ученици кои за жал доаѓаат на школо онака колку да се рече дека доаѓаат и да завршат 4 години да не е без ич ем илјада евра е казната ако не дојдат. Имало часови кога не ми се седело, кога ми се спиело, кога ми било досадно, сум си играла со телефонот и уште што не, но никогаш не сум си дозволила да им пречам на другите, да бидам гласна, да урлам, да викам.
    Ама тоа е има секакви деца. Многу убаво од твоја страна што сакаш да помогнеш, браво. Може нешто ќе се смени, може и не. Зборувај со класната, психологот, директорот и кажи им што се случува на часот. Нека се свика родителска средба и нека се види проблемот што е со тие дечишта. Ако некому му се пцуе, навредува, галами, вика и изживува нека си седи дома и нека ги третира така родителите. Оти секој културата од дома си ја носи, да навредам професор/ка за мене е исто како дома родител да сум навредила. Некој професор ми е повеќе мил, некој помалку ама кон секого има почит. Ова што се случува на оваа денешница со овие деца е страшно, се срамам што имам 17 години и што сум ученик.
    А и да ќе се согласам дека секој не е за професор. Имам еден професор конструкција предава ама секоја му чест. Знае да ги стави во ред и оние најлошите. Вика малку повеќе од што треба ама е многу одлучен, ќе те опомени еднаш два пати и ќе те запише и надвор. По 10 минути пак внатре ќе те врати и запишан ќе седиш на час. Без тетратка и мерило пред очи не смее никој да му се појави. А исто така и доста духовит знае и часот интересен да го направи. На неговите часови најмногу ми се седи иако е строг.
     
    На Victorian и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Браво @HarleyQuinn за темата која денес е многу актуелна. Ме потсеќаш на мене кога бев средношколка, исто и јас бев бунтовник со причина.

    Добра идеја е да кажеш на класната, ама не знам таа каква е, колку ќе ти помогне. Пошо и тие се поделени по кланови и главно се безобразни и се ситат на другите колеги. Пробај, па кажи ни што како, баш ме интересира.

    Имаше и кај нас една таква и мене ми беше жал за неа и затоа цело време и ќутев на час, па таа виде не виде дека не може на другите, па почна на тие што се мирни и мене еднаш ме избрка од час, а појма немам зошто. Такви се, фрустирани.

    Мислам дека најдобро би била твојата професорка да даде отказ, ама нема шанси дека, којзнае дали ќе најде друга работа. Затоа не треба секој да се вработува како професор. По изглед се познава кој треба да биде зашто како прво тој е педагог. Принципот на научност е битен, но не премногу зашто имаш да осмислиш цел час со темпераменти деца. Затоа и треба попргав, темпераментен карактер да има професорот. Ако е некој пасивен, се губи. Го снемува.
     
    На Glossy-girl, crazylady, HarleyQuinn и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Јас колку што можам да разберам од тoa што си го напишала @HarleyQuinn , ова е проблем на професорката. Сепак, таа треба самата да си помогне, возрасна е, Убаво од тебе е тоа што се грижиш, но таа професорка има каде да се обрати и да се посоветува. Во крајна линија, професионалноста на работата бара од неа да си се постави кон тие што ја омаловажуваат на соодветен и педагошки начин. Ако ништо не презема, тоа значи дека не е добар професор/педагог. Мене нејзиново однесување, повеќе ми делува како незаинтересираност и не ја оправдувам воопшто. И јас сум предавала на бунтовни и безобразни деца, но професорот секогаш треба самиот да си изнајде начин за да се справи со таквите, инаку не е за таа професија. ...како и за секоја друга впрочем, или те бидува, или не !
     
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Најпрвин тоа е едно домашно невоспитување кај децата ! Кај се родителите да ги учат каков однос треба да се има на релација професор - ученик? Порано вакви работи немало и имало почит и од двете страни.
    Втора работа - кај се директорот, и психологот во училиштата кои се едни од главните во водењето на училиштето? Зар не знаат што всушност се случува? И глуп да е ке примети дека нешто не е во ред со малтретираниот професор!
    Трета работа е овде веќе самата професорка морало да се пожали кај директорот или кај некој од одредените задолжени за училиштето.
    Поентата не е само како би се поставила професорката со учениците туку како што реков на почеток овде е и невоспитувањето од домашната средина.
    Јас не можам да реметам некој професор ако го имам тоа од дома. Сме имале такви професори кои биле материјал за подбивање и малтретирање ама никогаш го немам направено затоа што ко прво за мене е тоа недолично однесување, и немање општа култура.
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Генерација како генерација ќе заврши и ќе дојде друга, а наставничката пак ќе остане наставничка.
    Таквите деца не се менуваат, освен во ситуации кога добро ќе ја научат животната лекција. Животот никого не гали со перце.

    Една година заедно на одмор се запознавме со едно семејство од ист град. Жената беше професор во едно училиште и се жалеше дека дома секојдневно си оди со главоболка и немир. Дел од учениците биле многу невоспитани, агресивни и кога ги укорувала со намалена оценка, тогаш имала притисок од претпоставените за корекција на оцената, бидејќи родителот на ученикот бил овој или оној.

    Значи децата сами си ги воспитуваме и тие се одраз на нашето однесување.
     
    На Glossy-girl и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  20. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Тоа се деца без воспитување:)Не ми е јасно само како родителите ги оставаат толку сами на себе.Како би им било така својата мајка некој да ја навредува или малтретира..Ужас.И кај мене ги има такви кога ги гледам како ги навредуваат наставниците ми иде да им удрам една циганска па да незнаат кај се после -.- Али тоа е..размазени мамини и татини галеничиња,добиваат се што ке посакаат и баш ги боли за другите:|