Харли, откако ги прочитав сите твои постови во темава, морам прво да ти кажам едно големо браво за карактерот, воспитувањето и недозволувањето на ваквата околина да влијае на истото... Твоите родители навистина треба да се горди, на младинава ѝ требаат повеќе личности како тебе Ми предавале и во основно и во средно сличен тип на наставничка/професорка кои не успеале да воспостават контрола и со кои биле поврзани вакви исмејувања (само не со толкава мера на дрскост да им се кажува во лице)... Според мене колку и да се работи за попустливост кај самата професорка, нема никакво оправдување за ваква некултура, израз на крајно невоспитување е со погрдни зборови дури и на врсник да се обраќаш, и на било кој повозрасен од тебе, камоли на професор. А сè она што досега го имаш пишано мислам дека доволно докажува колку си поразлична од нив и зрела да се носиш дури и со ситуација кадешто би можела да испаднеш „несолидарна“... така да те поддржувам и секоја чест за одлуката да дејствуваш
И јас имав пред некоја година таква професорка во средно, беше многу начитана и достојна на својата професија. Амаа си беше ептен попустлива и фина, и така сите ја правеа будала. Од ученици па се до професори.. Од генерација на генерација се споделуваа мислења меѓу учениците им се пренесуваше на новите генерации каква била професорката мирна,што сакаш можеш да правиш на часот и немаше клас што не го злоупотребуваше тоа. Пушеа на час,се лакираа,јадеа,спиеја,писмена кога се правеше со А4 формат листови на маса се препишуваше без таа збор да каже и после тоа сите 4ки-5ки.. Јас тоа со препишувањето си го практикував како и целиот мој клас,ама никогаш во животот не сум ја навредила и кога се ствараше преголема бучава знаев да им се извикам на сите за да го намалат барем тонот. Не викам дека јас ја слушав додека предава,оти да бидам искрена ниту самата неможеше да се слуша од хаосот на часот, само често пробував да ги стишам соучениците барем да може жената мислата да си ја доискаже.Не запишуваше отсутни,се случуваше по 2-3ца да седат на час и пак да предава.. И професорите знаеја како се однесуваат учениците со неа и никој ништо не превземаше,реално тоа беше нејзина вина што се постави толку мирна и повлечена и дозволуваше се и сешто да се случува на часовите и секако вина на учениците што не знаат да препознаат добрина и ја злоупотребуваат без осет и чувства. И до ден денес ми е многу жал за неа, и ми е криво што на никаков друг начин не сум и помогнала освен тоа што пробував малку од малку да ги смирам неизживеаните недораснати мои соученици.. Вака кога се сеќавам,се прашувам како сега се однесуваат другите генерации со неа, бидејќи очигледно е дека идат се полоши и невоспитани генерации Харли тебе секоја чест што превземаш поголем чекор и што сакаш да и помогнеш,дај Боже да и ги скратиш маките и да почнат посериозно да ја гледаат жената или таа да се совземе и да биде построга и да им покаже каде им е местото на сите
@HarleyQuinn , баш вчера слушав емисија на радио на темава, и информацијава ми 'се закачи' во уво - парична казна за родителите на децата кои малтретираат наставници во висина од 3-4500 евра во денарска противредност. Мислам дека е оправдано од твоја страна ако побараш помош и од други надлежни органи, бидејќи ситуацијава воопшто не е безопасна и треба да се реагира што побрзо. Разговарај со твоите родители и ако сметате дека пријавувањето во училишната служба би било залудно, побарајте помош и од други институции. P.S. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=761010482&id=9&setIzdanie=22026 Иако статијава е постара, од 2010, покажува дека и тогаш имало санкции, но за жал не сите сме биле запознаени со истите. Денес казните се драконски, што укажува на сериозноста на проблемов. Немој да се откажеш од твојата намера. Еве го и усвоениот Закон за наставници во основно и средно образование. http://www.mon.gov.mk/images/docume...astavnici_vo_osnovno_i_sredno_obrazovanie.pdf Обрати внимание на член 14: Не знам зошто, но читајќи го 'сценариово', не можам а да не замислам како би ми било на мене ако истово и се случува на МОЈАТА МАЈКА и никој не се осмелува да пријави. Срамота
HarleyQuinn, прочитав и ова ми дојде како идеја.На крајот од школската година напиши и честитка/благодарница(мислам дека се продаваат такви,имам слушнато) во смисол,балгодарност до најдобрата професорка од која научив што е добрина,толеранција,нешто од предметот кој ти го предава и слично.Мислам дека тоа ќе и биде една светла искра и дека ќе и значи многу.
Сите можиме да речиме дека во секое училиште има ваков наставник што попушта и им дава да им биди полесно на сите. Кај нас, ја малтретират наставничката по музичко, вербално односно психички, но може и некогаш и физичко малтретирање. Им попушта на сите и многу е добра, ама некои имбицили ќе ја земат приликата за да го злоупотребат тоа. Ја навредуваат нон-стоп! Секогаш кога имаме музичко, му се молам на Бога да им дај памет на овие нашиве. Еден 15 годишник да и ја корни косата и да ја навредува дека нема талент за музика и незнам што е доказ колку има домашна култура. Не ми е јасно зошто таа и дозволува на ваков начин да и речат “ви благодариме за тоа што ни попуштате“. Се труди, им вика, и ја има викнато класната и директорката за оваа ситуација ама не се виде чаре од тоа. Срам ми е што јас, како 14-годишно девојче, учам со вакви имбицили и идиоти. Ми иди да и пријдам и да ја гушнам со цела сила и да и дозволам да се исплаче. Глупаво е што наставниците им дозволуваат на некои деца да им го манипулираат со тоа психичко малтретирање. Мој совет е да одиш кај класниот, директорката или психолог, и да прашаш дали има некакви шанси за да се подобри сето ова. Или ако не, кога имате час од неа, на крајот на часот, ко ќе излезат сите, застани ја и разговарајте. Имам верба дека ќе успее тоа со неа.
И исто така да спомнам, ти благодарам Харли што постоиш на светов, оти ретко некој да почни тема на вакви случаи. Многу сакам луѓе како тебе, што имаат свој став и имаат право да се изборат за нешто во животов. А BIG ROUND OF APPLAUSE! И ако некој од твоите соученици ти се спротистават за тоа ти што ќе го направиш за наставничката, тогаш исечи ги тие луѓе од твојот живот. Не само што ќе шират негативност кон неа, ќе ти шират негативност и тебе. Поедноставно речено, не се замарај со нив.
Greota za profesorkata sto se ne trpi,no neznam zosto do sega ne postavila nekoja granica na tolerancija.Kaj mene vo sredno imase profesori koi se salea so nas pa i nie so niv no znaevme do kade ni e granicata a imase profesori kaj koi muva da preleta na cas trebase da se cue. Na fax se sretnav vo smerot so dvajca kolegi ajde divjaci da gi narecam zasto toa i bea,profesorite gi toleriraa no posle 3-4 predavanja im zabrania cel semestar da go slusaat predmetot..pa da videme posle dali nekoj ke se osmeli da se odnesuva kako sto ne dolikuva.A so toa sto ke kazes na klasna iskreno se nadevam deka ke postignes nesto no nemoj da misles deka taa neznae,i jas ucev vo sredno i profesorite znaea se sto se zboruva za nivnite kolegi a cim do sega nikoj nisto ne prezemal znaci nikoj i ne se zamara.Ti koga ke kazes tie ke izgledaat "zagrizeno" i moze i da odrzat eden cas po dobro odnesuvanje no nabrgi ke se zaboravi se,se dodeka ponizuvanata profesorka ne kaze deka e dosta na ponizuvanjata i ne stane stroga,
Искрено не ми е ни чудно ова што го прочитав. Секојдневно се среќавам со многу дрски работи во моето училиште но сепак ова ја прелева секоја чаша впрочем уште еден доказ за процентот на застапеност на домашна култура кај нас, денешниве генерации. Браво за постапката, ретко да сретнеш вакви луѓе кои мислат и се грижат за останатите а не само за себе.
Погоре искоментирав да си гледаш само за себе но денеска разговарав со моите соученици и сватив дека си потполно во право разговарај со класната директорот и ако сметам дека тие не се мутави да не забележат вие што не сте како нив покажетеи дека ја почитувате учете доста по нејзиниот предмет
Сликата кажува се.Порано самите родители не воспитуваа дека учителот ни е втор родител а сега за жал има и такви што ги охрабруваат своите деца на такво однесување со наставниците.Сум била и сведок на такво воспитување и се згрозив навистина бидејќи и јас некогаш ако ми стои среќата ќе бидам наставник и не треба многу за да го доживеам истото како колешката. Поштовање за темата @HarleyQuinn со ученици како тебе образованието се уште има иднина
И во мое време имаше една таква професорка. Жената од семејни причини имаше некое си психолошко пореметување а деца како деца осетија слабост и многу ја зафркаваа и малтретираа психички. Проблемот дојде до класната и таа најверојатно имаше разговарано за ова на наставнички и некако се протурка годината додека да се најде замена. Жената ја ставија нешто таму во администрација за да не изгуби работа. Но сега е малку потешко за таква варијанта. Ако по систематизација нема некое си измислено раб. место по администрација жената ќе ја изгуби раб. Ако и најдеш замена ќе треба да обезбедиш и средства од кај ќе ја плаќаш замената. Во секој случај директорот би требало да преземе некаква иницијатива. Доколку е психофизички здрава ќе мора да си најде начин да воспостави ред и мир на час, доколку не е реално да си бара чаре. Спојлер: сс Лани во едно училиште кај првачиња каде што учителката не можеше да воспостави контрола, додека не бидна голема беља не ја сменија и најдоа замена. Сега веќе е етикетирано тоа одд. како најлошо и невоспитано. Грешката ја гледам во директорот а не во децата или родителите. Ако знаеш дека учителката не ти е способна за работа чини и чаре а за да биде уште поголем гафот баш таа учителка бидна психолог на школо Вие ко клас би требало да го искажете проблемот на класната а таа понатаму да пристапи кон негово решавање или пак реагирајте кај тој одбор на родители што е, тие одат и на наставнички совет.
Не се согласувам, Цаци. Ако е така, дај сите учителки шо не им одговараат на ќеифоите на децата да ги смениме, а децата да нѝ седат размазени и невоспитани. Не се решава така проблемот. И родителите треба малку да се заинтересираат за воспитувањето на децата. Ајде сега на секој родител на којшто детето нема да му биде воспитано да му го земеме детето и да му најдеме замена за родители. Некогаш и наставниците не се семоќни, што не ги прави лоши педагози. Како што не се ниту родителите. Сум имала и јас секакви професори, па така ме воспитале што на памет не ми паднало да направам таква глупост и да ги понижувам.
Пред се’, многу ви благодарам на сите за поддршката Знам дека доцнам, но верувајте, од оправдани причини е. Вчера ја известив класната, по што таа само ми кажа дека тоа не било нејзина работа, и дека сум требала да се обратам кај директорката. Бидејќи ми кажаа дека директорката „немала време да се занимава со такви неважни работи (зарем ова е неважно???) ’’, ме пратија кај психологот во служба и откако и кажав што се случува, се преправаше дека запишува нешто во тефтер, ми кажа дека наводно сме биле првите (со другар отидов) кои се жалат околу ова, и дека повеќето од учениците се жалеле на неа дека била агресивна (воопшто не е), не знаела да предава (како може да предава покрај нив?), немала комуникација со учениците итн... Ми кажа дека ќе сторела нешто околу тоа, но знам дека лаже.
Ете видовме сите како заврши ова. Ова е пример за сите...ако те ,,толчат,, нема никој да ти помогне, напротив ќе те бутнат да се доудавиш.4 Не ми се верува. За ова треба јавно да се збори, има Министер за обазование, ама глупо е да тргнеш сама против сите.
Да ти се позлатат рацете што го напиша ова на еден мој наставник му го прават истото, тој многу им попушта да видиш што прават на час се слекват изводат јадат офф леле за жал за ваквите наставници јас и неколку другарки ке одиме кај директорката не можиме така да го гледаже пред еден ден плачеше на клупа сред час го навредија педер ваков таков
И кај нас истото се случува.Жал ми паѓа за наставничката.Сите и го прават истото ја маваат со книжина а кога таа ке се обиди да ги запиши тие и го земаат дневникот и го кријат.Наставничкава има некој семеен проблем па децава тоа го искоритуваат.Таа не можи ништо да направи.Еднаш си замина од час со плачење .И пцујат што не и прават.Еднаш и кантата на глава и ја ставија додека го запишуваче часот.Имаме кажано и на директорот а тој пак ги "уплаши" со тоа што им прати едно ливче на родителите дека ке бидат избркани од училиште доколку продолжат.И што се смирија една недела и потоа повторно со истото темпо