1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психичко насилство врз професор

Дискусија во 'Образование' започната од HarleyQuinn, 1 јуни 2015.

  1. Sweet Justice

    Sweet Justice Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Со донесувањето на законот за задолжително средно образование оваа појава (малтретирање на професори, па и соученици) особено зема замав. А, чаре јас мислам има, и тоа со разни методи може да се надмине ова: Еднаш, двапати повикај ги (задолжително со родител кај директор, двапати и трет пат бркање од на училиште). Инаку, наставничка дава отказ е надвор од здраво размислување (зарем таа најубавите младалачки години ги посветила на учење и наука за имбецили и дебили да се зафркаваат со неа???). Инаку и тоа е точно дека и професорите (особено класните не им помагаат на своите колеги професори, што е навистина фрапантно, тие повеќе се грижат за тоа синчињата (дебилчињата) на одредени влијателни родители да ги протуркаат со успех ,,добар" користејќи бефиции од тие родители.
    Инаку, ти честитам Harley Quinn што ја отвори тема, и јас сум таков тип што не поднесува вакви неправди.
     
  2. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Образованието е во криза поради тоа што наставниците и наставните институции изгубија дел од должниот авторитет, вредност и значење поради познатите политичко-економски прилики на балканските простори па од тука и во македонија инклузивно.
    Колку за споредба образованието во други делови на светот не е на исто ниво.
    Еве некои работи кои се различни.
    Државно и приватно образование.
    Првото по масовно и на слично ниво со тоа второто по квалитет на настава, но со лоша дисциплина.
    Државното образование на места( не секаде) се соочува со огромни предизвици и проблеми поради зачестените приватни тужби од родители(особено примарното) затоа што се такви за најмал конфликт помеѓу децата или пак недоразбирање доаѓаат со адвокати во школото и го тужат.(затоа што сметаат дека наставниците мора да најдат начин за успешна интеграција на поединците кои се различни од средината и затоа што за тоа земаат плата)
    Приватното на посолидни нозе.
    Затоа што има свој фонд од фамилии и фирми кои што традиционално вложуваат со донации во иднината на своите деца(некои од нив и по 1.5 мил долари секоја година-особено високото кое шти важи за привилегија а не можност за секого, но од друга страна е скапо)
    Тука не е дозволено никакво малтретирање и дисциплината е на воено ниво.(не се толерираат никакви нерегуларности поради реномето вековно-односно нема пардон за прекршителите и покрај тоа што нивната фамилија донирала големи суми на пари).
     
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Според мене, за психичко малтретирање на професор не може да има никакво оправдување, ама баш никакво, освен ако тој професор и самиот се изживува врз учениците. Дури и да била таа добра и попустлива, тие безобразни значи чекаат само да им се укаже прилика, идиоти што уживаат да малтретираат повозрасен човек, а притоа да не си го добијат, што секако и со закани ќе ја средат работава.
    Можеби претерувам, но такви ученици веќе си имаат некој проблем во главата.
    И на 17-18 години веќе треба да имаат развиено култура и почит спрема повозрасен. Но дури и возраста не може да оправдува. Како што спомнав погоре, се се случува на тие години во кои сум и јас сеуште, но самиот си има проблем ако ужива некого да малтретира.
    Имав една професорка во основно, млада, само што дојде да предава. Неколку безобразни од мој клас на час навредуваа, игнорираат ако им се обрати, а слушнав и дека пред школо ја пресретнувале и ја навредувале. И јас самата си имав проблем со тие идиоти, за кое она знаеше, и пробуваше да збори со мене и ме убедуваше да се пожалам.
    И не ми е гајле дали биле 30 души против мене, ако прават нешто што не ми се допаѓа, ќе им се спротивставам. Другари што немаат никаква почит спрема човек не фала не ми требаат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.