4та година сум и веќе имам ,,одлучено'' на кој факултет ке одам. Ке се запишувам на јазици затоа што та најмногу ми оди.Но,многуу сакам да учам психијатрија.Но кога ке спомнам,сите имаат некоја непротолкувана реакција.Од сестра ми добив мислење дека не сум била стабилна личност и првенствено не сум можела мој проблем да решам а не пак нечиј. Е сега психијатрите не решаваат проблеми туку им помагаат на луѓето сами да пронајдат решение познавајќи научно докажани факти за човековата психа.Од една страна не ми е гајле што мислат а од друга ми е. Што мислите за кариера како психијатар? Каде се може да се работи као психијатар освен приватно?
Во клиника за психијатрија можат да работат. Во врска со решавањето на проблемите, не ги гледај работите така. Јас студирам психологија и не очекувам дека јас никад во живот нема да имам проблем, дека ќе ми се решаваат туку така. Психијатрите работат и со препишување лекови и такви работи. Ако те влече тоа запиши, после се си доаѓа на место.
Окееј ми е мене таа професија ,доста интересна област за истражување која бара многу посветеност и учење .е сеа првенствено знаеш дека треба да идеш медицински факултет општо 5 години па после да специјализираш ,а психијатар преку ноќ тешко дека ќе станеш бара многу учење
Неостварен сон ќе ми остане ова. Одсекогаш сакав да бидам психијатар, но со моиве оцени нема шанси да успеам. Се откажувам.. Многу ми е криво, ми оди психологијата, искусна сум на моја возраст колку-толку. Ќе си пишам јазично (англиски).
ЦЕл живот сакам да бидам психијатар или слично. Но, кога ќе им кажам на другарките или слично, сите ме гледаат чудно. а веќе се прививкнав на тоа. Како некоја животна цел ми е. Почнав и да си ги анализирам наставниците, школските, домашните. Во Петокот школските цело време: Ај кажи нешто за овој, ај нешто за оној. Ако ги изнализирам нив има да се шекнат. Но, психологијата ќе ми остане неостварен сон, веќе се одлучив средно да одам гимназија, да продолжам на јазичен факултет. Сепа, ништо не се знае. Може да се сменат милион планови до тогаш. Ако останам на јазикот ништо нема да се случи. А за психијатар ако учам топ би било. Каде има психолошки факултет или како и да се вика ?
^ Мислам дека мешаш психијатрија и психологија. За да бидеш психијатар треба прво да завршиш општа медицина па потоа да специјализираш психијатрија. Психијатрите се доктори. Она што ти сакаш да бидеш е психолог. Постои во Скопје факултет за психологија, трае 3 години, имам пријателка која студира вели дека е прилично добро.