Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психијатриска болница

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 22 март 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    167.939
    Пол:
    Женски
    Во Институтот Алтернатива имаш семејни терапевти. Можеби не специјализирани за насилство, не знам дали некој е насочен доминантно за то, ама се специјализирани за работа со семејства. Јави им или пиши им нив, па ќе те насочат кај кој нивни терапевт е најдобро.

    Ова е семејна терапија. Се инсистира да се вклучи цело семејство во процесот. :D
     
    На tanjita и Floris им се допаѓа ова.
  2. Floris

    Floris Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам :f::u:
     
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека од докторката не треба да криеш ништо, кога ќе одиш со син ти на терапија побарај да разговараш на само со докторката, и објасни и ја целата ситуација, ако има потреба и нека го задржат во болница.
    Јас кога одев со брат ми, и пред него се кажував на докторката, тоа е нормално после се лутеше ама она со разговор го смируваше, кога ќе кажеш како е реалната слика она така и ќе реагира, а чим е насилен најдобро е да го задржат во болница некое време.
     
    На Floris и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Floris

    Floris Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам многу , и многу ми значи вашето мислење !

    Кај мене ситуацијата се комплицира со тоа , што и маж ми го поддржува нашиот син ( спрема таткото син постапува не е толку агресивно , попретпазлив е спрема таткото ) и маж ми , ми врши притисок за да ќутам , али дома како може да ескалира ситуацијата..? За маж ми , јас не сфаќам како он може така да се однесува спрема ситуацијата во фамилија ?
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    @Floris ја мислам сама да одиш кај докторката, и да и` кажеш се`.Затоа што не е фер да трпиш насилство и да ќутиш.Ако ти е дете, не значи тоа дека може да ви се качува на глава, да вришти да се корне.
    Седни и кажи и` сесе.И кажи и` зашто досега не си и` кажала.А детето јаубаво запишете го на некој спорт или боречка вештина.Јас имам многу проблеми со бесот.И дома ми се случувало да имам жута минута, па и да им се издерам на моите и да тресам глупости.Ама за да не пијам терапии и глупости, си наоѓам издувни вентили.
    Сфаќам како е, некои луѓе не можат да се контролираат, ја со години работам на тоа.Порано повеќе испади имав, се случуваше и да истепам некој, дали машко дали женско кога ќе ми преречеа или ќе ме испцуеа,Ама со текот на годините како растам и хормоните ми се смирија, и си работам на себеси, избегавам стрес колку можам, кавги, гледам на позитивни работи.
    Иначе маж ти не знам зашо го поддржува, т.е можене го поддржува ама неќе да го кара пред тебе за да не резултира со ескалација.Ама тоа е уште полошо пошто на син ти од муж ти му фуфка,а од тебе не.Шо не значи дека треба на глава да ти се качи.Или сите заедно идете на семејна сеанса.Ама за проблемов да се среди, треба прво детето да е свесно дека тоа шо го праи не е добро, дека е ризичен за вас, дека ве повредува и унесреќува.Ако го терате со сила, ко шо би рекол Петар грашак ,,ме спакува мајка ми и ме донесе" нема да мрднете од селпа точка
     
    На Floris му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека причината зошто само спрема тебе е агресивен, а и не спрема татко му, е поради тоа што ти го носиш на психијатар и он тебе те гледа како непријател или како да го правиш ментален, бидејќи ретко тој што е болен психички може да признае дека е навистина болен, а додека татко му го поддржува и он него го гледа како 'заштитник'.
    Ти треба да разговараш со сопругот и да му кажеш дека таквиот пристап е погрешен, и двајцата да работите на тоа детето да се врати во нормала, обично со агресивните личности треба многу смирено однесување, во превод "магарето лета ли, да лета", за ситуацијата да не ескалира. Ако болеста не се третира навремено и правилно само може полошо да станува, и недај боже во момент на афект да повреди некого или себе си, дома е потешко да се третира, затоа ако е стварно неподносливо и е толку насилен мора да побараш да го задржат во болница, таму ќе разговараат со него и на време ќе ги пие лековите па побрзо ќе се среди.
     
    На Mumoftwo30, cresa-jagoda, Floris и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Floris

    Floris Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам многу ! Вие имате Големо Срце и ги најдовте прави зборови ! Ми помогнавте !
    Да ви даде Господ здравје и среќа!:l::u:
     
    На Snowflake97 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Floris

    Floris Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам на одговорот ! Навистина ми дадовте сила за да продолжам и понатаму да го лекувам син ми , иако не е едноставно ..Да ви даде Господ Здравје и среќа!
    Јас истото мислнење го имам - син ми треба да ја прима терапијата , затоа што , не дај боже, може и да повреде некого ...
    Со маж ми јас - разговарам , али кај нас оваа Агонија со синот трае веќе известно време , и маж ми како да не сака да прифати дека синот има проблем , дека без терапија - нешто лошо може да се случи..
    Незнам , али маж ми верува дека синот неможе нешто лошо да направи ... али синот правеше ...
    Маж ми како да е слеп , и јас не можам да го убедам ... :u::f:
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    А колку време има како е агресивно детето, која е причината за тоа и колку години има?
    Јас знам многу добро дека не е лесно, бидејќи го поминавме веќе тој пат со брат ми.
    А тоа со маж ти не ме чуди, бидејќи кај нас сите психички болести се занемаруваат.
     
    На Floris му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Floris

    Floris Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Драго мои е што каj вас се е во ред.
    Вашите зборови ме охрабруваат.
    Али jas gledam podolgo vreme- deka maz mi si misli ako nie si cutime, situacija so sinot Sama (?)ce se sredi, ce se stabilizira..
    Jas mislam deka toa e timska rabota, koga sme site zaedno- samo na takov nacin moze da se resi situacijjata..
    Osecam, deka uste nekoj , I'd instituciite treba da razgovara so Nas..Eve mi preporacaa Institutot Alternativa, ce vidam kako I sto..
    I ovie vasi zborovi, poruki - Golema Pomos e za mene! ❤
    Poddrska vo ovoj moment- toa e kako del od celokupnata terapija! I mnogu e bitna...
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Некој искуство со психијатарот Марија Ралева од Скопје?
     
  12. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Ако ги вадите вашите блиски од институција ризикувате дома да бидете нападнати или самиот пациент да се самоповреди. Не се пациентите криви (вашите блиски) што ве напаѓаат, криви сте вие што не дозволувате да се лечат. Во Скопје на психијатрија бев сведок на девојка која сакаше да се самоубие а мајка и не дозволи престој и потпиша дека нема да лежи девојчето. Да сум некој фактор во државава ќе донесам закон за престоите во институција да одлучуваат доктори, не родители.
     
    На Angie1432 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    А па докторите едни способни…
    Тие дабетер
     
  14. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Епа остај те ги таквите без лечење и не се чудете кога на тв ќе видите Х човек уби сосед, брат, мајка. Ако не се тие доктори замисли кој хаос би настанал во човештвото. Секакви психијатри имам запознаено, би рекла дека не се заинтересирани, а имаат големо знаење и стручност.
     
    На sj *O*, Fancy_Nency 22 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите ова е мошне интересна тема и сакам да го споделам моето лично искуство.

    Се работи за клиника за психијатрија која е дел од клинички центар во Скопје веднаш спроти МВР, објектот е зграда на три спрата плус приземје.
    Јас таму имам одено во дневна болница точно 6 месеци по три пати во недела.
    Поради одреден стрес и панични напади извадив упат од матичен доктор за таа клиника и таму ме примија одма за истиот ден на преглед. Бидејќи бев видно вознемирен ми предложија доаѓање во дневна болница. Дневна болница е од отворен тип значи се оди неколку пати неделно од сабајле, прво се собираат сите и се врши колективен разговор со психијатар сите имаат свое време да објаснат како се и да бидат прашани, при што медицинска сестра води картон за тоа како оди лечењето за секој поединечно.
    Потоа се прави мала пауза и се оди на втор разговор со психолог или соц. работник каде исто се дискутира и секој има свое време да зборува. На крај ако има измени во терапија се чека после втора пауза мед. сестра да ви донесе терапија која ќе ја пиете дома. Некои пациенти на почетокот пијат во дневна болница кога ќе стигнат за да бидат од таму сигурни дека ќе бидете доследни.
    Значи дневна болница е лекување од отворен тип и се одвива во приземјето на зградата каде има и друг дел за вршење на прегледи за луѓе со термини.
    Околу зградата значи тоа е психијатрија и има и затворен тип на лекување значи одделенија кои се три на секој спрат по едно. Првите две се за возрасни и ги делат според дијагнози и на трети спрат се за деца. Тие се затворени делови како секаде во цел свет значи пациентите седат во соби и не излегуваат додека не се подобри состојбата и прозорите се со решетки и нема излегување надвор. Значи ова е принцип за акутно и сериозно психичко оболување што бара тоа се вика хоспитализација на пациент по неколку недели.
    Таму запознав доста луѓе повеќето со мали психички проблеми но и некои што боледуваа од шизофренија што е тешка дијагноза доаѓаа во дневна болница откако лежеле 1 месец при што им се подобрила сликата.
    За персоналот можам да кажам дека сите беа коректни и професионални, иако некогаш докторите брзаат и ако имаш потреба од дополнителна консултација слушаат околу 5 мин, искуството мене ми е добро.
    Откако ми завршија 6 месеци што е макс. одење во дневна болница ме отпуштија со дијагноза и терапија и одев на контрола на две недели или месец дена по што по некое време поминато ми се подобри ситуацијата и престанав да одам.
    Исто така за ургентни или инти потреби во ноќно време во влезот на зградата има копче таму се ѕвони и има дежурен психијатар што ги врши прегледите.
     
    На sj *O*, Meddy, tambelina и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Marija15555555

    Marija15555555 Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Помош. Израснавме во дисфункционално семејство и јас и брат ми каде што секојдневно имаше расправии и семејни насилства врз мајка ми. Мојот брат кој што е 33 години е многу истрауматизиран од сите овие настани и само седи дома на компјутер. Нема никаков социјален живот и е многу агресивен и постојано ни прави проблеми. Прашањето ми е каде да се обратам дали на психијатар или во психијатриска установа ова виќе не се трпи.
     
  17. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.936
    Допаѓања:
    4.823
    Пол:
    Женски
    Мора тој да сака да оди или со полиција да го прегледаат и ќе одлучат за што е
     
  18. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Машки
    Здраво Марија, жал ми е за вашиот проблем можам да кажам имате две опции.
    Едната е доброволна другата присилна. Најдобро е доброволно, можете со упат препорачувам Клиника за Психијатрија при Клинички центар Скопје или пак доброволно на ургентен преглед во влезот на зградата има прием.
    Другата опција е насилно спроведување со полиција да се пријави се носи каде ќе одлучат они и се прави одма преглед и најверојатно задржување за болничко лекување.
    Мој совет е доброволно да се проба.
    А клиника за психијатрија има добри доктори и е како и секпја друга клиника не е ништо страшно нити чудно да се обави преглед и евентуално лекување таму.
    Докторот ќе каже може само да препише терапија и да оди на контрола, може да доаѓа во дневна болница ако е од Скопје и истиот ден си оди дома или да биде задржан неколку недели да се лечи во затворените простории на психијатрија.
     
  19. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Ако веќе пациентот е со тешка дијагноза, да. Во овој случај полицијата може да го прибере за да му акне пријава за семејно насилство , или во краен случај да го спикаат притвор. Тешко дека ќе го приберат на психијатрија само поради тоа што е агресивен. Решение е да се пријави доброволно , со упат.
     
  20. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Машки
    Значи вака, знам лично добро многу случаи и во законот е јасно предвидено агресивни случаи ако се пријават во полиција и се побара нивно спроведување на лекување се носат или на клиника или во Бардовци.
    Сепак темава не е за полиција повеќе за тоа што може да помогне психијатриската установа.
    Затоа реков најдобро е доброволно на клиника или евентуално може и на приватен психијатар само тоа ќе чини повеќе.
    Е понатаму се отвараат други проблеми ако има терапија треба да се пие редовно ако е некој агресивен може да не ја пие и затоа постои и затворено лечење на психијатрија.
     
    На Snowflake92, Mikha4 и Angie1432 им се допаѓа ова.